1220-ти

десетлетие
< 1210-ти1220-ти1230-ти >
1220122112221223122412251226122712281229

1220-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1220 година и завршила на 31 декември 1229 година.

Настани

1220

1221

1222

1223

1224

1225

  • Тевтонските витези се протерани од Трансилванија, поради нивната закана за освојување од Унгарија.
  • Големата повелба е потврдена (по третпат) од Хенри III[9]
  • Илтутмиш, султанот на Делхи, го одбива Монголскиот напад.
  • 27 јули - изградена е катедралата во Висби.
  • За првпат се споменува округот Герсдорф.
  • За првпат се споменува Кроствиц.
  • За првпат се споменува Минхеберг.
  • Основан е францискански манастир во Кириц.
  • Царот Фридрих II одлучил да замине во крстоносен поход, се оженил по вторпат, со Изабела, ќерка на ерусалимскиот крал Јован Бријен, по кое се прогласил и самиот за ерусалимски крал.
  • Во Монферато, Вилијам VI го наследил неговиот син Бонифациј II.
  • Ослободен е Валдемар Дански според соборот во Франкфурт. Според договорот, Валдемар Дански морал да учествува во крстоносниот поход и да го предаде управувањето на кралството.
  • Епископот на Рига Алберт, од страна на германскиот крал Хенрик, право над Маркгрофовија Летонија и Естонија.

1226

  • Папа Хонориј III го екскомуницирал Ремон VII од Тулуза.
  • Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[10]. Луј VIII го освоил Авињон.
  • 8 ноември - Луј IX започнува да владее, по смртта на Луј VIII.
  • Кралот Саншу II Португалски започнува голема офанзива против муслиманите и го зазема градот Елвас[11].
  • На градот Нанитон му е доделен статус на трговски град од страна на кралот Хенри III.
  • Во Норвешка, Роберт ја пишува Saga Af Tristram ok Ísodd, една од ретките целосно преживеани верзии на легендата за Тристан и Изолда[12]
  • Поради стравот од моќта на Ломбардија, Фридрих II, цар на Светото Римско Царство, ги натерал да го обноват својот сојуз како би се одржал мирот според договорот од Констанца. Царот истовремено им ги одзел и нивните привилегии.
  • Во југоисточнна Индокина, Јаја Парамесвар-Аварман II е крунисан за крал и повторно неговото Кралство Чампа се осамостоило.
  • Џингис-кан организирал поход за да го казни непослушното вазалско кралство на Тангутите.
  • За првпат се споменува градот Рајнбек.
  • Фридрих II го прогласува градот Либек за слободен царски град.
  • За првпат се споменува градот Гревесмилен.
  • Војводата Хајнрих I на градот Лебус му доделува статус на град.
  • Основан е манастирот во Прец и е доделен на монасите.
  • Изградени се градските ѕидини на Дутинхем, денешна Холандија.
  • Биоград на Море е споен со епархијата Скрадин.

1227

  • Јануари
    • Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
    • * Хенри III станува полнолетен и го презема престолот на Англија[13].
  • 11 јануари - За првпат се споменува градот Пожега, во Повелбата на Андреј II Унгарски.
  • март - Англија склучува примирје со Франција.
  • 19 март - Папа Григориј IX го наследува Папа Хонориј III, како 178-ти папа.
  • 24 ноември - Убиен е принцот Лешек Белиот, Голем војвода на Полска, за време на собрание на полските властелини во Гонсава.
  • Новиот папа го присилил на Фридрих II, цар на Светото Римско Царство да го почитува договорот за започнување на крстоносна војна. Царот својот поход го започнал од Бриндизи, но поради голема епидемија тој се вратил, поради што бил екскомунициран.
  • Во Алмохадскиот калифат починал Абу Мухамад Абд Алах ел-Адил, и бил наследен од страна на ел-Мутасим.
  • На Јава починал Ангрок, по кое власта ја презел неговиот син Анушапати.
  • Основан е Валкенридскиот манастир.
  • Хајлбад Хајлигенштат ги добил правата на град од надбискупот на Мајнц.
  • Данците се поразени во Битката кај Борнхеовед кое довело до загуба на територии населени со Германи и Словени.
  • Основена е Династија Верле од страна на Никола I.
  • Пронајдени се најстарите пишани податоци за селото Таор.
  • За првпат се споменува селото Бистрица (Велешко).
  • Теодор Комнин Дука, епирскиот деспот, го освоил градот Одрин.
  • Градот Куресаре е освоен од Ливонското братство на мечот на чело со Волквин[14].
  • Ханза добила статус на слободен царски град.

1228

  • 25 април - Конрад IV станува титуларен ерусалимски крал, со Фридрих II како регент.
  • 28 јуни - Крстоносците се собираат во Бриндизи на чело со царот Фридрих II, за започнување на Нова крстоносна војна.
  • Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство, заедно со Јован Бриен како регент.
  • Трансилванискиот град Регин се споменува за првпат во Повелбата на Андреј II Унгарски.
  • Шпанија: Кралот Јаков I започнува голема офанзива против муслиманите во Мајорка. Истата година, Мурсија е соочена со зголемување на христијанскиот притисок, а Ибн Худ ел-Јамади ги осудува Алмохадите и ги признава Абасидите како легитимни калифи, кои всушност прогласуваат независност[8]. Други познати христијански успеси: Алфонсо IX Леонски ја освојува Мерида[11].
  • 16 јули - Свети Францисо Асиски е канонизиран од папа Григориј IX.
  • Прв доказ дека Темпларите му дале паричен заем на Хенри III[15].
  • Населението на Болоња на чело со Џузепе Тоскиски, започнале востание против аристократијата и наметнале демократски реформи.
  • Дален (Саксонија) добива градски права.
  • Абу Закарија ја основа Хафсидската династија во Ифрикија (денес Тунис).
  • Сукафа, првиот цар на Ахом, го воспоставува своето владеење во Асам. Кралевите на Ахом владеат близу 600 години.

1229

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица