14 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

14 декември — 348-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(349-и во престапна година). Остануваат 17 денови до крајот на годината.

Настани:

1782 За првпат полетал балонот на браќата Монголфје.
1911 Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
1955 Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.
1964 Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.
1994 Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.
1995 Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.

Родени:

1503 Нострадамус — француски јасновидец.
1546 Тихо Брахе — дански астроном.
1564 Вилем Класон Хеда — холандски сликар.
1854 Војтех Хинаис — чешки сликар и дизајнер.
1870 Карл Ренер — австриски претседател.
1895 Џорџ VIкрал на Велика Британија.
1895 Пол Елијар — француски поет.
1897 Курт Шушниг — австриски политичар.
1901 Павлекрал на Грција.
1934 Ружица Сокиќ — српска и југословенска глумица.
1938 Игнатие Богдановски — македонски политичар.
1942 Драго Млинарец — хрватски рок-музичар, член на Група 220.
1946 Стен Смит — американски тенисер.
1946 Џејн Биркин — англиско-француска глумица и пејачка.
1947 Светлана Бојковиќ — српска и југословенска глумица.
1947 Дилма Русев — претседателка на Бразил.
1951 Јан Тиман — холандски шахист.
1952 Џон Лури — американски џез-музичар, глумец и сликар.
1956 Хани Венцел — скијачка од Лихтенштајн.
1960 Крис Водл — англиски фудбалер.
1962 Реџеп Реџеповски — македонски и југословенски боксер.
1965 Аљоша Асановиќ — хрватски фудбалер.
1970 Ана-Марија Јопек — полска џез и поп-пејачка.
1970 Владимир Грбиќ — српски и југословенски одбојкар.
1979 Мајкл Овен — англиски фудбалер.
1979 Софи Монк — австралиска пејачка и глумица.
1985 Јакуб Блашчиковски — полски фудбалер.
1986 Андреј Зејц — казахстански велосипедист.Евгенија Образцова — руска балерина.
1995 Алваро Одриозола — шпански фудбалер.
1996 Рафиња — бразилски фудбалер.

Починале:

872 Адријан IIримски папа.
1788 Карлос III крал на Шпанија.
1799 Џорџ Вашингтон — американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797).
1861 Алберт Саксокобургготски — сопруг на британската кралица Викторија.
1940 Марија Георгиевна — принцеза на Грција.
1957 Јозеф Лада — чешки сликар и писател.
1974 Волтер Липман — американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања.
1983 Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1989 Андреј Сахаров — советски физичар, дисидент и нобеловец.
1997 Џовани Ањели — „некрунисан крал“ на концернот FIAT и негов целокупен наследник.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица