2 век п.н.е.

век
< 3 век п.н.е.2 век п.н.е.1 век п.н.е. >
12345678910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
919293949596979899100

2 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 200 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 101 г. п.н.е.

Источната полутопка на почетокот од 2 век п.н.е.
Источната полутопка на крајот од 2 век п.н.е.

Овој период се смета за дел од класичната антика, иако за разни региони тој се именува со разни термини. Тој исто така се смета за крај на Аксијското доба.[1] Во контекст на источниот Средоземје, овој период се нарекува хеленистички период.

Брзо по победите во Втората Пунска војна, Римската република продолжила со ширење на своите територии во околните региони. Таа ја анектирала Грција и го освоила северниот брег на Африка по победата и потполното разорување на Картагина во Третата Пунска војна.[2] Влијанието на Рим се почувствувало и на Блискиот Исток каде ослабнатите Хеленистичките држави, како на пример Селевкидската империја, биле принудени да склучуваат мировни договори под римски услови за да избегнат конфронтација со новите господари од западното Средоземје. Крајот на овој век бил обележан со реформите во римската војска, која од армија регрутирана од римскиот народ станала армија на професионални, доброволни воени единици. Реформите биле под водство на истакнатиот генерал и државник Гај Мариј (Мариевски реформи).[2]

Во Јужна Азија, Мауријското царство во Индија пропаднало кога нивниот последен император, Брихадната, бил убиен од Мауријанскиот генерал Пушјамитра Шунга кој потоа ја основал династијата Шунга.

Во Источна Азија, Кина го достигнала врвот со владеењето на династијата Хан.[3] Ханската империја ги проширила своите граници од Кореја на исток до Виетнам на југ, а на запад сè до границите на денешниот Казахстан. Исто така, во овој век Кина го испратила својот истражувач Џан Циен да ги истражи териториите на запад од Кина и да склопи сојуз со централноазискиот народ Јуеџи за борба против номадите од Хунну.[4]

Настани

Биста на Антиох IV

190-ти п.н.е.

  • 198 п.н.е.: Битка кај Паниум: Антиох III од Селевкидската империја го поразил Птоломеј V од Египет и ја презема контролата врз Келесирија и Јудеја.
  • 197 п.н.е.: Тит Квинциј Фламинин го победил Филип V Македонски во Битката кај Киноскфела.
  • 196 п.н.е.: Антиох III го покорил западниот дел од Мала Азија и Тракија што сериозно влијаело на односите со Рим.
  • 196 п.н.е.: Погубувањето на Хан Ксин од царицата Лу довело до побуна од Јинг бу.
  • 195 п.н.е.: Лаконската војна, наречна уште и војната против Набид, го одбелжала крајот на моќта на Спарта во Грција.
  • 195 п.н.е.: Царот Хан Гаоџу починал, а бил наследен од неговиот син Хуи, но вистинската власт ја држела царицата Лу.
  • 194 п.н.е.: Виман ја основал државата Виман Чосон во Кореја.
  • 192 п.н.е.: Антиох III ги нападнал Грците,со што започнала Римско-сиријската војна.
  • 192 п.н.е.: Бајју или Ју кралството било основано во Џеѓанг (кинеска провинција) со кинеска поддршка.
  • 191 п.н.е.: Битката кај Термопилите била за време на Римско-сиријската војна, кога римската војска предводена од Маниј Ацилиј Глабрион ја победила селевкидската војска предводена од Антиох III и го протерале од Грција.
  • 190 п.н.е.: Битката кај Магнезиј: Рим и Пергам го протерале Антиох III од Мала Азија.
Мурал од гробницата на Лиу Ву, чија држава била во центарот на Бунтот на седумтте држави

180-ти п.н.е.

  • 189 п.н.е.: Галатијска војна: римскиот војсководец и конзул Гнеј Манлиј Вулзон ги победил Галатијците.
  • 188 п.н.е.: Починал царот Хуи од Хан, а царицата Лу останала на власт.
  • 185 п.н.е.: Птоломеј V го победил фараонот Анкхмакис и завладеал со Горен Египет.
  • 185 п.н.е.: Пушјамитра Шунга го погубил последниот цар на Мауријското царство и ја оснивал Шунга династијата.
  • 183 п.н.е.: Чеј Ву од Нам Виет се самопрогласил за император и ја нападнал Кина.
  • 180 п.н.е.: Политички немири во кланот на царицата Лу се јавиле по нејзината смрт, а ја наследил имераторот Вен од Хан.
  • 180 п.н.е.: Деметриј I од Бактрија ја нападнал Индија, што водело до основање на Индо-грчкото кралство.
Кована пара со ликот на Менандар I, индо-македонски крал на Пенџаб

170-ти п.н.е.

  • 179 п.н.е.: Тибериј Семпрониј Грах ја завршил Првата келтибериска војна.
  • 179 п.н.е.: Чеј Ву од Нам Виет склопил мир со Кина.
  • 176 п.н.е.: Јуеџи ги нападнале Хунну.
  • 175 п.н.е.: Антиох IV Епифан го презел престолот во Сирија по убиството на својот брат Селевк IV Филопатор, кој законски му припаѓал на неговиот внук Деметриј I Сотер.
  • 174 п.н.е.: Хунну ги поразиле Јуеџи кои биле принудени да мигрираат во долината на реката Или.
Биста на Клеопатра II или III

160-ти п.н.е.

Традиционален портрет на царот Ву од Хан во древна кинеска книга

150-ти п.н.е.

  • 158 п.н.е.: Хунну ја нападнале северна Кина.
  • 157 п.н.е.: Починал царот Вен од Хан, а бил наследен од неговиот син Јинг.
  • 155 п.н.е.: Лузитаните ја почнале Лузитаниската војна против Рим.
  • 154 п.н.е.: Келтиберите од Нумансија почнале војна против Рим.
  • 154 п.н.е.: Лиу Пи го водел „Бунтот на седумте држави“ против царот Џинг од Хан и бил поразен.
  • 152 п.н.е.: Александар I Балас се побунил против Деметриј I Сотер потпомогнат од Јонатан Апфус (Макавеј).
Посидиниј, грчки астроном, географ, филозоф и историчар

140-ти п.н.е.

130-ти п.н.е.

  • 139 п.н.е.: Убиството на Виријат го означил крајот на Лузитаниската војна.
  • 139 п.н.е.: Митридат I од Партија го победил селевкидскиот цар Деметриј II Никатор и ја освоил Вавилонија.
  • 138 п.н.е.: Инвазијата на царството Мињуе врз источниот Оу ја поттикнала кампањата на Хан против нив.
  • 135 п.н.е.: Инвазијата на царството Мињуе врз Нам Виет довело до освојување на неговиот западен дел од страна на Кина.
  • 135 п.н.е.: Робот Еун го почнал Првата робовска војна против римската власт.
  • 133 п.н.е.: Атал III од Пергам починал, а своето кралство го оставил во наследство на Римската република.
  • 133 п.н.е.: Царот Ву им направил заседа на Хунну, со што почнала војната меѓу нив.
  • 133 п.н.е.: Убиството на Тибериј Грах.
  • 133 п.н.е.: Публиј Корнелиј Сципион победил при Опсадата на Нуманција, го уништил градот и ги покорил Келтиберите.
  • 132 п.н.е.: Политичките превирања во Александрија довеле до граѓанска војна меѓу Птоломеј VIII и Клеопатра II.
  • 130 п.н.е.: Грчкиот астроном и математичар Хипарх, изумителот на тригонометријата, ја пресметал прецесијата на месечината и сонцето и го создал првиот разбирлив ѕвезден каталог.

120-ти п.н.е.

  • 129 п.н.е.: Битката кај Екбатан била меѓу селевкидската војска под кралот Антиох VII Сидет и партијската војска под кралот Фарат II.
  • 127 п.н.е.: Хиспаосин од Харакена ја зазел Вавилонија.
  • 126 п.н.е.: Птоломеј VIII повторно ја освоил Александрија.
  • 125 п.н.е.: Џан Циен се вратил во Кина по долгогодишно истражување на западните области.
  • 124 п.н.е.: Артабан II од Партија бил убиен во борба со Јуеџи и бил наследен од неговиот син Митридат II.
  • 122 п.н.е.: Митридат II од Патрија повторно ги ставил под контрола Вавилонија и Харакена.
  • 121 п.н.е.: Убиството на Гај Грах.

110-ти п.н.е.

  • 113 п.н.е.: Кимбрите и Тевтоните стигнале до бреговите на Дунав во Норик, судирајќи се со римските сојузници со што започнала Кимбриската војна.
  • 112 п.н.е.: Елиминацијата на ко-регентите на Југурта од Нумидија ја разгорела Југуртинската војна со Рим.
  • 111 п.н.е.: Борбите за превласт во Нам Виет довеле до нивно освојување од страна на Кина со што почнала Првата кинеска доминација на Виетнам.

100-ти п.н.е.

  • 109 п.н.е.: Кина го освоила Диан.
  • 109 п.н.е.: Кралот Угео од Гојосеона го убил кинескиот дипломат, со што почнала војната со Хан династијата.
  • 108 п.н.е.: Кинеските војски го уништиле Вангеом сеонг, главниот град на државата Виман Чосон и ги основале Четирите покраини на Хан за управа на северниот дел од Кореја.
  • 107 п.н.е.: Римскиот конзул Гај Мариј ги спровел реформите во римската војска.
  • 106 п.н.е.: Гај Мариј и Сула ја завршиле Југуртинската војна.
  • 105 п.н.е.: Во Битката кај Аравзија, Кимбрите и Тевтоните ја уништиле римската војска.
  • 104-101 п.н.е.: Во Војната на рајските коњи, Кина го победила Дајуан, но со големи загуби.
  • 104 п.н.е.: Масовна манумисија довела до Втората робовска војна во Сицилија.
  • 102 п.н.е.: Гај Мариј ги победил Тевтоните во Битката кај Аква Секстија.
  • 101 п.н.е.: Гај Мариј ги победил Кимбрите во Битката кај Верцела, со што завршила Кимбриската војна.

Личности

Катон Постариот
Кована пара со ликот на Антиох III
  • Андриск, последниот независен владетел на Македонија
  • Антиох IV Епифан, последниот владетел на Селевкидската империја
  • Антиох VII Сидет, последниот крал на обединетата Селевкидска империја
  • Апиј Клавдиј Пулхер, римски конзул и цензор
  • Боиорикс, крал на Кимбрите
  • Гај Семпрониј Грах, римски политичар
  • Гај Мариј, римски политичар и генерал
  • Царот Ву од Хан, седми император на династијата Хан кој ја зацврстил и проширил моќта на Кинеското царство
  • Јонатан Апфус (Макавеј), прв самостоен владетел на Јудеја, еврејски првосвештеник и водач на еврејските бунтовници против Селевкидската империја
  • Јуда Макавеј, еврејски свештеник и еден од најголемите генерали во еврејската историја, водач на Макавејската буна
  • Квинтиј Лутациј Катул, римски генерал
  • Ли Гуанг, кинески генерал
  • Луциј Емилиј Паул Македонец, римски политичар и војсководец
  • Луциј Корнелиј Сула, римски генерал и политичар
  • Луциј Мумиј Ахаик, освојувач на Коринт
  • Марко Порциј Катон Постариот, римски политичар, писател и историчар
  • Персеј, последниот крал на Македонија и Антигонидската империја
  • Публиј Корнелиј Скипион Емилијан, римски војсководец и освојувач на Картагина
  • Тевтобод, водач на Тевтоните
  • Тибериј Грах, римски политичар и државник
  • Хуо Чупинг, кинески војсководец кој војувал заедно со царот Ву
  • Џан Циен, кинески дипломат и истражувач

Литература

Тит Макциј Плавт
  • Аполодор од Атина, грчки писател, граматичар и историчар
  • Бион од Смирна, грчки поет
  • Гај Луцилиј, римски писател и сатиричар
  • Квинт Ениј, римски поет
  • Мохо, грчки поет
  • Марко Пакувиј, римски поет
  • Плавт, најпознатиот писател на комедии во римската книжевност
  • Публиј Теренциј Афер, по Плавт втор најпознат писател на комедии во римската книжевност

Наука и филозофија

  • Аполониј од Перга, грчки геометар и астроном
  • Диоген од Вавилон, грчки филозоф
  • Зенодор, грчки математичар
  • Карнеад, грчки филозоф
  • Кратет од Мал, грчки граматичар и филозоф
  • Лиу Ан, кинески географ
  • Панетиј, грчки филозоф
  • Полибиј, грчки историчар
  • Посејдониј, грчки филозоф, географ, астроном и историчар
  • Селевк од Селевкија, хеленистички астроном
  • Сима Циан, кинески историчар
  • Хипарх, грчки астроном и математичар, основач на тригонометријата
  • Хипсикле, грчки математичар и астроном

Откритија

Екваторски прстен на Хипарх
  • Кинезите за првпат во историјата направиле хартија.
  • Бил воспоставен Патот на свилата меѓу Европа и Азија.
  • Хипарх, изумителот на тригонометријата, ја пресметал прецесијата на месечината и сонцето и го создал првиот разбирлив ѕвезден каталог.
  • Според преданието, Лиу Ан го пронашол тофуто.
  • За првпат бил употребен како градежен материјал римскиот бетон.
  • Грчкиот историчар Полибиј опишал систем за испраќање на сигнали за брза комуникација на големи растојанија.
  • Најрано откриен модел на земјоделска справа за веење е насликана во гробница од времето на Хан династијата.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица