Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.013 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Алзасрегион во Франција чијашто територија зафаќа површина од 8.280 км2 и со тоа е најмал во континентална Франција. Тој е исто така и еден од седумте најгусто населени региони во Франција и трет по густина на население во континентална Франција, со околу 220 жители на km2 (вкупно население во 2006: 1.815.488; 1 јануари 2008 се проценува на: 1.836.000). Алзас се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас политички е еден од најзначајните региони во Европска Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на 17 век под власта на кралевите Луј XIII од Франција и Луј XIV од Франција како една од поранешните француски провинции. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како империска провинција Алзас-Лорен, 1871–1918) била оспорена во 19 и 20 век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Подземен пешачки премин во Внатрешниот Град на Виена, околу Виенската државна опера.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Црна Гора сликана од планината Сминица, Егејска Македонија
Црна Гора сликана од планината Сминица, Егејска Македонија
На денешен ден…

Денес е 21 мај 2024 г.

Настани:

996 Шеснаесетгодишниот Отон III е прогласен за Свет римски цар.
1871 Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
1881 Основан е Американскиот Црвен крст од страна на Клара Бартон.
1904 Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
1927 Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1932 Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
1945 Венчавка на американските глумци Хемфри Богарт и Лорен Бекол.
1956 Американците ја пуштиле нивната прва водородна бомба во Тихиот Океан.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
2003 Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица.
2006 На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од сојузната држава Србија и Црна Гора.


Родени:

1471 Албрехт Дирер — германски сликар.
1527 Филип IIкрал на Шпанија.
1688 Александар Поуп — англиски поет.
1792 Гаспар Гистав Кориолис — француски математичар.
1921 Андреј Сахаров — советски физичар, добитник на Нобеловата награда.
1923 Васко Караџа — македонски писател.
1933 Морис Андре — француски трубач.
1946 Боба Стефановиќ — српски и југословенски пејач и композитор на забавна музика.
1959 Ник Касаветес — американски глумец.
1960 Владимир Саљников — советски пливач.
1968 Јован Манасиевски — македонски политичар, претседател на Либерално-демократската партија.
1986 Кристијан Траш — германски фудбалер.
1986 Марио Манџукиќ — хрватски фудбалер.
1986 Даниел Прањиќ — хрватски фудбалер.
1988 Марио Манџукиќ — хрватски фудбалер.
1986 Адел — англиска пејачка.
1989 Жорди Алба — шпански фудбалер.
1992 Порту — шпански фудбалер.

Починале:

1471 Хенри VIкрал на Англија.
1639 Томазо Кампанела — италијански филозоф, теолог и поет.
1903 Парашкев Цветков — бугарски револуционер.
1949 Клаус Ман — германски писател.
1991 Раџив Ганди — премиер на Индија
1998 Манол Пандевски — македонски историчар.
2002 Слободан Мицковиќ — македонски есеист, критичар, романописец и преведувач.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич