阳金虎年 (машко железо-тигар) 1357 или 976 или 204 — до — 阴金兔年 (женско железо-зајак) 1358 или 977 или 205
1231 (MCCXXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1231 година од новата ера, 231. од вториот милениум, 31. од XIII век и втора од 1230-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6739 и 6740 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5981 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4991 и 4992 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1984.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1231 година се протега во 3867 и 3868, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3927 и 3928 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1774. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 628 и 629 исламска година.
9 април - Жолтеникави облаци и прашина го задушуваат воздухот околу Хангџоу, Кина, што го замаглува небото и сонцето, а пожарот се распространува на југоисток од градот, кој продолжува да се шири и следниот ден. Борбата против пламенот оди тешко поради ограничената видливост. Кога пожарите биле изгасени, откриено е дека целата област од околу 10.000 куќи во југоисточниот дел на градот биле целосно уништени.
Монголските војници ја преминале реката Јалу во Кореја.
Италија: Фридрих II ги издава т.н. Конституции од Мелфи, колекција на закони за Кралство Сицилија, како и указот од Салерно, кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар[1].
Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во Велс.