Јасминова револуција

Туниските протести или Туниската револуција започнала кон крајот на 2010 година, а продолжила и во текот на 2011 година. Оваа револуција е позната ѝ како Јасминова револуција[3][4].

Туниски протести (2010-2011)
Место Тунис
Дата18 декември 2010 – во тек
КарактерПротести, нереди
Жртви219+[1]
Повредени94[2]

Протестите започнале кон крајот на декември 2010 година, кога трговецот Мухамед Буазизи се самозапалил како протест за конфискувањето на неговата стока[5]. Ова социјално незадоволство ја опфатила целата земја. Во почетокот, целта на демонстрациите биле од социјален карактер, крај на полициското насилство, намалување на невработеноста и цените на прехранбените производи, зголемување на минималната плата, поголема борба со корупцијата и слично[6]. Но набргу, протестите преминале во политички карактер, и целта на истите станала паѓање на режимот на претседателот и демократизација на земјата[7].

Овие протести претставуваат најголемите во земјата по три декади[8][9]. Револуцијата довела до бегство на претседателот Зин ал Абидин бен Али на 14 јануари 2011 години по 23 години власт[10][11]. По бегството на претседателот, во земјата била формирана привремена влада, во која биле вклучени и членовите на партијата на претседателот, како и членовите на опозицијата. Но, пет министри го напуштиле министерството односно владата, и од 21 јануари секојдневните протести во Тунис продолжиле, барајќи во новата влада да нема членови од партијата на претседателот. Жртвите од востанието се над 78, а повеќе од 100 се повредени[12][13].

Протестите и промената на власта во самата земја се познати како Туниска револуција на достоинството[3][4]. Во западните медиуми пак, овие настани се познати како Јасминова револуција[14][15].

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица