Џавахарлал Нехру

Џавахарлал Нехру (англиски: Jawaharlal Nehru, хинду: जवाहरलाल नेहरू 14 ноември 1889 - 27 мај 1964) бил првиот премиер на независна Индија, кој досега и најдолго се задржал на таа позиција од 15 август 1947. па сè до смртта во 1964. година. Тој бил една од водечките личности во движењето за независност на Индија, и по стекнувањето на независноста, бил избран од својата Конгресна партија за премиер, а подоцна и на првите општи избори во 1952. Како еден од основачите на Движењето на неврзаните, тој бил и значаен чинител во меѓународната политика по Втората светска војна.[1] Го нарекувале и Пандит Нехру, што на санскритски и хинду е почесна титула и значи учен.

Џавахарлал Нехру
पं. जवाहरलाल नेहरू
Роден14 ноември 1889
Алахабад, Британска Индија
Починал27 мај 1964
Њу Делхи, Индија
НационалностИндиец
ПознатПрв премиер на независна Индија (1947 - 1964)
Занимањеадвокат
СопружникКамала Нехру
ДецаИндира Ганди
Споменик на Џавахарлал Нехру

Нехру потекнувал од богато адвокатско семејство, се школувал во Англија, и уште млад се приклучил на движењето за независност на Индија под водство на Махатма Ганди. Бил либерал по убедување, но сметал дека економските предизвици на една огромна земја во развој како Индија можат подобро да се решаваат преку државно управување со економијата (Фабијански социјализам). Брзо се искачил до раководните места во својата Конгресна партија, и го препознавале како наследник на Ганди.[2]

На Нехру му припаднала единствената чест да го подигне знамето на независна Индија во Њу Делхи на 15 август 1947, кога земјата стекнала независност. Нехру ја почитувал парламентарната демократија, секуларизмот и либерализмот, заедно со грижата за сиромашните и обесправените, и тоа се и основите кои ги вградил во темелите на Индија и се препознатливи до денес. Понекогаш го нарекуваат и „архитект на современа Индија“.

Неговата ќерка Индира Ганди и внукот Раџив Ганди исто така биле премиери на Индија.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица