Адел

Адел Лори Блу Адкинс[3] (анг. Adele Laurie Blue Adkins; родена 21 мај 1988), професионално позната како Адел — англиска пејачка-текстописец.

АделAdele
Животописни податоци
Родено имеАдел Лори Блу Адкинс
Роден(а)5 мај 1988(1988-05-05)(35 г.)
Тотенхем, Северен Лондон, Англија
ЖанровиПоп, Соул, Блуз, Рок, Фолк, блуз контополитен[1] , кантри соул[2]
ЗанимањаПејач-текстописец
ИнструментиВокали, гитара, пијано, бас, целеста, перкусие, Клавијатура
Период на активност2006–сега
ИздавачиXL, Columbia
Мреж. местоadele.tv

Животопис

Ран живот

Адел Лори Блу Адкинс е родена во Тотенхем на 5 мај 1988 година, во Северен Лондон, како дете на самостојна тинејџерска мајка.[4][5] Таа почнала да пее на четири години и подоцна изјавила дека тогаш пеењето ѝ станало опсесија.[6][7] Исто така, Адел изјавила дека групата „Спајс грлс (Spice Girls)“ била главното влијание за нејзината љубов и страст кон музиката, кажувајќи дека „тие ме направија тоа што сум денес“.[8]
Успешниот албум „21“ бил инспириран од крајот на нејзината љубовна врска, но подоцна Адел ја пронашла среќата во врската со Сајмон Конецки, поранешен инвестициски банкар и подоцнежен директор на хуманитарната организација „Дроп4дроп“ која се бори за обезбедување чиста вода во сиромашните земји. Во октомври 2012 година, Сајмон и Адел го добиле синот Анџело.[9]

Професионална кариера

Адел го привлекла вниманието на издавачката куќа „XL Recordings“ со три демо песни кои ги испратила на „MySpace“ и подоцна потпишала договор со издавачката куќа. Уште од својот прв албум, 19 таа добила многу пофалби и позитивни критики. Албумот се искачил на прво место и има добиено трипати платинска сертификација во Обединетото Кралство.[10] Адел го издала својот втор албум 21 на 24 јануари 2011 во Обединетото Кралство, а на 22 февруари албумот излегол и во САД.[11] 21 имал голем комерцијален успех, продавајќи 208.000 копии во првата недела во Обединетото Кралство.[12] Албумот, исто така, се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352.000 копии во првата недела.[11][13] Албумот 21 се искачил на првото место на музичките топ-листи и во 17 други европски држави.[14]
Во 2009 година, Адел освоила две награди „Греми“, во категориите „Најдобар нов артист“ и „Најдобра женска поп вокална изведба“.[15][16]
Со изведбата за време на Британските музички награди во 2011 година, пеејќи ја песната „Someone Like You“ Адел се искачила на првото место во Обедеинетото Кралство. Оваа песна останала на првото место четири последователни недели.[17][18] Официјалната компанија за табели изјавила дека Адел е првиот жив музичар кој имал два топ-пет хита на официјалната табела за албуми и на официјалната табела за синглови по „Битлси“ во 1964 година.[17][18][19] Албумот 21 поминал единаесет последователни недели на првото место во Обединетото Кралство, што претставува најдолгото задржување на првото место на британската табелата за албуми од страна на женски музичар. Претходниот рекорд го држела Мадона во 1990 година, со нејзиниот компилациски албум The Immaculate Collection кој на водечкото место се задржал девет недели.[14][20] Во САД, албумот поминал шест непоследователни недели на табелата Билборд 200.[21] Исто така, албумот ги срушил рекордите на дигитални спуштања во Обединетото Кралство.[22] Заклучно со 2015 година, албимот „21“ бил продаден во над 17 милиони примероци.[9]
Во мај 2011 година, пејачката вредела £6 милиони со што се изедначила со Лили Ален и Дафи за деветтото место на списокот на најбогатите британски и ирски музички ѕвезди под 30 години.[23] Во 2013 година, Адел ја освоила наградата „Оскар“ за песната „Скајфол (Skyfall)“ од филмот за Џејмс Бонд.
Магазинот „Билборд“ го најавил излегувањето на долгоочекуваниот трет албум на Адел за ноември 2015 година. На него, таа соработувала со Фарел Вилијамс, Рајан Тедер од групата „Уан рипаблик (One Republic)“ и канадскиот мизичар Тобајас Џесо Џуниор. Во паузата меѓу вториот и третиот албум, Адел се соочила со сериозни здравствени проблеми (полип на гласните жици), кој морала да го отстрани со операција.[9]

Дискографија

  • 2008: 19
  • 2011: 21
  • 2015: 25
  • 2021: 30

Турнеи

  • An Evening with Adele (2008)
  • Adele Femme Zone (2009)
  • Adele Live (2011)
  • Adele Live 2016 (2016)

Награди

Награди и достигнувања
Претходник
Ејми Вајнхаус
Греми Награди за Најдобар Нов Артист
2009
Наследник
Zac Brown Band
Претходник
Мика
Sound of... (BBC poll)
2008
Наследник
Little Boots

Во 2017 година, Адел била апсолутна победничка на 59. доделување на наградите „Греми“, со освоени пет награди. Притоа, таа победила во сите категории во кои била номинирана, а истовремено станала првиот изведувач кој двапати ги освоил трите главни награди.[24]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица