Аполо 11

првиот екипажен вселенски лет што слетал на Месечината

Аполо 11 — првата вселенска мисија што испратила луѓе на Месечината. Тоа го сторила НАСА, американската вселенска агенција. Стигнале во вселената на 16 јули 1969 година, носејќи тројца космонаути: Нил Армстронг (командантот), Баз Олдрин (пилотот на месечевиот модул) и Мајкл Колинс (пилотот на командниот модул). На 20 јули 1969 година, Армстронг и Олдрин станале првите луѓе што слетале на Месечината, додека Колинс останал во орбитата околу Месечината.

Аполо 11
Амблем на мисијата
Статистики за мисијата[1]
Назив на мисијата:Аполо 11
Команден модул:CM-107
Сервисен модул:SM-107
Месечев модул:LM-5
Ракети:Сатурн V SA-506
Call sign:Command module:
Columbia
Месечев модул:
Орел
Број на членови во екипажот:3
Космодром:Вселенски центар Кенеди, Флорида
LC 39A
Лансирање:16 јули 1969
13:32:00 UTC
Слетување на месечината:20 јули 1969
20:17:40 UTC
Sea of Tranquility
0° 40' 26.69" N,
23° 28' 22.69" E
(based on the IAU
Mean Earth Polar Axis
coordinate system)
Lunar EVA length:2 h 31 min 40 s
Време поминато на површината на месечината:21 h 36 min 20 s
Маса на земени примероци од Месечината:21.55 кг (47.5 lb)
Приземјување:24 јули 1969
16:50:35 UTC
13°19′N, 169°9′W
Времетраење:195 h 18 min 35 s
Време во месечевата орбита:59 h 30 min 25.79 s
Маса:CSM: 30,320 кг
LM: 16,448 кг
Фотографија на екипажот
Од лево на десно: Армстронг, Колинс и Олдрин
Од лево на десно: Армстронг, Колинс и Олдрин
Навигација
Претходна мисијаСледна мисија
Аполо 10Аполо 12
Едвин (Баз) Олдрин на Месечината

Летот бил дел од Вселенската трка во Студената војна против Советскиот Сојуз. Го завршил планот поставен од Џон Ф. Кенеди во 1961 година да „слета човек на Месечината и да го врати безбедно на Земјата“, пред да завршеле 1960-тите.

Состав

Главен екипаж

ПоложбаАстронаут
КомандантНил Армстронг

Втор и последен вселенски лет

Пилот на командниот модулМајкл Колинс

Втор и последен вселенски лет

Пилот на месечевиот модулБаз Олдрин

Втор и последен вселенски лет

Секој член на екипажот на Аполо 11 веќе завршил еден лет во вселената пред оваа мисија, што е само втор екипаж составен исклучиво од ветерани во историјата на вселенско истражување (првата била мисијата Аполо 10).[2]

Колинс првично требало да биде пилот на командниот модул (CMP) на Аполо 8, но бил отпуштен кога морал да се подложи на операција на грбот и бил заменет со Џим Ловел, неговата резерва за тој лет. Откако Колинс добил лекарска дозвола, тој ја презедол позицијата на Ловел на Аполо 11; како ветеран на Аполо 8, Ловел бил префрлен во резервниот екипаж на Аполо 11, но бил унапреден во резервен командант.

Резервен екипаж

ПоложбаАстронаут
КомандантЏим Ловел
Пилот на командниот модулБил Андерс
Пилот на месечевиот модулФред Хејз

На почетокот на 1969 година, Бил Андерс прифатил работа во Националниот вселенски совет (National Space Council) од август 1969 година и објавил дека се повлекува од вселенскиот лет. Потоа, Кен Матингли бил префрлен од екипажот за поддршка (support crew) на паралелна обука со Андерс како резервен пилот на командниот модул во случај мисијата Аполо 11 да била одложена по планираното лансирање во јули (кога Андерс повеќе нема да бил достапен), а подоцна ќе се приклучи на екипажот на Џим Ловел и конечно доделен на Аполо 13 како CMP.[3]

Помошен екипаж

  • Чарлс Дјук, комуникатор на капсули — Capsule Communicator (CAPCOM)[4]
  • Роналд Еванс, CAPCOM
  • Овен Гариот, CAPCOM
  • Дон Л. Линд, CAPCOM
  • Кен Матингли, CAPCOM
  • Брус Мекендлес, CAPCOM
  • Харисон Шмит, CAPCOM
  • Вилијам Поуг
  • Џек Свигерт

Директори на летот

  • Клиф Чарлсворт (Зелен тим) — лансирање и ЕВА (EVA)[5][6][7][8]
  • Џин Кранц (Бел тим) — месечево слетување
  • Глин Лани (Црн тим) — полетување од Месечината

Номенклатура

Месечевиот модул се нарекува Орел, во чест на симболот на САДбелоглавиот орел, прикажан како амблем на мисијата. Командниот модул се нарекува Колумбија, според женското персонифицирање на САД, и традиционален лик од песни и поезија. Во раните фази на планирање на мисијата, се користеле имињата Снежана и Хејстек, но ова било променето пред да биде објавено во медиумите.[9]

Мисијата

Ракетата Сатурн V, со Аполо 11, ќе полета од лансирната рампа на 16 јули 1969 г.

Одење до и од вселената

Милиони луѓе ширум светот го гледале летот на Аполо 11 на телевизија. Кога ракетата била испратена во вселената, тоа станало светски настан. Ричард Никсон, кој тогаш бил претседател, го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала. Ракетата Сатурн V полетала од Вселенскиот центар Кенеди во Америка.

Околу два часа по напуштањето на Земјата, патничкиот модул ја напуштил главната ракета. Модулот за патници имал два главни дела, командниот и сервисниот модул Аполо наречен Колумбија и Месечевиот модул Аполо наречен Орел. Колумбија бил вселенскиот модул (вселенски лет со екипаж) што останал во вселената, а Орел бил вселенскиот модул што слетал на Месечината. Три дена подоцна екипата влегла во Месечината орбита (орбита околу Месечината). Еден ден подоцна Орелот заминал од Колумбија. Орелот безбедно слетал на Месечината со Нил Армстронг и Баз Олдрин внатре. За време на слетувањето имало неколку проблеми со компјутерот. За безбедно да слетал, Амстронг морал сам да лета со Орелот. Тие слетале со уште само 25 секунди гориво.[10]

Орел во орбита на Месечината кратко време по одвојувањето од командниот модул Колумбија.

Настани на Месечината

Првото нешто што Баз Олдрин го направил откога слетал било да се моли. Прочитал и неколку зборови од Исус.[11] Тој не го открил својот план да го стори тоа затоа што некој штотуку покренал тужба за да ги спречи космонаутите да прават верски работи во вселената. Армстронг станал првиот човек што одел и зборувал на површината на Месечината. Првите зборови што ги рекол биле:

Тоа е еден мал чекор за човек, но огромен скок за човештвото.[10]
Баз Олдрин работи на Месечевиот модул.

Во следните два и пол часа Олдрин и Армстронг правеле белешки, слики и дупки за да дојдат до карпа од Месечината. Слетувањето го следеле над шест милиони луѓе на Земјата[12] со помош на многу големиот радиотелескоп во Австралија. Тие направиле многу експерименти, на пример собирале Месечеви камења и прашина. Американското знаме било поставено и фотографирано на Месечината. Пред да го сторат тоа, претседателот Ричард Никсон телефонски им се јавил:[13]

Никсон: Здраво, Нил и Баз. Разговарам со вас по телефон од овалната соба во Белата куќа. А, ова секако мора да е најисторискиот телефонски повик досега направен. Едноставно не можам да Ви кажам колку сме сите горди за ова што го направивте. За секој Американец, ова треба да биде најгордиот ден од нашите животи. И, за луѓето ширум светот, сигурен сум дека и тие се приклучуваат на Американците во препознавањето на ова ретко достигнување. Заради ова што го сторивте, небото стана дел од човечкиот свет. И додека разговарате со нас од Морето на спокојството, тоа нè вдахнува да ги удвоиме напорите, и да донесеме мир и спокој на Земјата. За еден непроценлив миг во целата историја на човекот, сите луѓе на оваа Земја се навистина едни; едни во својата гордост во она што го направивте и едни во нашите молитви на кој ќе се вратите безбедно на Земјата.

Армстронг: Ви благодарам, господине Претседателе. Голема чест и привилегија е да бидеме тука, да го претставуваме не само САД, туку и луѓето за мирот од сите нации, и со интерес и љубопитност, како и луѓе со визија за иднината. За нас е чест да можеме да учествуваме овде денес.

Орел се приближува до Колумбија

Напуштање на Месечината и враќање на Земјата

Откако ја завршиле својата работа, Армстронг и Олдрин се вратиле кај Орелот и спиеле седум часа пред да започнеле да заминуваат. Додека се подготвувал да замине, Олдрин го скршил автоматскиот прекинувач на моторот. Армстронг користел пенкало за да го премести колото и да ги спречи да бидат заглавени на Месечината. Олдрин и Армстронг оставиле многу работи на Месечината: американско знаме, неколку експерименти, златен пердув, лого на Аполо 1 и неколку бронзени монети во чест на Јуриј Гагарин и Владимир Комаров. Оставиле и натпис на Месечината, со порака од човечката раса. Натписот гласи:

Тука луѓето од планетата Земја за првпат стапнаа на Месечината, јули 1969 година. Дојдовме во мир за целото човештво.[14]

На 24 јули тројцата космонаути се вратиле на Земјата и веднаш биле ставени во карантин (држени подалеку од другите луѓе), во случај ако фатиле некоја болест од Месечината. Тие останале во карантин три недели. Кога излегле, мажите биле јунаци низ целиот свет. Тие вечерале со претседателот Никсон, одржале парада во Њујорк и уште една во Чикаго. Тројцата биле и на многу телевизиски емисии.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица