Неравенство

Неравенство — математички израз со кој се споредуваат два броја или на два математички израза кои имаат различни (нееднакви) вредности.

Прикажување на неравенството на бројната оска

Доколку реалните броеви се прикажат на бројната оска, тогаш ако бројот a лежи лево од бројот b велиме дека бројот a е помал од b, а тоа се изразува со симболот: a < b. Обратно, за бројот b велиме дека е поголем од бројот a, што се изразува со симболот: b > a. Притоа, ако бројот a е помал од бројот b, тогаш истовремено следи дека бројот b е поголем од бројот a.[1]

Неравенства со апсолутни вредности

Постојат два основни вида неравенства кои вклучуваат апсолутни вредности:[2]

  • |x - a| ≤ d ако и само ако a - dxa + d
  • |x - a| ≥ d ако и само ако xa - d или a + dx

при што: a и d се реални броеви, каде d > 0.

Својства на неравенствата

Основните својства на неравенствата се:[3]

  1. транзитивно својство: ако a < b и b < c, тогаш следи дека a < c.
  2. собирање на неравенства: ако a < b и c < d, тогаш a + c < b + d.
  3. множење со позитивна константа: ако a < b и c > 0, тогаш a c < b c.
  4. множење со негативна константа: ако a < b и c < 0, тогаш a c > b c.
  5. собирање со константа: ако a < b, тогаш a + c < b + c.
  6. одземање на константа: ако a < b, тогаш a - c < b - c.

Решавање на неравенства

Во неравенството од општ облик a x - c < d, велиме дека x = b е решение на неравенството, ако неравенството е точно кога вредноста на a ќе се замени за x. Притоа, множеството на сите вредности на x кои го задоволуваат неравнеството се нарекува множество од решенија на неравенството.[4]

Поврзано

  • Равенство

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица