Белоушка

Белоушка
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордови
Потколено:’Рбетници
Класа:Влекачи
Ред:Лушпари
Подред:Змии
Семејство:Смокови
Потсемејство:Барски змии
Род:Барски змии
Вид:Белоушка
Научен назив
Natrix natrix
(Linnaeus, 1758)
Синоними
  • Coluber natrix Linnaeus, 1758
  • Natrix vulgaris Laurenti, 1768
  • Tropidonotus natrix - F. Boie, 1827
  • Natrix natrix - Stejneger, 1907

Белоушка или „барска змија“ (науч. Natrix natrix) — змија од потсемејството на барските змии (Natricinae) во состав на семејството смокови (Colubridae). Овој вид на змија не е отровен. Присутна е во Македонија.

Опис

Зад главата од двете страни има бело-жолти дамки во полумесечеста форма. Бојата на телото варира, но најчесто е сива со мали црни дамки, додека на долниот дел е бел и исто така е прекриен со црни дамки. Исто така, постои и целосно црн вид.

Максималната должина може да изнесува од 2-3 метри, но најчесто растат од 1-1,5 метри.

Исхрана

Се хранат со мали риби, жаби, додека со глувци и помали птици се хранат откако најпрво ќе ги задават. Кога лови се прикрадува и набрзина го фаќа својот плен.

Размножување

Женките во лето положуваат јајца на топло и влажно место. За таа цел може да послужи депонијата на зеленчук во фаза на распаѓање, бидејќи распаѓањето формира топлина која е потребна за развој на потомството. Јајцата се обвиткани со мека мембрана, и често меѓусебно се залепени заедно. Постои верување дека јајцата имаат чудотворни својства, и се нарекуваат петлови јајца.

Распространетост

Белоушката е една од најраспространетите змии во Европа, исто така може да се сретне и во западна Азија и северна Африка. Живее во мирни и слатки барски води, а поретко може да се види и во човечки населби. Се брани од луѓето така што се свиткува во куп и напаѓа со заби или со изметот.

Подвидови

  • N. n. cetti
  • N. n. helvetica
  • N. n. natrix
  • N. n. persa
  • N. n. schweizeri

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица