Бернардо Бертолучи

Бернардо Бертолучи (16 март 1941 — 26 ноември 2018) — италијански режисер, сценограф и продуцент кој има режирано филмови со светски успех:„Последниот кинески цар“, „Последно танго во Париз“ (кој има освоено девет „Оскари“, вклучувајќи го и оној за режија), „Чај во пустината“, „Малиот Буда“ итн.

Бернардо Бертолучи

Животопис

Бернардо Бертолучи е роден во Парма, во областа Емилија-Ромања, на 16 март 1941 година. Неговиот татко, Атилио Бертолучи, бил професор, поет, истакнат критичар на уметноста, филмски критичар и антрополог. Неговата мајка била Австралијанка, со ирски и италијански корени. Бертолучи почнал да пишува од својата петнаесетта година, и по неколку години ја освоил престижната литературна награда Вијареџио.

Филмска кариера

На почетокот на своето школување тој студирал на факултетот за модерна литература во Рим, а потоа ги напушта студиите за сметка на киното, станувајки асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, правејќи ги воедно и првите чекори во седмата уметност, филмот. Благодарение на Пазолини, како и на интересот од страна на продуцентот Дел Лука, Бертолучи за првпат работел како асистент на првиот филм од фријулијанскиот регион, Акатоне во 1961 година,[1] кога воедно ја сретнал и неговата идна сопатничка, глумицата Адријана Асти.

Следната 1962. година, со Тонино Черви како продуцент и Пазолини како сценарист, го реализираl првиот долгометражен филм, „Мрачниот убиец“, во кој се зборува за мистериозно убиство на проститутка. Брзо се одделува од светот и поетиката на Пазолини, за да ја следи својата поединечна идеја за киното заснована на личности кои се наоѓаат пред нагли промени на нивниот свет. Tаквата тематика е практично присутна во сите дела на Бертолучи. Со краткиот филм од 1964 година, „Пред револуцијата“, станал познат.

Бернардо Бертолучи работел и како копродуцент за неколку филмови со американски, шведски, француски и германски филмски куќи.[2]

Последното танго во Париз

Неговото име посебно е одбележано во 1972 година, со скандалот за филмот „Последното танго во Париз“ кој ја одбележува и самата епоха. Во овој филм глумат Марлон Брандо, Марија Шнајдер, Масимо Ѓироти и Жан-Пјер Лео. Главниот протагонист е Паул, кој со своите афери го уништува животот на својата сопруга. Во текот на една сцена, Паул ја силува Џини. Марлон Брандо и Бертолучи разговарале и се договарале за таа сцена, но не ѝ објасниле ништо на тогаш деветнесетгодишната Марији Шнајдер. Во 2007 година, таа изјавила дека при снимање на сцената се чувствувала како навистина да била силувана, и се чувствувала понижено.[3] Во 2013 година, Бертолучи изјавил дека намерно не ѝ кажале каква ќќе биде сцената, за да снимат вистински бес и фрустрација.[4] Марлон Брандо пак, го негирал ова и изјавил дека еротските сцени биле симулирани.[5]

Поради скандалот што го предизвикал овој филм, Марија Шнајдер станала самоубиствена и почнала да се дрогира. Подоцна, таа станала гласноговорник на движењето за правата на жените, особено на филмот. Сите копии од овој филм во Италија биле уништени. Италијанскиот суд го осудил Бертолучи на затворска казна од пет години и четири месеци, а Апелациониот суд во Болоња, во 1978 година, побарал да се зачуваат три копии од филмот во националната кинотека, со забелешка тие филмови никогаш да не бидат пуштени во јавност.[6][7][8][9][10]

Светска слава

Ѕвездата на Бертолучи на Холивудската патека на славните

Бернардо Бертолучи стекнал светска слава со филмот 1900 од 1976 година, во кој се прикажува фармер од областа Емилија-Ромања, од почетокот на XX век до Втората светска војна. Во филмот глумат: Роберт де Ниро, Жерар Депардје, Стенли Хајден, Берт Ланкастер и Доминик Санда.

Во 1980-тите патувал насекаде во странство, при што неговите остварувања (филмови и дела) се здобиваат со извонредна гледаност. Во 1987 година го режирал познатиот филм, „Последниот кинески цар“, награден со повеќе „Оскари“, меѓу кои и оние за најдобар филм и за режија. Филмот бил сниман три години, и претставува биографски филм за животот на последниот цар на Кина.

Во 1990 година, Бертолучи во Мароко го снимил филмот „Чај во пустината“, додека во 1993 работел на проектот за „Малиот буда“ со Киану Ривс.

Во 2007 година, Бертолучи добил „Златен лав“ за животно дело на Филмскиот фестивал во Венеција.[11]

Последниот филм на Бертолучи е „Јас и ти“ од 2012 година, адаптација на истоимената книга од Николо Аманити. Филмот требало да биде снимен во 3Д техника.[12]

Филмографија

  • Мрачниот жетвар“ (1962)
  • „1900“ (1976)
  • „Последниот кинески цар“ (1987)
  • „Чај во пустината“ (1990)
  • „Малиот Буда“ (1993)
  • „Јас и ти“ (2012)

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица