Бока Хуниорс

Клуб Атлетико Бока Хуниорс или само Бока Хуниорс е аргентински фудбалски клуб од Ла Бока, населба во Буенос Аирес. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, највисокото ниво на аргентинскиот фудбал. Својте домашни натпревар ги игра на стадионот Ла Бомбонера, кој има капацитет од 54,000 гледачи.

Бока Хуниорс
Целосно имеКлуб Атлетико Бока Хуниорс
ДржаваАргентина Аргентина
ПрекарLos Xeneizes (Џеновјани)
Azul y Oro (Сино-златни)
Основан3 април 1905; пред 119 години (1905-04-03)
ЛокацијаБуенос Аирес, Аргентина
СтадионЛа Бомбонера
Капацитет54,000
ПретседателАргентина Хорхе Амор Амеал
МенаџерАргентина Себастијан Батаља
ЛигаПримера Дивисион
2021Примера Дивисион, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан на 3 април 1905 година и од неговата промоција во првото ниво на аргентинското првенство во 1913 година, тој никогаш повеќе не испаднал од таму. Бока е, исто така, до денес најуспешниот аргентински клуб со 71 освоена титула: од нив 34 во Примера Дивисион[1][2] и 14 национални купови.[3] Во меѓународните натпреварувања, Бока Хуниорс има освоено вкупно 22 титули,[4][5][6] од кои 18 организирани од КОНМЕБОЛ[7] и останатите од други асоцијации. Како резултат на тоа, Бока е рангирана на третото место во светот според бројот на освоени меѓународни титули, по Реал Мадрид (26) и египетскиот клуб Ал Ахли (25).[8]

Својте домашни натпревари Бока ги игра на стадионот Ла Бомбонера, кој има капацитет од 54,000 седечки места. Бока Хуниорс отсекогаш имала жестоко ривалство со Ривер Плејт. Натпреварите меѓу нив се познати како Суперкласико и се едно од најжестоките ривалства во Аргентина и во светот, бидејќи двата клуба се двата најпопуларните во земјата.

Младинската академија произвела многу аргентински репрезентативци како што се Себастијан Батаља (моменталниот тренер на клубот), Николас Бурдисо, Карлос Тевес, Евер Банега, Николас Гаитан и Фернандо Гаго, кои играле или играат за врвни европски клубови.

Играчи

Моментален состав

[9]

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМАгустин Роси
3 ОДАгустин Сандес
4 ОДНиколас Фигал
5 ОДКарлос Самбрано
6 ОДМаркос Рохо
7 НПЕксекиел Себаљос
8 ОДГиљермо Фернандес
9 НПДарио Бенедето
10 НПЕдуардо Салвио
11 СРОскар Ромеро
12 ГМЛеандро Бреј
13 ГМХавиер Гарсија
14 СРЕстебан Ролон
16 СРАрон Молинас
17 ОДЛуис Адвинкула
18 ОДФранк Фабра
Бр.ПозицијаИграч
19 ОДВалентин Барко
20 СРХуан Едгардо Рамирес
21 СРХорман Кампусано
22 НПСебастијан Виља
23 СРДиего Гонсалес
24 ОДКарлос Искиердос
25 ОДГастон Авила
27 НПНиколас Орсини
29 НПНорберто Бриаско
31 НПКристијан Павон
32 СРАгустин Алмендра
33 СРАлан Варела
36 СРКристијан Медина
38 НПЛуис Васкес
57 ОДМарсело Веигант

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица