Внатрешни Хебриди

Внатрешни Хебриди (гелски: Na h-Eileanan-staigh; англиски: Inner Hebrides) — островска група западно од брегот на континентална Шкотска, југоисточно од Надворешни Хебриди. Заедно, овие две островски групи формираат една целост, архипелагот Хебриди. Постојат 36 населени острови, и 43 подалечни ненаселени во внатрешноста на групата, со површина од 30 ха.

Внатрешните Хебриди (темносино) во рамките на Шкотска

Стопанство

Главните стопански дејности се: туризам, фармерско земјоделство, риболов и произведување на виски. Во модерно време, Внатрешните Хебриди ги сочинувале две локални јурисдикции, една на север, и една на југ. Заедно, островите имаат површина од 412,8 ха и население од 18.948 жители. Густината на населеност изнесува нешто повеќе од 4 жит./км2.

Клима

На острoвите владее блага клима под влијание на Голфската струја. Јануарските температури се околу 4-5 °C, а 12-16 °C во лето. Дождовите се чести, а годишната количина на врнежи е 1.000-1.200 мм. Хебридите се секогаш изложени на јаки ветрови. Просечната брзина на ветровите е преку 20 км/ч, а често достигнуваат брзина од 50-85 км/ч.

Историја

Во најголем дел историјата на Хебридите се поклопува со историјата на Шкотска. Во времето на кралството Далријада островите ѝ припаѓале на Ирска. Во периодот 572-1266 биле под власт на Норвежаните. Во X и XI век овде се јавила мешана галско-нордиска култура. Од XIII век Хербидите биле централен дел на власта на кланот Доналд. Тоа било шкотско поткралство кое на врвот на својата моќ ја зафаќало Северна Ирска и западниот брег на Шкотска. Малиот остров Јона бил центар на овие територии и традиционално духовно средиште на Шкотска. Христијанството од Ирска се проширило на Шкотска преку овој остров, почнувајќи од 563 година.

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица