Гал Гадот

израелска глумица и модел

Гал Гадот-Варсано[2] (хебрејски: גל גדות;[3] родена на 30 април 1985 г.)[4] — израелска глумица и модел.

Гал Гадот
Гадот во 2019
Роден(а)30 април 1985(1985-04-30)(38 г.)
Петах Тиква, Израел
ДржавјанствоИзраел Израелско
Занимање
  • глумица
  • модел
Активен период2004–сè уште
Висина1.78 м[1]
СопружникЈарон Варсано (в. 2008)
Деца2
НаградиМис на Израел (2004)
Страница
galgadot.com

Таа главно е позната по играњето на улогата на Вондер вуман во суперхеројските филмови Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016), истоимениот филм Вондер вуман (2017) и Лига на правдата (2017).[5][6] Таа исто така ја играла улогата на Жизел Јашар во три филмови од филмската франшиза Брзи и бесни.

Гадот е родена и израсната во Израел. На 18-годишна возраст таа била прогласена за Мис на Израел за 2004 година. Таа потоа служела две години воен рок во израелските одбранбени сили како инструктор за борби. Пред да започне да се занимава со манекенство и глума, таа студирала на колеџот ИДЦ Херцлија.[7]

Ран живот

Гал Гадот е родена во Петах Тиква и израснала во соседниот град Рош ха Аин.[8] На хебрејски јазик, нејзиното име означува „бран“, а нејзиното презиме значи „речен брег“.[9] Нејзините родители се Ирит, учителка, и Михаел Гадот, инженер. Нејзините родители биле родени во Израел, и пред да го променат презимето се презивале „Гринштајн“.[10][11] Нејзиниот татко е шеста генерација Израелци.[12] Нејзините баба и дедо од страна на мајка ѝ биле родени во Европа; нејзиниот дедо, кој бил притворен во концентрациониот камп Аушвиц, го преживеал Холокаустот, а нејзината баба избегала пред нацистичката инвазија.[12][13][14] Гадот изјавила дека таа била одгледана во „многу еврејскa, израелскa семејнa средина“. Таа влече полско-еврејски, австриско-еврејски, германско-еврејски и чешко-еврејски корени.[15] Таа има помлада сестра, Дана.[16]

Нејзин главен предмет во средното образование бил биологија. Таа вели дека како средношколка била добра во кошарка поради нејзината височина.[1] Како тинејџерка, Гадот работела како дадилка и работела во Бургер Кинг.[17] Гадот студирала право и меѓународни односи на колеџот ИДЦ Херцлија.[1][18]

Воен рок

Гадот служела две години воен рок како војник во израелските одбранбени сили како инструктор за борби.[19] За своето време поминато во војска таа изјавила: „Даваш две-три години, и не се работи за тебе. Учиш дисциплина и почит.“[20] Таа изјавила дека нејзиното минато ѝ помогнало да ја добие улогата на Жизел во Брзи и бесни 4: „Мислам главна причина беше дека на режисерот Џастин Лин му се допадна тоа што служев во војска, и тој сакаше да го искористи моето знаење за оружјето.“[21]

Личен живот

Гадот се венчала со израелскиот стопанственик Јарон Варсано во 2008 година.[22] Тие имаат две ќерки, Алма (родена 2011 година) и Маја (родена 2017 година).[23][24][25] До 2015 година, парот поседувал луксузен хотел во Тел Авив, кој го продале на рускиот стопанственик Роман Абрамович за 26 милиони долари.[26]

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица