Главоболка

Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.

Главоболка
Жена со главоболка
СпецијалностНеврологија Уреди на Википодатоците

Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]

Класификација

Низ историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]

Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.

ICHD-2:

Примарни главоболки

    • 1. Васкуларна главоболка (мигрена),
    • 2. Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
    • 3. Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
    • 4. Останати примарни главоболки:
      • Hemicrania continua
      • Коитална цефалгија
      • (анг.) New daily persistent headache (NDPH)

Секундарни или симптоматски главоболки

    • 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
    • 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
    • 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
    • 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
    • 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
    • 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
    • 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
    • 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.

Невралгии и останати главоболки

    • 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
    • 14. Останати главоболки.[1]

Главоболката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Купив главоболка“ (I Bought A Headache) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (The Replacements) од 1981 година.[3]
  • „Главоболка“ (Headache) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1994 година.[4]

Наводи

    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица