Загадување

Загадување претставува внесување на нови и некарактеристични материи во животната средина, како и зголемување на нивото на нормалната концентрација на веќе постоечките материи во истата. Загадувањето може да биде предизвикано од природни и човечки извори.

Загадување на воздухот од оџаците на фабриките.

Видови на загадување

Директни објекти изложени на загадување се водата, воздухот и почвата. Индиректни објекти на загадување се луѓето, растенијата и животните. Постојат неколку основни видови на загадување на животната средина:

  • Хемиско загадување - различни хемиски соединенија од неорганска и органска природа, кои најчесто се добиваат при согорување на бензинот, јагленот или некои фабрички производи
  • Топлинско загадување - промена на температурата на животната средина под дејство на човекот
  • Електромагнетно загадување - електрични далеководи
  • Светлосно загадување - промени во интензитетот на осветлување
  • Радиоактивно загадување - атомски централи, производство на јадрени оружја.
  • Звучно загадување - врева од сообраќај, градежни активности, машинерија, човечки активности.

Хемиско загадување

1. Неоргански јони → Cd, Pb, Zn, Mg, Hg итн.

  • олово → во бензинот - атмосфера → денес во почвата → храна
  • кадмиум → таму каде се среќава и оловото → секундарен загадувач покрај оловото
  • жива → во првата или втората генерација на пестициди

2. Органски загадувачи

  • хексахлороциклохексан (HCH) - дериват од ДДТ (DDT, DDD, DDE) => тешко разградлив
  • фенокси-хербициди → 2,4-D; 2,4,5-D → дефолијанти користени во Виетнам → виетнамска болест
  • хербицидите се насочени против растенијата, но се токсични и за луѓето.

3. Органометални соединенија → метилжива

4. Радиоактивни изотопи

5. Гасови

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица