Зимски олимписки игри 1998

XVIII Зимски олимписки игри - Нагано 1998
XVIII Зимски олимписки игри - Нагано 1998
Град домаќинНагано, Јапонија
Број на држави72
Број на спортисти2176 (1389 мажи и 787 жени)
Број на спортови7
Број на натпревари72
Отворање{{{Отворање}}}
Затворање22 февруари 1998
Стадион

XVIII Зимски олимписки игри се одржаа од 7 до 22 февруари 1998 година во Нагано, Јапонија. Градот бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на Хака, Аоста, Естерсунд и Солт Лејк Сити.

Во натпреварувачката програма бил воведен турнир во хокеј на мраз за жени. Спортовите карлинг и скијање на даска, исто така станале дел од натпреварувачката програма. За првпат на хокеарскиот турнир им бил дозволен настап на професионалци од НХЛ, што овозможило0 да се подигне квалитетот и интересот за хокеарскиот турнир.

Избор на град-домаќин

Одлуката за доделувањето на организацијата на игрите била донесена на 15 јуни 1991 на 97. седница на МОК, која се одржала во Бирмингем, Обединето Кралство. Во конкуренција, покрај Нагано биле и Солт Лејк Сити, Естерзунд, Јака и Аоста. Нагано освоил 4 гласови повеќе од Солт Лејк Сити во последниот круг од гласањето. Официјалните претставници од Јапонија изјавиле дека т.н. „фактор Атланта“ им овозможил да добијат организацијата на игрите. Имено, организацијата на Летните олимписки игри 1996 му била доделан на градот Атланта во САД.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1998[1]
ГрадЗемјаПрв кругВтор кругТрет кругЧетврти кругПетти круг
Нагано Јапонија21-303646
Солт Лејк Сити  САД1559272942
Естерзунд  Шведска18-2523-
Јака  Шпанија19-5--
Аоста  Италија1529---

Краток преглед

  • Во скијачко трчање, Бјорн Дели од Норвешка освоил три златни медали. Со овој успех и успесите од претходните Зимски олимписки игри, тој станал првиот спортист, кој на Зимските олимписки игри успеал да освои 8 златни медали од вкупно осовоени 12 медали.
  • Тара Липински со само 15 години станала најлладиот спортист на Зимските олимписки игри кој освоил злато во поединечна конкуренција. Таа победила во уметничко лизгање.
  • Во алпско скијање, Австриецот Херман Маер, по тешкиот пад во спсут, успеал да освои златни медали во супервелеслалом и велеслалом.
  • Лизгачите Џани Роме и Маријан Тимер од Холандија освоиле по две златни медали во брзо лизгање. Дури 5 од вкупно 10 медали во тој спорт им припаднале на натпреварувачите од Холандија.
  • Во скијање на даска, Рос Ребаглијати освоил злато, откако најпрвин бил дисквалификуван поради конзумирање марихуана.
  • На хокеарскиот турнир во машка конкуренција се очекувала борба за златото меѓу репрезентациите на Канада и САД, но златото го освоила репрезентацијата на Чешка, која во финалето ја победила репрезентацијата на Русија, а бронзениот медал го освоиле хокеарите на Финска. Канадските хокеари биле четврти, а американските оствариле само една победа на турнирот.
  • Данска го освоила првиот медал на Зимските олимписки игри, со заземањето на второто место на турнирот во карлинг.

Спортови

На игрите имало 72 натпреварувачки дисциплини во 7 спортови.

  • Алпско скијање
  • Биатлон
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Брзо лизгање накратки патеки
  • Карлинг
  • Хокеј на мраз
  • Санкање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови
  • Слободно скијање
  • Скијање на даска
  • Уметничко лизгање

Земји-учеснички

*сино = земји кои за првпат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрит учествувале 2176 спортисти од 72 земји. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале спортисти од Азербејџан, Венецуела, Кенија, Македонија и Уругвај.

Освојувачи на медали

Медали од игрите
 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Германија129829
2  Норвешка1010525
3  Русија96318
4  Канада65415
5  САД63413
6  Холандија54211
7 Јапонија51410
8  Австрија35917
9 Република Кореја3126
10  Италија26210

Поврзано

Наводи

Надворшни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица