Летни олимписки игри 1996

Летните олимписки игри - 1996 или официјално познати како Игрите на 26. Олимпијада се одржаа во Атланта. Градот беше избран за домаќин на игрите во Токио во 1990 со победата над градовите Атина, Белград, Манчестер, Мелбурн и Торонто.

XVII Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави197
Бр. на спортисти10,320
(6,797 мажи, 3,523 жени)
Натпревари271 од 26 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од:Бил Клинтон
Спортска заклетваТереза Едвардс
Олимписка заклетваХобл Билингсли
Олимписки оганМухамед Али
Стадион

Изборот на град-домаќин

Некои чувствувале дека најповолно е Атина да биде град домаќин на игрите како 100 -годишнина од одржувањето на првите модерни олимписки игри. Но, сепак МОК истакнал дека Атина не може да ги организира игрите во 1996, туку евентуално игрите во 2004. Гласањето за избор на град-домаќин на игрите се одржало во рамките на 96. сесија на МОК во Токио на 18 септември 1990. Во следнава табела се дадени резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1996
ГрадЗемјаПрв кругВтор кругТрет кругЧетврти кругПетти круг
Атланта  САД1920263451
Атина  Грција2323263035
Торонто  Канада14171822-
Мелбурн Австралија122116--
Манчестер Обединето Кралство115---
Белград Југославија7----

Ретроспектива

  • Македонија дебитирала на Олимписките игри како независна земја-учесничка.
  • Мухамед Али го донел олимпискиот факел на олимпискиот стадион.
  • Словенечкиот спортист и поранешен гимнастичар Леон Штукељ присуствувал на церемонијата на свеченото

отворање на игрите на возраст од 97 години.

  • Наим Сулејманоглу станал првиот натпреварувач во подигање тегови кој освоил 3 златни медали.
  • Донован Бејли од Канада победил во трката на 100m со резултат од 9,84s што било светски рекорд во тоа време, а сè уште е Олимписки рекорд.
  • Мајкл Џонсон победил во трките на 200 и 400m, поставувајќи нов светски рекорд на 200m од 19,32s кој сè уште не е соборен.
  • Мари Жозе- Перек го сторила истото во женска конкуренција, но без светски рекорд.
  • Карл Луис (35) го освоил својот четврти Олимписки златен медал во скок во далечина.
  • Спортовите софтбол, одбојка на песок, планински велосипедизам и фудбал во женска конкуренција дебитирале на игрите.
  • Палестина дебитирала на Олимписките игри.
  • Во велосипедизам за првпат на игрите учествувале професионалците. Петкратниот победник на Тур Д'Франс Мигел Индураин победил на хронометарот.
  • Мишел Смит од Ирска освоила 3 златни и еден бронзен медал во пливање. Но, нејзините успеси биле под сомнение на допинг, но таа на сите тестови била негативна.
  • Кери Страг од САД се натпреварувала во гимнастика со повредена нога и во тимскиот натпревар го освоила златниот медал.
  • Еми ван Дикен освоила 4 златни медали воп пливање.
  • Деон Хемингс стабнала првата жена која освоила златен медал за Јамајка и првата жена од Карипските острови од англиско говорно подрачје.
  • На игрите учествувале рекордни 197 земји од кои 79 освоиле барем еден медал.
  • Пет спортисти биле дисквалификувани поради користење на недозволени средства.
  • Андре Агаси го освоил златниот медал во тенис поединечно со што станал првиот тенисе којшто успеал да освоил Гренд Слем и залато на Олимписките игри.
  • Денг Јапинг од Кина освоила 2 златни медали во пинг-понг (поединечно и во двојки) со што успеала да го оствари своето постигнување од игрите 4 години пред тоа.
  • За првпат медал на Олимписките игри освоиле спортистите од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Бурунди, Хонгконг, Еквадор, Грузија, Мозамбик, Казахстан, Молдавија, Тонга, Словачка, Украина и Узбекистан.
  • Ли Лаи Шан освоил златен медал во едрење за Хонгконг што бил прв и единствен златен медал за Хонгконг. Тоа е и последниот медал за Хонгконг како британска териториија, а на игрите Хонгконг за последен пат настапил под колонијалното знаме.
  • Ксено Милер од Швајцарија освоил злато во веслање во дисциплината поединечно со кормилар.

Спортови

Земји-учеснички

Учесници 1
Сина = Дебитанти на игрите. Зелена = Земји кои претходно учествувале. Жолтиот квадрат го означува градот-домаќин на игрите (Атланта)

На игрите во Атланта настапиле 10,318 спортисти од 197 земји.[1] 24 земји дебитирале на Летните олимписки игри. Најголем број биле земји кои на претходните игри биле дел од Заедницата на независни држави. Русија настапила како независна земја за првпат по Летните олимписки игри - 1912 кога настапила како Руска Империја.

14 земји дебитирале на Олимписките игри: Македонија, Комори, Палестина, Науру, Доминика, Азербејџан, Бурунди, Зелено'ртска Република, Сент Кити и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Гвинеја-Бисао, Таџикистан и Туркменистан.

10 земји за првпат настапиле на Летните олимписки игри, но претходно настапиле на Зимските олимписки игри - 1994 одржани во Лилехамер: Ерменија, Белорусија, Чешка, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Словачка, Украина и Узбекистан.

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  САД (домаќин)443225101
2  Русија26211663
3  Германија20182765
4 НР Кина16221250
5  Франција1571537
6  Италија13101235
7 Австралија992341
8 Куба98825
9  Украина921223
10 Република Кореја715527

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица