Курдски јазик

Курдскиот (Kurdî или کوردی) е ирански јазик, дел од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Курдскиот јазик е мајчин јазик на 25 до 35 милиони Курди[2] во Мала Азија и Блискиот Исток. Според податоците на CIA, околу 10% од вкупното население на Иран зборува курдски[3] и според нивните податоци има околу 25 до 30 милиони луѓе што зборуваат курдски.[4][5][6][7]

Курдски јазик
كوردی, Kurdî, Kurdí, Кöрди[1]
Застапен воТурција, Иран, Ирак, Сирија, Ерменија, Азербејџан
ПодрачјеМала Азија, Близок Исток
Народ25–30 милиони Курди
Говорници25-35 милиони  
Јазично семејство
индоевропско
Писмоперсиско писмо, курдска азбука
Статус
Службен во Ирак: официјален заедно со арапски:.
 Иран: регионален јазик
 Ерменија: малцински јазик
Јазични кодови
ISO 639-1ku
ISO 639-2kur
ISO 639-3kur — опсежен код
Поединечни кодови:
ckb — сорански дијалект
kmr — курманџиски дијалект
sdh — јужнокурдски дијалект
lki — лакискиLaki
Linguasphere58-AAA-a (севернокурдски, со курманџиски и курманџики) + 58-AAA-b (централнокурдски со димли/ зазански и гурански) + 58-AAA-c (јужнокурдски)

Курдскиот јазик не е унифициран стандарден јазик, туку збир јазици (или дијалекти) кои ги користат Курдите. Во поширока смисла, поимот опфаќа јазични варијанти кои може и да не се разбирливи меѓу себе.[8] Вториот службен јазик во Ирак, често именуван во документите како курдски е всушност стандардизирана форма на соранскиот дијалект.[9][10]

Пишаниот курдски јазик најчесто се сретнувал во поезијата сè до раниот 20 век, кога курдскиот јазик почнал да се користи за поопфатни книжевни дела. Денес курдскиот има две пишани стандардизирани форми: курманџиски дијалект, во северните делови на регионот Курдистан, и сорански дијалект во источните и јужните предели. Покрај овие два стандардизирани дијалекти, постои и групата на зазогорански јазици, кои се зборуваат од неколку милиони Курди.[11][12][13][14] Авроманскиот дијалект на гуранскиот јазик бил значајна пишана форма која ја користеле Курдите, но полека бил заменет со соранскиот дијалект во 20 век.[15]

Историја

Иако курдскиот јазик има долга историја, многу малку се знае за јазикот пред подемот на исламот. Меѓу најраните зачувани записи на курдски јазик е религиската книга „Црна книга на Језидите“, света книга на Језидите. За книгата се смета дека е напишана од Хасан бин Ади во околу 1400 година. Во книгата има записи за погледот на Језидите за создавање на светот, потеклото на човекот, приказната за Адам и Ева и добар дел е за забраните во верата.[16] Од 15 до 17 век, курдските поети и писатели развиле пишан курдски јазик. Најзначајните курдски поети од овој период се Али Харири, Ахмад Хани, Малаје Жазири и Факи Тајаран.

Во 1787 година била издадена првата граматика на курдскиот јазик од страна на италијанскиот свештеник Маурицио Гарцони насловена како „Граматика и вокабулар на курдскиот јазик“. Свештеникот бил на мисија за осумнаесет години во Амадија.[17] Гарцони се смета за татко на „курдологијата“ и неговите дела се доста значајни за Курдите и нивната историја.[18]

Статус

Денес курдскиот јазик е службен јазик во Ирак, заедно со арапскиот јазик. Во Сирија и останатите предели каде живее курдско население објавувањето материјали на курдски јазик е забрането.[19] До август 2002 година, турската влада применувала строги ограничувања за употребата на курдскиот јазик, меѓу кои забрана на јазикот за образовни цели и употреба на истиот во медиумите.[20][21] Курдската азбука не е призната во Турција и употребата на буквите „X“, „W“ и „Q“ за имиња, кои не се дел од турската азбука, не се дозволени. Сепак, во 2012 година, во јавните училишта се вовел курдскиот јазик како изборен предмет.

Во Иран јазикот се користи во некои локални медиуми и весници, но не и во училиштата.[22][23] Во 2005, 80 ирански Курди биле дел од експериментална програма и со тоа се стекнале со стипендија да учат на курдски јазик во Ирак.[24]

Во март 2006 година, Турција дозволила приватни телевизиски станици да зрачат програма на курдски јазик. Сепак, турската влада препорачала да не се емитуваат детски емисии на курдски или какви било образовни програми кои го учат курдскиот јазик. Телевизиите може да објавуваат само 45-минутна програма на курдски јазик во текот на денот.[25] Сепак, повеќето од овие ограничувања за приватните телевизии биле отстранети во 2009 година.[26] Во 2010 курдските општини во југоисточниот дел на Турција започнале со печатење сметки, уверенија и патни знаци на курдски и турски јазик, како и известувања за социјални и културни настани. Петочните молитви во џамиите започнале да се изведуваат и на курдски.

На 1 јануари 2009 година ТРТ, националната турска телевизија, ја пуштила во употреба 24-часовната курдска телевизија со геслото „живееме под исто небо“.[27] На отворањето на програмата турскиот премиер се обратил на курдски јазик. Телевизијата ги користи и забранетите букви од курдската азбука.

Фонологија

Патни знаци во близина на Дијарбекир кои ги покажуваат имињата на местата на турски и курдски

Според Курдската јазична академија, во курдскиот јазик се наоѓаат следните фонеми:

Согласки

двоусниуснозабниврвнојазичнизадновенечнипреднонепченизаднонепчениресичниголтничкигласилни
носниmnŋ
експлозивниp   bt   dk   ɡqʔ
слеаниt͡ʃ   d͡ʒ
струјниf   vs   zʃ   ʒçx   ɣħ   ʕh
страничниl   ɫ
едноударнаɾ
трепетниr
приближниʋj

Самогласки

Самогласките во курдскиот се:[28][29]

предницентралнизадни
затворениiʉu
скоро-затворениɪ̈
средниo
полуотворениɛ
скоро-отворениæ
отворениa

Како и поголемиот број ирански јазици, така и курдскиот има квалитет на самогласки, односно согласките имаат второстепена должина.[30] Ова се појавува во системите за пишување развиени за курдскиот. Петте кратки самогласки се /ɛ/, /æ/, /ɪ̈/, /o/, и /u/, а четирите долги се /aː/, //, /ʉː/, и //.[28]

Писмо

Курдски јазик
Писмолатиница
ПримерПрв член од „Декларацијата за човекови права“
ТекстHemû mirov azad û di weqar û mafan de wekhev tên dinyayê. Ew xwedî hiş û şuûr in û divê li hember hev bi zihniyeteke bratiyê bilivin.
МакедонскиСите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Курдскиот јазик се запишува на три различни писма. Во Ирак и Иран јазикот се пишува со помош на арапското писмо. Курдската верзија на арапското писмо била составена од Саид Кабан Седки. Во скоро време во Ирак се користи и латиницата. Латиницата се користи за запишување на јазикот во Турција, Сирија и Ерменија. Во СССР се користела и кирилицата.[31] called Yekgirtú.

латинично курманџијекгиртукирилично курманџисоранскиМФА
(изолирана)(почетна)(средна)(крајна)
A,a A,a А,а ا‎ئا‎ـا‎[aː]
B,b B,b Б,б ب‎بـ‎ـبـ‎ـب‎[b]
C,c J,j Щ,щ ج‎جـ‎ـجـ‎ـج‎[d͡ʒ]
Ç,ç C,c Ч,ч چ‎چـ‎ـچـ‎ـچ‎[t͡ʃ]
D,d D,d Д,д د‎ـد‎[d]
E,e E,e Ә,ә ە‎ئە‎ـە‎[ɛ]
Ê,ê É,é Е,е (Э э) ێ‎ئێـ‎ـێـ‎ـێ‎[e]
F,f F,f Ф,ф ف‎فـ‎ـفـ‎ـف‎[f]
G,g G,g Г,г گ‎گـ‎ـگـ‎ـگ‎[ɡ]
H,h H,h Һ,һ ه‎‎ھ‎ـھ‎ـھ‎[h]
H',h' Һ’,һ’ ح‎حـ‎ـحـ‎ـح‎[ħ]
' ع‎عـ‎ـعـ‎ـع‎[ʕ]
I,i I,i Ь,ь [ɪ]
Î,î Í,í И,и ی‎ئیـ‎ـیـ‎ـی‎[]
J,j Jh,jh Ж,ж ژ‎ـژ‎[ʒ]
K,k K,k К,к ک‎کـ‎ـکـ‎ـک‎[k]
L,l L,l Л,л ل‎لـ‎ـلـ‎ـل‎[l]
ll Л’,л’ ڵ‎ڵـ‎ـڵـ‎ ـڵ‎[ɫ]
M,m M,m М,м م‎مـ‎ـمـ‎ـم‎[m]
N,n N,n Н,н ن‎نـ‎ـنـ‎ ـن‎[n]
O,o O,o O,o ۆ‎ئۆ‎ـۆ‎[o]
P,p P,p П,п پ‎پــ‎ـپـ‎ ـپ‎[p]
Q,q Q,q Ԛ,ԛ ق‎قـ‎ـقـ‎ـق‎[q]
R,r R,r Р,р ر‎ـر‎[ɾ]
rr Р’,р’ ڕ‎ـڕ‎[r]
S,s S,s С,с س‎سـ‎ـسـ‎ـس‎[s]
Ş,ş Sh,sh Ш,ш ش‎شـ‎ـشـ‎ـش‎[ʃ]
T,t T,t Т,т ت‎تـ‎ـتـ‎ـت‎[t]
U,u U,u Ӧ,ӧ و‎ـو‎[u]
Û,û Ú,ú У,у ۇ‎ـۇ‎[]
Ù,ù ۈ‎ـۈ‎[ʉː]
V,v V,v В,в ڤ‎ڤـ‎ـڤـ‎ـڤ‎[v]
W,w W,w Ԝ,ԝ و‎ـو‎[w]
X,x X,x Х,х خ‎خـ‎ـخـ‎ـخ‎[x]
X',x'Ѓ,ѓ غ‎غـ‎ـغـ‎ـغ‎[ɣ]
Y,y Y,y Й,й ی‎یـ‎[j]
Z,z Z,z З,з ز‎ـز‎[z]

Наводи

{{|2}}

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица