Марио Геце

Марио Геце (роден на 3 јуни 1992 година) — германски фудбалер кој игра како полушпиц за тимот на Борусија Дортмунд во германската Бундеслига. Негова примарна позиција е полушпиц, но игра и како десно крило. Геце се смета како ѕвезда во надоаѓање и како потенцијален играч од светска класа поради неговата брзина, техничка вештина, плејмејкерски способности и креативност. Техничкиот директор на Германската Фудбалска Асоцијација, Матиас Замер, го нараче Геце “еден од најдобрите таленти што некогаш сме ги имале”.

Германија Марио Геце
Лични податоци
Роден на3 јуни 1992(1992-06-03)(31 г.)
Роден воМеминген, Германија
Висина&100000000000001760000001,76 м
Позицијакрило
Клупски податоци
Сегашен клубБорусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број10
Младинска кариера
Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2009-2013Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд83(22)
2013-2016Бајерн Минхен Бајерн Минхен73(22)
2016-Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд42(4)
Репрезентација
2010-Германија Германија63(17)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Клупска кариера

Геце е производ на младинската академија на Дортмунд, пристигнувајќи во тимот на возраст од осум години. Марио го направи своето деби во Бундеслигата на 21 ноември 2009 година во ремито 0-0 против Мајнц, влегувајќи како замена за Јакуб Блажиковски во 88-та минута. За време на зимскиот одмор во Бундеслигата во сезоната 2009-10, менаџерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп го промовираше Марио Геце во првиот тим.

Геце ја искористи својата шанса и беше важен играч за тимот на Дортмунд во Бундеслигата, победничкиот тим во сезоната 2010-11.

Геце постигна гол на првиот натпревар на Борусија Дортмунд во сезоната 2011-12 во победата од 3-1 против Хамбургер. Во јануари 2012 година, на Геце му беше дијагностицирана повреда на колкот. ‘Рскавицата во колкот на Геце се воспали под стрес.

На 27 март 2012 година, Геце потпиша нов договор со Борусија Дортмунд, што ќе го задржи во клубот до 2016 година. Геце прозборе околу неговото продолжување на договорот велејќи: “Секој знае како убаво се чувствувам во Дортмунд. Клубот е далеку од завршување со неговиот досегашен препород, и јас би сакал да бидам дел од овој развој”.

Во април 2012 година, Геце влезе во тимот за првпат од неговата повреда, но беше неискористена замена во натпреварот против соперникот Шалке. Геце го одигра својот прв натпревар по неговата повреда на колкот, кога тој влезе како замена против Борусија Менхенгладбах. Геце потоа постигна гол во победата од 5-2 на Борусија Дортмунд над Кајзерслаутерн.

Меѓународна кариера

По играњето во неколку младински тимови, Марио Геце беше повикан за неговиот прв натпревар во репрезентацијата на Германија во натпревар против Шведска на 17 ноември 2010 година. Марио тој ден го направи своето деби, влегувајќи во 78-та минута во ремито без голови, заменувајќи го неговиот тимски колега, Кевин Гроскројц и со тоа станувајќи најмладиот германски репрезентативец уште од времето на Уве Силер. Геце и Андре Шурле кои дојдоа истовремено се првите два германски фудбалери што се родени во обединета Германија. Марио го направи својот втор настап за репрезентацијата во пријателски натпревар против Италија на 9 февруари 2011 година. Првиот гол на Геце за Германија беше против Бразил на 10 август 2011 година, со 19 години и 68 дена стана најмладиот стрелец за репрезентацијата на Германија во пост-воениот период заедно со Клаус Штирмер, кој постигна гол на своето деби против Франција на 16 октомври 1954 година.

Приватен живот

Неговиот татко, Јирген Геце е познат професор на универзитетот за технологија во Дортмунд. Неговиот брат, Фабијан Геце во моментов игра за вториот тим на Бохум, напуштајќи го младинскиот систем на Дортмунд во 2010година.

Статистика во кариерата

Клупска кариера

Клупски достигнувањаПрвенствоКупКонтиненталноОстанатоВкупно
КлубПрвенствоСезонаНастапиГолаНастапиГолаНастапиГолаНастапиГолаНастапиГола
ГерманијаПрвенствоКупЕвропаОстанатоВкупно
Борусија ДортмундБундеслига2009–1050000050
2010–113362062418
2011–12166216010257
Статистика во кариерата541241122107115

Меѓународни голови

GoalДатумСтадионПротивникПостигналРезултатНатпреварување
1.10 август 2011Мерцедес-Бенц Арена, Штутгарт, Германија  Бразил2–03–2Пријателска
2.2 септември 2011Велтинс-Арена, Гелзенкирхен, Германија  Австрија6–26–2Квалификации за УЕФА Еуро 2012

Титули

Борусија Дортмунд

Баерн Минхен

Германија

Поединечни

  • Фриц-Валтер златен медал во 2009 година (категорија до 17 години)
  • Фриц-Валтер златен медал во 2010 година (категорија до 18 години)
  • Член на тимот на годината Германска Бундеслига сезона 2010-11
  • Награда златно момче: 2011

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица