Маурицио Сари

Маурицио Сари (роден на 10 јануари 1959 во Неапол) — италијански фудбалски тренер, кој во моментов ја води екипата на Лацио.

Маурицио Сари
Лични податоци
Полно имеМаурицио Сари
Роден на10 јануари 1959(1959-01-10)(65 г.)
Роден воНеапол, Италија
ДржаваИталија Италија
Клупски податоци
Сегашен клубЛацио Лацио (тренер)
Тренер на екипи
ГодиниЕкипа
1990-1991 Стиа
1991-1993 Фаељезе
1993-1996 Кавриља
1996-1998 Антела
1998-1999 Валдема
1999-2000 Теголето
2000-2003 Сансовино
2003-2005Санџованезе Санџованезе
2005-2006Пескара Пескара
2006-2007Арецо Арецо
2007Авелино Авелино
2008Верона Верона
2008-2009Перуџа Перуџа
2010Гросето Гросето
2010-2011Алесандрија Алесандрија
2011-2012Соренто Соренто
2012-2015Емполи Емполи
2015-2018Наполи Наполи
2018-2019Челси Челси
2019-2020Јувентус Јувентус
2021-Лацио Лацио

Сари никогаш не играл фудбал професионално, играл само на аматерско ниво на позицијата централен одбранбен играч додека во исто време работел како банкар. Во 2005 година, ја добил својата прва работа во Серија Б потпишувајќи договор со екипата на Пескара. Во 2014 година, изборил промоција во Серија А како тренер на Емполи, а откако во својата прва сезона како тренер во најсилната италијанска лига изборил опстанок освојувајќи го 15-тото место на табелата, бил назначен за тренер на екипата на Наполи. Како тренер на партенопеите освоил две втори места во Серија А и добил неколку поединечни награди. Во летото 2018 година, преминал во англискиот Челси, со кој го освоил третото место во Премиер лигата и ја освоил УЕФА Лигата на Европа.

Животопис

Сари е роден во населбата Бањоли во Неапол.[1] Неговиот татко Америго е поранешен велосипедист роден и пораснал во Тоскана, а потоа се вратил во овој регион со своето семејство по завршувањето на неговиот мандат како градежен работник за Италсајдер, челичната компанија. Сари израснал во соседството Фиљине Валдарно, а своето време во младоста го поделил играјќи како аматерски фудбалер и банкар во Банка Монте деи Паски Сиена во Тоскана. Неговата работа како банкар му овозможила да патува по земјите низ Европа, работејќи во Лондон, Цирих и Луксембург.[2]

Играјќи како централен одбранбен играч,[3] во својата играчка фудбалска кариера Сари играл само на аматерско ниво, за екипата на Филиње, и имал неуспешни проби во далеку попознати екипи како Торино и Фјорентина.[4] Набргу потоа тој ја завршил својата кариера во Филиње како резултат на повреди.

Додека бил фудбалер, Сари во утринските часови работел во банката, а попладне и навечер тренирал и играл натпревари. Во 1990 година, на возраст од 30 години, тој се преоренитал на тренерска кариера, следејќи го истиот распоред што го почитувал за целиот негов работен век. Откако во 1999 година бил назначен за тренер на нисколигашот Теголето, тој се одлучил да се откаже од својата работа за да се посвети исклучиво на својата тренерска кариера.[5]

Тренерска кариера

Рана кариера

Првиот клуб во кој Сари работел како тренер бил УСД Стиа 1925, кого започнал да го тренира во 1990 година во деветтата лига во Италија позната како Секонда Категорија. Следната година тој бил назначен за тренер на клубот од истата лига, Фаељезе, кој го одвел до Промоционе (седмата лига по ранг).[6]

Потоа Сари работел во УСД Карвиља и УС Антела, две екипи во кој забележал нови позитивни резултати водејќи ги двете екипи до промоција во Екеленца, тогаш шестото ниво на италијанскиот фудбал.[7] Во 1998 година ја преземал тренерската функција во Валдема, клуб од истата лига, но добил отказ следниот јануари. Потоа тој го презел УС Теголето, исто така во истата лига во септември 1999 година, но го напуштил клубот на крајот на сезоната откако успеал да обезбеди опстанок и завршил на 11. место.

Сансовино и Санџованезе

Во 2000 година, Сари потпишал договор со Сансовино кој исто така во тоа време играл во Екеленца, и успеал да оствари промоција во Серија Д (петта лига) веќе во неговата прва сезона во клубот; тој останал уште две сезони на чело на клубот, достигнувајќи до плејофот за промоција во Серија Ц2 (четврта лига) во неговата последна сезона.[8] Тој, исто така, го освоил Купот на Италија Серија Д со клубот за сезоната 2002-2003.

Неговите успеси со Сансовино довеле до тоа клубот од Серија Ц2, Санџованезе, да го назначи за свој тренер во 2003 година. Во својата деби сезона во професионалниот фудбал тој остварил промоцијата во Серија Ц1 (трета лига) во сезоната 2003-2004 и го одвел клубот до осмото место во оваа лига следната сезона. По две сезони во клубот, на 18 јуни 2005 година поднел оставка.[9]

Пескара, Арецо и Авелино

На 9 јули 2005 година, Сари потпишал договор со екипата на Пескара,[10] со која дебитирал во Серија Б во сезоната 2005-2006, обезбедувајќи опстанок на три кола пред крајот. На 30 јуни 2006 година тој поднел оставка.

На 1 ноември 2006, Сари ја преземал функцијата во Арецо, заменувајќи го на клупата Антонио Конте. Таа сезона Арецо остварил незаборавен успех во Купот на Италија каде стигнале до четвртфиналето елиминирајќи го Ливорно кој тогаш играл во Серија А, пред да бидат елиминирани од Милан со вкупни 2-1 (0-2 во Милано, 1-0 во реваншот). На 13 март 2007, тој бил отпуштен, оставајќи зад себе резултати што ќе останат во историјата на тосканскиот клуб: како ремито 2-2 дома со Јувентус на Дидје Дешан и ремито 2-2 против Наполи на Сан Паоло.[11]

На 18 јули 2007, започнал многу кратко искуство со Авелино:[12] тој поднел оставка на 23 август, по поразот од Асколи со 0-2 во Купот на Италија, уште пред да започне првенството во Серија Б, верувајќи дека не може да работи во она што го опишува како "ситуација без планирање и организација".[13][14]

Верона и Перуџа

После тренирањето на три клуба од Серија Б, Сари се вратил во Серија Ц1 на 31 декември 2007 каде ја преземал екипата на Верона заменувајќи го на клупата Давиде Пелегрини.[15] На 28 февруари 2008 година, тој бил отпуштен откако освоил само еден единствен бод во 6 кола забележувајќи 5 последователни порази, а Верона се нашла на последното место во моменталниот поредок.[16]

На 23 септември, тој ја преземал функцијата во Перуџа во истата лига (сега преименувана во Лега Про Прима Дивизионе) заменувајќи го Џовани Паљари на клупата,[17] но бил отпуштен на 15 февруари 2009, после поразот од Галиполе.[18]

Гросето

На 24 март 2010 година, тој го заменил отпуштениот Елио Густинети на клупата на Гросето, за последните 11 лигашки натпревари.[19][20] Сепак, откако неуспеал да обезбеди место во плејофот за Серија А, забележувајќи само 2 победи, 7 нерешени и 2 порази, договорот не му бил продолжен и Сари повторно станал слободен.

Алесандрија

Во летото 2010 година, Сари, кој претходно изразил намера дека не сака повеќе да тренира во третата лига по искуството во Перуџа, бил убеден од новиот претседател и спортски директор на Алесандрија (Џорџо Велтрони и Нарио Кардини, со кој позитивно работел во Сансовино) да потпише за екипата од Пиемонт, која тогаш се натпреварувала во Лега Про Прима Дивизионе.[21]; договорот бил потпишан на 6 јули.[22] Алесандрија под водството на Сари брзо избила на врвот на табелата уште по првите кола во првенството 2010-2011; Сари ја консолидирал употребата на формацијата 4-2-3-1 (откако тој претходно пробувал со 4-3-3), истовремено тој промовирал добар број на играчи кој ја прераснале оваа лига и биле спремни за чекор нагоре во нивните кариери (Пучино, Чанчо, Кроче, Скапини) и демонстрирал одлични вештини за раководење со групата, особено за време на вториот дел од сезоната, кога клубот се нашол во борба со сериозни економски тешкотии, по ненадејното напуштање на претседателот и со вклучување во скандалот со наместени натпревари Скомесополи.[21]

Алесандија го завршила првенството на третото место, постигнувајќи го најдобриот спортски резултат за повеќе од 35 години и избориле место во плејофот за промоција во Серија Б; во плејофот тие биле елиминирани од страна на Салернитана во полуфиналето, искуство на кое Алесандрија се сеќава со жалење тврдејќи дека многуте судиски грешки го одлучиле победникот.

По завршувањето на сезоната, Алесандрија западнала во уште поголема криза и била административно исфрлена во Секонда Дивизионе (4. лига) поради горенаведената истрага за наместени натпревари; Сари бил ослободен.[23]

Соренто

На 7 јули 2011, тој потпишал договор со Соренто, уште еден член на Лега Про Прима Дивизија.[24] На 14 декември тој бил отпуштен, во моментот кога екипата се наоѓала на шестото место на табелата, и бил заменет од Џенаро Руотоло.[25]

Емполи

На 25 јуни 2012 година, потпишал договор со Емполи.[26] На почетокот на сезоната клубот бил во резултатска криза и по 9 кола се нашол на последната позиција на табелата со вкупно 4 бода, но по неколку недели екипата започнала да се враќа на победничките патеки и го завршила првенството на четвртото место: откако се квалификувале за плејофот, тие го загубиле финалето од Ливорно а со тоа и шансата да изборат промоција во Серија А, откако претходно ја елиминирале Новара со вкупен резултат 5-2 во полуфиналето.

Следната сезона 2013-2014, Емполи завршил на второ место во лигата, и изборил директна промоција во Серија А, после шестгодишно отсуство. Екипата на Сари освоила 72 бода со учинок од 20 победи, 12 нерешени и 10 порази.

Во сезоната 2014-2015 дебитирал со аѕурите во највисоката италијанска фудбалска лига, обезбедувајќи опстанок на 4 кола до крајот на првенството: Емполи завршил на 15-тото место на табелата со 42 бода (8 победи, 18 нерешени, 12 порази) и се смета за откровение на првенството.[27][28] Веднаш по завршувањето на сезоната, на 4 јуни 2015 тој поднел оставка, и покрај тоа што имал уште две години договор со тосканскиот клуб.

Наполи

На 11 јуни 2015 година, Сари потпишал договор со клубот од неговиот роден град, Наполи, заменувајќи го на клупата Рафаел Бенитес, кој заминал откако неуспеал да обезбеди пласман на некое од местата кои воделе во Лига на шампионите.[29][30] Тој потпишал едногодишен договор - со опција до 31 мај 2016 да се продолжи соработката за уште 4 години - според кој би требало да заработи 900.000 евра годишно плус бонуси.[31][32]

Во неговата првата сезона, Сари ги донел Елсеид Хисај, Пепе Реина и Алан. Своето деби во Серија А го имал на 23 август 2015 година, во натпреварот против Сасуоло на Стадионот Мапеи во Реџо Емилија во кој е поразен од екипата на Еузебио Ди Франческо со 2-1.[33] На 17 септември го имал дебито во својата кариера како тренер во европските натпреварувања, предводејќи го Наполи до победа над Клуб Бриж со 5-0 во Лигата на Европа, што била и првата победа на Сари на клупата на наполитанците.[34] Три дена подоцна, на 20 септември, ја забележал својата прва победа во првенството, победувајќи го Лацио на Сан Паоло со 5-0.[35] На 30 ноември, благодарение на победата од 2-1 над Интер, Наполи избил на првото место во најсилната италијанска фудбалска лига, за првпат по повеќе од 25 години (сезоната 1989-1990, кога Наполи го освоил своето второ скудето).[36] На 10 декември 2015 година, Сари со Наполи ја забележал својата шеста победа во шест натпревари од Лигата на Европа, освојувајќи максимален број на бодови (18 од 18) во групната фаза, со постигнати 22 гола во 6 натпревари и примени голови 3 исто така во 6 натпревари.[37] На 10 јануари 2016 година, победувајќи го Фрозиноне со 1-5 на гости, Наполи станал зимски шампион (Campione d'Inverno) во Серија А, со 41 освоен бод во 19 натпревари, нешто што клубот претходно за последен пат го имал сторено во сезоната 1989-1990, годината во која го освоиле своето второто скудето.[38] На 7 февруари, со победата од 1-0 на домашен терен против Карпи, Наполи ја забележал својата осма последователна победа во лигата, што претставува рекорд во клупската историја на екипата од Неапол во Серија А.[39]

Сари како тренер на Наполи во сезоната 2016-2017.

Наполи ја завршил сезоната на второто место со 82 бода (25 победи, 7 нерешени и 6 изгубени), 9 помалку од шампионот Јувентус, и избориле директна квалификација во групите на Лигата на шампионите.[40] Од напаѓачкиот фудбал на Сари најмногу профитирал аргентинскиот напаѓач Гонсало Игуаин, кој постигнал 36 гола на 35 натпревари во Серија А, со што го израмнил рекордот на Џино Росети од сезоната 1928-1929 за најмногу постигнати голови од еден играч во некоја сезона на првата италијанска лига.[41]

По позитивната сезона, на Сари му бил продолжен договорот до 2020 година.[42] Пред почетокот на неговата втора сезона во Наполи, тој се соочил со голема загуба откако во летото најдобриот стрелец во лигата во претходната сезона Игуаин го напуштил клубот и потпишал за шампионот Јувентус за 90 милиони евра. Сепак, Сари ставил вето на опцијата за трошење на парите добиени од продажбата на Игуаин за доведување на слична замена, барајќи наместо тоа парите да бидат потрошени за засилување на послабите позиции на тимот и да се подобри широчината на ростерот. На крајот клубот го довел полскиот напаѓач Аркадиуш Милик за да го замени Игуаин, но по добриот почеток тој немал среќа и потешко се повредил поради што морал да пропушти поголем дел од сезоната. Откако останал без класичен напаѓач, Сари бил приморан некого принудно да користи на позицијата централен напаѓач, ставајќи го таму Дрис Мертенс, кој дотогаш играл на позицијата крило;[43] тоа се покажало како генијален потег на Сари затоа што белгиецот постигнал 28 гола во Серија А, завршувајќи како втор стрелец во лигата со само еден гол помалку од Един Џеко од Рома. Втората сезона на клупата на Наполи Сари ја завршил на третото место во лигата, квалификувајќи се за плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите (која подоцна ја минале) против француската Ница.

Третата сезона на Наполи под водство на Сари започнала одлично за клубот од Кампанија, откако бил поставен клупски рекорд за најдобар старт на некоја сезона во Серија А со 8 победи во низа, што пак претставува изедначување на клупскиот рекорд за најмногу победи во низа на Наполи во Серија А.[44] Првиот пораз во лигата играчите на Сари го забележале дури во декември од Јувентус со 1-0 на Сан Паоло. Тие исто така, како и пред две години ја освоиле и титулата Campione d'Inverno. Сепак, на 3 март 2018, после вториот пораз во лигата, овојпат на домашен терен од Рома со 2-4, Наполи ја загубил водечката позиција од Јувентус. Предноста на Јувентус потоа и се зголемила, но после победата на Наполи во Торино со 1-0 (со голот на Кулибали во судиското продолжение) во директното соочување, трката за титулата останала отворена со само еден бод предност за бјанконерите пред тимот на Сари. Сепак, веќе во следното коло Јувентус тешко го победил Интер со 3-2, со пресврт во завршницата од натпреварот, што ги погодило фудбалерите на Наполи кој следниот ден биле катастрофално поразени со 3-0 во Фиренца од Фјорентина.[45] Две кола подоцна, откако титулата и дефинитивно била загубена, Сари изјавил: "Ние требаше да одиме да спиеме порано. Мислам дека екипата претрпе психолошки удар поради начинот на кој тој натпревар заврши. Разочаран сум што го загубивме првенството во хотел, а не на терен".[46] Наполи ја завршил сезоната 2017-2018 во Серија А на второто место, со четири бода зад Јувентус, но и покрај разочарувањето поради загубеното скудето оваа сезона била една од најдобрите во историјата на клубот; бил поставен клупски рекорд за најмногу освоени бодови (91) во една сезона во Серија А, за најмногу победи (28) во една сезона во Серија А и за најмалку примени голови (29) исто така во една сезона во Серија А, откако во првенството се натпреваруваат 20 екипи.

На 23 мај 2018 година, по три сезони на клупата на Наполи, претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис најавил дека Сари нема да остане во Наполи.[47] Набргу потоа бил заменет од Карло Анчелоти.[48][49]

Челси

Сари (лево) како менаџер на Челси во 2018, заедно со Марк Хјуз од Саутхемптон.

На 14 јули 2018, Сари бил назначен за менаџер на Челси, заменувајќи го Антонио Конте кој ден претходно добил отказ.[50] Дебитирал на клупата на Челси во официјален натпревар на 5 август, во поразот со 2–0 од Манчестер Сити во Комјунити Шилд натпреварот на Вембли.[51] Следната недела, тој ја забележал првата победа како менаџер на сините во успехот со 3–0 против Хадерсфилд Таун во лигата.[52] Сари станал првиот тренер или менаџер кој успеал да остане непоразен во текот на неговите први 12 натпревари во Премиер лигата,[53] до 24 ноември, кога неговиот тим загубил со 3-1 од Тотенхем.[54][55]

За време на финалето на Лига купот 2019 против Манчестер Сити, во натпреварот кој завршил 0-0 и биле неизбежни пенали, Сари повикал голманот Кепа Арисабалага да биде заменет од Вили Кабалјеро; поранешен голман на Сити, чии одбранети пенали му помогнале на клубот да победи во финалето на Лига купот 2016. Сепак, Арисабалага одбил да биде заменет. Гневен на тоа Сари се упатил кон тунелот на стадионот, а подоцна бил задржан од страна на дефанзивецот на Челси Антонио Рудигер пред да се соочи со голманот. Челси го загубил финалето со 3-4 на пенали.[56][57] По натпреварот, и Арисабалага и Сари рекле дека ситуацијата била недоразбирање, при што Сари верувал дека Арисабалага бил повреден и дека грчевите не му дозволувале да продолжи, но Арисабалага се чувствувал добро да продолжи.[58] Својата прва сезона како менаџер во Премиер лигата, Сари ја завршил на третото место и изборил со Челси пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. На 29 мај, Сари го освоил својот прв голем трофеј како тренер откако Челси го победил Арсенал со 4-1 во финалето на УЕФА Лигата на Европа во Баку.[59] Челси успеал да ја освои титулата непоразен во текот на целата сезона во Лига Европа.[60]

Јувентус

Сари за време на својот период како тренер на Јувентус.

На 16 јуни 2019, од Јувентус преку својата официјална вебстрана објавиле дека потпишале тригодишен договор со Сари, и дека тој ќе го замени Масимилијано Алегри на клупата на италијанскиот шампион.[61][62] Непосредно пред почетокот на сезоната се лекувал од пневмонија, што не му дозволила да го води тимот на почетокот на првенството,[63] па привремено бил заменет од неговиот помошник, Џовани Мартушиело,[64] за првите две кола од Серија А.

Дебитирал на клупата на Јувентус на 14 септември,[65] на гостувањето против Фјорентина (0-0); четири дена подоцна тој дебитирал во Лигата на шампионите со торинскиот тим, во ремито во Мадрид против Атлетико Мадрид (2-2).[66] Во текот на испрекинатата спортска сезона, обележана со присилното запирање предизвикано од пандемијата на COVID-19, непсредно пред Божиќната пауза Сари не успеал да го освои првиот тројеф со Јувентус губејќи го предизвикот во Суперкупот на Италија против Лацио;[67] во јуни 2020, кога продолжила фудбалската активноста, тој ги одвел бјанконерите до финалето на Купот на Италија, но во тоа финале тој повторно загубил, овојпат по изведување пенали, против Наполи.[68]

На 26 јули 2020 година, на две кола до крајот на првенството во Серија А, тој го предводел Јувентус до нивното деветто последователно скудето, што било исто така прво во кариерата за Сари: на возраст од 61 година тој станал најстариот тренер кој успеал да ја освои титулата во италијанското фудбалско првенство во ерата на една група, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од тренерот на Рома Нилс Лидхолм во сезоната 1982-1983, како и најстариот тренер што го освоил своето прво скудето, одземајќи му го приматот во оваа категорија на некогашниот тренер на Сампдорија Вујадин Бошков поставен во сезоната 1990-1991.[69] И покрај успехот во лигата, разочарувачките резултати во другите сезонски натпреварувања, пред сè раната елиминација во нокаут-фазата од Лигата на шампионите од помалку фаворизираниот Олимпик Лион,[70] довела до негово отпуштање на 8 август 2020 година.[71]

Лацио

На 9 јуни 2021, по една година без работа, Сари бил назначен за тренер на Лацио.[72]

Тренерска статистика

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2019. Во болд се освоените натпреварувања.

СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноПобеди %Пласман
НатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИНатпОНПНИОНПНИ%
1996-1997 АнтелаПром.301884---------------&1000000000000003000000030&1000000000000001800000018&100000000000000080000008&100000000000000040000004&1000000000000600000000060,002. место (промоција)
1997-1998Екел.3081012---------------&1000000000000003000000030&100000000000000080000008&1000000000000001000000010&1000000000000001200000012&1000000000000266700000026,6712. место
Вкупно Антела60261816------------&1000000000000006000000060&1000000000000002600000026&1000000000000001800000018&1000000000000001600000016&1000000000000433300000043,33
1998-1999 ВалдемаЕкел.17566---------------&1000000000000001700000017&100000000000000050000005&100000000000000060000006&100000000000000060000006&1000000000000294100000029,41отпуштен
1999-2000 ТеголетоЕкел.26899---------------&1000000000000002600000026&100000000000000080000008&100000000000000090000009&100000000000000090000009&1000000000000307700000030,77назначен, крај 11. место
2000-2001 СансовиноЕкел.301848---------------&1000000000000003000000030&1000000000000001800000018&100000000000000040000004&100000000000000080000008&1000000000000600000000060,001. место (промоција)
2001-2002Д34131110КИ-Д6411----------&1000000000000004000000040&1000000000000001700000017&1000000000000001200000012&1000000000000001100000011&1000000000000425000000042,506. место
2002-2003Д34+2[73]17+2134КИ-Д14842----------&1000000000000005000000050&1000000000000002700000027&1000000000000001700000017&100000000000000060000006&1000000000000540000000054,002. место (промоција)
Вкупно Сансовино100502822201253--------&10000000000000120000000120&1000000000000006200000062&1000000000000003300000033&1000000000000002500000025&1000000000000516700000051,67
2003-2004 СанџованезеЦ23416144КИ-Ц8422----------&1000000000000004200000042&1000000000000002000000020&1000000000000001600000016&100000000000000060000006&1000000000000476200000047,622. место група Б (промоција)
2004-2005Ц136131112КИ-Ц4121----------&1000000000000004000000040&1000000000000001400000014&1000000000000001300000013&1000000000000001300000013&1000000000000350000000035,008. место група A
Вкупно Санџованезе7029251612543--------&1000000000000008200000082&1000000000000003400000034&1000000000000002900000029&1000000000000001900000019&1000000000000414600000041,46
2005-2006 ПескараБ42141216КИ1001----------&1000000000000004300000043&1000000000000001400000014&1000000000000001200000012&1000000000000001700000017&1000000000000325600000032,5611. место
2006-2007 АрецоБ18477КИ4211----------&1000000000000002200000022&100000000000000060000006&100000000000000080000008&100000000000000080000008&1000000000000272700000027,27наз. 21. место, отп. 22. место
јул.-авг. 2007 АвелиноБ0000КИ1001----------&100000000000000010000001&100000000000000000000000&100000000000000000000000&100000000000000010000001&0&100000000000000000000000,00оставка
јан.-фев. 2008 ВеронаЦ16015КИ-Ц0000----------&100000000000000060000006&100000000000000000000000&100000000000000010000001&100000000000000050000005&0&100000000000000000000000,00наз. 18. место, отп. 18. место
2008-2009 ПеруџаЛП-1Д18585КИ-ЛП4130----------&1000000000000002200000022&100000000000000060000006&1000000000000001100000011&100000000000000050000005&1000000000000272700000027,27наз. 15. место, отп декември место
мар.-мај 2010 ГросетоБ11272КИ0000----------&1000000000000001100000011&100000000000000020000002&100000000000000070000007&100000000000000020000002&1000000000000181800000018,18наз април место, крај 7. место
2010-2011 АлесандријаЛП-1Д34+2[73]1512+17+1КИ+КИ-ЛП2+11+001+1----------&1000000000000003900000039&1000000000000001600000016&1000000000000001300000013&1000000000000001000000010&1000000000000410300000041,033. место (плејоф)
авг.-дек. 2011 СорентоЛП-1Д16763КИ+КИ-ЛП2+11+001+1----------&1000000000000001900000019&100000000000000080000008&100000000000000060000006&100000000000000050000005&1000000000000421100000042,11отпуштен 6. место
2012-2013 ЕмполиБ42+4[73]20+113+29+1КИ1001----------&1000000000000004700000047&1000000000000002100000021&1000000000000001500000015&1000000000000001100000011&1000000000000446800000044,684. место (плејоф)
2013-2014Б42201210КИ2101----------&1000000000000004400000044&1000000000000002100000021&1000000000000001200000012&1000000000000001100000011&1000000000000477300000047,732. место (промоција)
2014-2015А3881812КИ3210----------&1000000000000004100000041&1000000000000001000000010&1000000000000001900000019&1000000000000001200000012&1000000000000243900000024,3915. место
Вкупно Емполи1264945326312--------&10000000000000132000000132&1000000000000005200000052&1000000000000004600000046&1000000000000003400000034&1000000000000393900000039,39
2015-2016 НаполиА382576КИ2101ЛЕ8611-----&1000000000000004800000048&1000000000000003200000032&100000000000000080000008&100000000000000080000008&1000000000000666700000066,672. место
2016-2017А382684КИ4301ЛШ8323-----&1000000000000005000000050&1000000000000003200000032&1000000000000001000000010&100000000000000080000008&1000000000000640000000064,003. место
2017-2018А382873КИ2101ЛШ+ЛЕ8[74]+24[74]+104+1-----&1000000000000005000000050&1000000000000003400000034&100000000000000070000007&100000000000000090000009&1000000000000680000000068,002. место
Вкупно Наполи1147922138503261439----&10000000000000148000000148&1000000000000009800000098&1000000000000002500000025&1000000000000002500000025&1000000000000662200000066,22
2018-2019 ЧелсиПЛ382198ФАКуп+ЛК3+62+40+11+1ЛЕ151230КШ1001&1000000000000006300000063&1000000000000003900000039&1000000000000001300000013&1000000000000001100000011&1000000000000619000000061,903. место
2019-2020 ЈувентусА382657КИ5230ЛШ7511СИ1001&1000000000000005100000051&1000000000000003300000033&100000000000000090000009&100000000000000090000009&1000000000000647100000064,711. место
2021-2022 ЛациоА4211КИ0000ЛЕ1001-----&100000000000000050000005&100000000000000020000002&100000000000000010000001&100000000000000020000002&1000000000000400000000040,00во тек
Вкупно во кариерата7363402211757638182048317102002&10000000000000862000000862&10000000000000409000000409&10000000000000246000000246&10000000000000207000000207&1000000000000474500000047,45

Титули

Сансовино

  • Екеленца : 1
2000-2001 (група Б)
  • Куп на Италија - Серија Д : 1
2002-2003

Челси

2018-2019

Јувентус

2019-2020

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица