10 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

10 јануари — 10-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 355 денови до крајот на годината (356 во престапна).

Настани:

49 п.н.е. Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863 Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот.
1920 По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975 Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Средна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996 Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996 Република Македонија и Европската унија воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1883 Алексеј Толстој — руски и советски писател.
1897 Методија Шаторов - Шарло — македонски комунист и национален деец.
1902 Добрица Цесариќ — хрватски поет.
1909 Павле Савиќ — српски физичар и хемичар.
1913 Густав Хусак — последниот социјалистички претседател на Чехословачка.
1924 Макс Роуч — американски џез-музичар.
1931 Јован Зизјулас — грчки теолог и Митрополит Пергамски на Вселенската патријаршија.
1935 Леонид Кравчук — украински политичар.
1945 Род Стјуарт — англиски пејач.
1948 Никола Плеќаш — хрватски и југословенски кошаркар.
1948 Доналд Фејген — американски рок-музичар.
1949 Џорџ Формен — американски боксер.
1950 Вецко Домазетовски — македонски есеист, критичар и книжевен теоретичар.
1959 Курт Кирквуд — американски рок-музичар.
1959 Маурицјо Сари — италијански фудбалски тренер.
1963 Франческо Панета — италијански атлетичар.
1973 Феликс Тринидад — порторикански боксер.
1978 Иво Ивановскиминистер за информатичко општество и администрација на Македонија.
1987 Цезар Сиело — бразилски пливач.
1991 Гонсало Перес де Варгас — шпански ракометен голман.
1992 Шиме Врсаљко — хрватски фудбалер.
1999 Мејсон Маунт — англиски фудбалер.
1999 Јусуф Фофана — француски фудбалер.

Починале:

1778 Карл фон Лине — шведски ботаничар и систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.
1862 Семјуел Колт — американски пронаоѓач.
1891 Лаза Лазаревиќ — српски писател.
1917 Вилијам Коди (познат како Бафало Бил) — американски каубоец.
1951 Синклер Луис — американски писател.
1971 Коко Шанел — француска модна дизајнерка.
1986 Јарослав Сајферт — чешки поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1984 година.
1991 Александар Лазаров — редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.
2003 Жулињо — бразилски фудбалер.
2006 Фадил Тоскиќ — босански и југословенски пејач.
2007 Карло Понти — италијански филмски продуцент.
2011 Бора Костиќ — српски и југословенски фудбалер.
2011 Бошко Петровиќ — хрватски џез-музичар.
2015 Тим Драмонд — американски рок-музичар.
2016 Дејвид Боуви — англиски рок-музичар.
2018 Димитар Димитров — македонски гинеколог.
2018 Еди Кларк — британски рок-музичар, член на групата Моторхед.
2020 Неда Арнериќ — српска и југословенска глумица.
2023 Џеф Бек — англиски рок-гитарист.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица