Мир

Мир е состојба кога на некоја територија не се води војна. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените (како на пр. Версајскиот мировен договор). Сепак, постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот (пр. војната меѓу Рим и Картагина)

Симбол на мирот

Поим и историски развој

Мирот можеме да го повреземе со спокој, хармонија, без конфликти, толеранција, дијлог. Мирот е спротивно од конфликт. Постојат многу теории и дефиниции за мирот. Според некои, мирот претставува слобода без препреки, спокој, хармонија, несебичен чин на љубовта. Според други, мирот е внатрешно задовлство ведрина, а за трети, состојба без насилства и зла. Во најширока смисла на зборот, мирот е состојба на хармонија, без никакви конфликти не само помеѓу луѓето, туку и помеѓу и природата.

Уште Старите Римјани се обидувале да го определат мирот. За нив мирот претставувал состојба без војни. Во седумдесеттите години од XX век, се појавила хипи-културата, за која „Мир во светот“ претставува една од главните пароли, најчесто употребувана против американскиот режим во однос на војната во Виетнам.

Мерење на мирот

Според глобалниот индекс за мирот што го објавува Институтот за економија и мир, во 2016 година најдобро рангирани земји според мирот биле: Исланд, Данска, Австрија, Нов Зеланд, Португалија, Чешка, Швајцарија, Канада, Јапонија и Словенија. Во поглед на мирот и безбедноста, Хрватска била сместена на 26. место во светот, Бугарија го зазела 29. место, Србија 48. место, Албанија се наоѓала на 54. место, Косово на 77. место, а Македонија дури на 94. место.[1]

Мирот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Свеченоста на мирот“ — драма на германскиот писател Герхарт Хауптман.[2]
  • „Мир низ вандализам“ (англиски: Peace Thru Vandalism) — музички албум на американската панк-рок група Вандалс (The Vandals) од 1982 година.[3]
  • „Мир“ (англиски: Peace) — композиција на американскиот џез-музичар Орнет Коулмен (Ornette Coleman) од 1959 година.[4]
  • „Мир — Почеток“ (англиски: Peace - A Beginning) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[5]
  • „Мир — Крај“ (англиски: Peace - An End) — песна на King Crimson од 1970 година.[6]
  • „Психоделична мировна ламба“ (англиски: Psychedelic Peace Lamp) — песна на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[7]
  • „Мир“ (англиски: Peace) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.[8]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица