Летни олимписки игри 1988

Летните олиумписки игри - 1988 или официјално игри на 24. Олимпијада се одржале во Сеул. Градот бил избран за домаќин на 30 септември 1981 со победа над конкурентскиот град Нагоја.

XV Зимски олимписки игри
Games of the XXIV Olympiad
Games of the XXIV Olympiad

Град домаќинКалгари, Алберта, Канада
Бр. на држави160
Бр. на спортисти8,391 (6,197 мажи, 2,194 жени)
Натпревари263 од 27 спортови
Отворени13 февруари
Затворени28 февруари
Официјално отворени од:Рох Тае- во [1]
Спортска заклетваХур Же и Шон Ми- На
Олимписка заклетваЛи Хак- Ре
Олимписки оганСон Ки- чунг, Чунг Суман,
Ким Вонтак и Сон Ми- Чунг
СтадионСтадион МекМахом
Огномет на затворањето на Летните олимписки игри

Северна Кореја која била сè уште во војна со Јужна Кореја ги бојкотирала игрите. Куба, Етиопија и Никарагва и се придружиле во бојкотот.

На игрите настапиле 8391 спортист (6197 мажи и 2194 жени) од 160 земји во 237 натпревари. 27221 волонтер помогнале во подготовките за игрите. 11331 медиум (4978 пишани медиуми и 6353 сопственици на правата за прениос) известувале од игрите.

Изборот на град-домаќин за игрите се одржал на 84. сесија на МОК на 30 септември 1981 одржана во Баден- Баден. Ова е табелата со резултатите од гласањето за избор на град - домаќин на игрите the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.:

Резултати од гласањето за избор на град- домаќин на Летните олимписки игри - 1988
ГрадRound 1
Јужна Кореја Република Кореја Сеул52
Јапонија Нагоја27

Ретроспектива

  • Владимир Артемов од СССР освоил 4 златни медали во гимнастика, а Даниејела Силваш од Романија 3.
  • Флоренс Грифит Џојнер од САД освоила 3 златни и еден сребрен медал во атлетика.
  • Канаѓанецот Бен Џонсон победил во трката на 100m, но подоцна бил дисквалификуван поради тоа што бил позитивен на допинг тестот. Во 2004, Џонсон изјави дека авторитетот на американските спортисти ги заштитува сљамите нив. Тој исто така изјави дека станоцололот во неговата храна го ставил Андре Џексон.
  • Американскиот боксер Рој Џонс Јуниор загубил во финалниот меч против Кореецот Парк Си- Хун. Судиите го изгласале Хун со резултат од 3-2 за победник што за Американците е спорно.
  • Лоренс Лемие од Канада во едрење во класата Фин бил на втората позиција за време на трката и речиси сигурно би го освоил сребрениот медал, но тој застанал да му помогне на еден повреден натпреварувач, па на крај завршил дури на 21. место.Но, сепак поради неговата храброст и поижртвуваност бил одликуван со Медалот Пјер де Кубертен.
  • Американскиот скокач во вода Грег Луганис освоил 2 златни медали, но си ја удрил главата од даската за скок. Тој исто така бил и ХИВ-позитивен, но за тоа не му кажал никому.
  • Криста Ротенбургер од Источна Германија станала првиот и досега единствен спортист со медали и од Летните и од Зимските олимписки игри. На игрите во Сеул, таа освоила сребро во велосипедизам, а на Зимските олимписки игри истата година одржани во Калгари победила во брзо лизгање.
  • Ентони Нести од Суринам го освоил првиот златен медал за својата земја, а исто така станал и првиот црномурест натпреварувач кој освоил злато во пливање. Досега тоа не го повторил ниту еден.
  • Кристин Ото од Источна Германија освоила 6 златни медали во пливање. Мат Бјонди кој бил во поход да го сруши рекордот од 7 златни медали на Марк Шпиц освоил 5, а Џенет Еванс освоила 3.
  • Шведската натпреварувачка во мечување Керстин Палм станала првата жена којашто учествувала на 7 Олимписки игри.
  • Марк Тод од Нов Зеланд го освоил својот втор последователен златен медал на Олимписките игри јавајќи го својот коњ Харизма во тридневниот натпревар во коњички спортови.
  • Спортовите бејзбол и теквондо биле демонстративни. За спортот бејзбол ова било седми пат да биде демонстративен спорт на Олимписките игри.
  • За последен пат на Олимписките игри, кошаркарската репрезентација на САД била составена од играчи кои не играат во НБА лигата. САД очекувано загубиле од Советскиот Сојуз во полуфиналето.
  • За првпат во Олимписката историја, натпреварите во дерсура добиле жени како победници.
  • Спортот џудо во женска конкуренција бил демонстрационен спорт.
  • Нов спорт којшто бил воведен на игрите бил спортот пинг-понг. Кина и Јужна Кореја освоиле по 2 златни медали.
  • Тенисот се вратил на Олимписките игри како дел од Олимписката програма по пауза од 64 години. Во финалето во женска конкуренција Штефи Граф ја победила Габријела Сабатини.
  • Два бугарски натпреварувачи во кревање тегови морале да ги вратат освоените златни медали поради нивните позитивни допинг тестови. Како последица на овој настан, бугарската делегација ги напуштила игрите.

Спортови

Демонстративни спортови

Земји-учеснички

Учесници (со сина боја се обележани земјите кои за првпат учествуваат на Олимписките игри)

Спортисти од 159 земји се натпреварувале на игрите во Сеул. Аруба, Американска Самоа, Кушки Острови, Гуам, Малдиви, Вануату, Сент Винсент и Гренадини и Јужен Јемен дебитирале на игрите.

Во следнава листа се дадени сите земји-учеснички на игрите во Сеул:

Освојувачи на медали

„Seoul 1988 Medal Table“. www.olympic.org. Посетено на 2007-10-07.</ref>

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 СССР553146132
2 Источна Германија373530102
3  САД36312794
4 Република Кореја (домаќин)12101133
5 Западна Германија11141540
6  Унгарија116623
7  Бугарија10121335
8  Романија711624
9  Франција64616
10  Италија64414

Маскота

Официјална маскота за Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул бил Ходори. Тоа бил сибирски тигар измислен од Ким Хјун, претставувајќи го пријателството на Корејците.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица