Летни олимписки игри 1992

25. Летни олимписки игри се одржале во 1992 во Барселона.

XVI Зимски олимписки игри
Град домаќинАлбертвил, франција
Бр. на држави169
Бр. на спортисти9,356 (6,652 мажи, 2,704 жени)
Натпревари286 од 32 спортови
Отворени8 февруари
Затворени23 февруари
Официјално отворени од:Хуан Карлос I
Спортска заклетваЛуис Доресте Бланко
Олимписка заклетваЕвгени Асенсио
Олимписки оганАнтонио Реболо
СтадионТеатар на Церемониите

Изборот на град-домаќин

Барселона, родниот град на тогашниот претседател на МОК Хуан Антонио Самаранч бил избран за град-домаќион на игрите со победата на противкандидатските градови: Амстердам, Белград, Бирмингем, Бризбејн и Париз на 91. сесија на МОК одржана во Лозана на 17 октомври 1986. Резултатие од гласањето се дадени во следната табела (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Реултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1992
ГрадИме на НОКПрв кругВтор кругТрет круг
Барселона  Шпанија293747
Париз  Франција192023
Белград СФР Југославија13115
Бризбен Австралија11910
Бирмингем Обединето Кралство88-
Амстердам  Холандија5--

Ретроспектива

Параолимпискиот натпреварувач во стреличарство Антонио Реболо истрелал стрела со што го запалил Олимпискиот оган.

  • Во кошарка, репрезентацијата на САД предводена од Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли и Лари Б'рд го освоила златниопт медал.
  • Јужноафриканската Република се вратила на игрите по 28 годишна пауза. Натпреварувачката од оваа земја Елана Меер водела голема борба со Етиопјанката Дерарту Тулу во трката на 10,000m, но сепак не успеала да победи и го освоила сребрениот медал.
  • Германија настапувала како една нација што за последен пат било случај на Летните олимписки игри - 1960 одржани во Рим.
  • Со распадот на Советскиот Сојуз, Латвија, Литванија и Естонија настапиле како смаостојни учеснички по пауза од 56 години, а останатите нации од „големата држава“ настапиле како Заедница на независни држави (ЗНД).
  • Распадот на СФР Југославија довел Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина да настапат самостојно на игрите, додека на спортистите од СФР Југославија им било забрането да настапат за својата репрезентација, па настапиле под Олимпиското знаме како независни олимписки учесници. Македонија не учествувала на игрите.
  • Виталиј Шчербо од Белорусија освоил 6 златни медали во гимнастика од кои 5 биле вои поединечна конкуренција со што го изедначил рекордот по број на освоени медали во поединечна конкуренција Ерик Хелден.
  • Во гимнастика во женска конкуренција, Татјана Гуцу освоила злато во комбинација.
  • Во скокови во вода Фу Мингксиа од Кина освоила златен медал во највисоката дисциплина на возраст од само 13 години.
  • Пливачите од Русија Александар Попов и Евгениј Садовиј доминирале во пливање во слободен стил. И двајцата освоиле по 2 златни медали, а Садовиј освоил и трет како дел од штафетата на Русија.
  • Елевин Ешфорд го освоила својот четврти златен, а трет златен во штафетата 4x100m во атлетика на Олимписките игри.
  • Кристина Егерсеги од Унгарија освоила 3 златни медали во пливање во поединечна конкуренција.
  • По демонстрацијата како спорт на 7 Олимиски игри, конечно бејзболот станал Олимписки спорт. Првиот комплет на медали го освоиле: Куба (злато), Кинески Тајпеј (сребро) и Јапонија (бронза).
  • Спортот хокеј на ролерки или попознат како Квад бил демонстративен спорт на игрите во Барселона. Репрезентациите настапиле поделени во две групи А и В. Во А групата биле Португалија, Аргентина, Италија, САД, Швајцарија и Јапонија додека во В групата настапиле Холандиоја, Бразил, Шпанија, Германија, Ангола и Австралија.
  • Спортот бадминтон станал дел од Олимписките игри. Исто така за првпат и спортистките настапиле во спортот џудо, а дисциплината кајак на диви води се вратила во натпреварувачката програма во спортот кано/кајак по пауза од 20 години.
  • Покрај хокејот на ролерки (Квад) и спортовите баскиска пелота и теквондо биле демонстративни спортови на игрите.
  • Крис Бордман победил на 400m во друмски велосипедизам за Велика Британија.
  • Линфорд Кристи, конечно на 32 години победил во трката на 100m со што станал најстариот победник во оваа атлетска тркачка дисциплина.
  • На 20-годишнината од Минхенскиот масакар и на 500-годишнината од Едиктот Алхамбра, Јаел Арад на својата земја Израел и го донела првиот медал на својата земја со освојувањето на сребрениот медал во џудо. Наредниот ден Орел Смаџа во истиот спорт освоил бронза.
  • Олимпискиот првак во скок со стап од Сеул Сергеј Бубка останал со празни раце.
  • За овие Олимписки игри напишани и изведени биле 2 музички теми. Првата носела наслов „Барселона“ и била напишана 5 години порано од Фреди Меркјури, а втората била „Пријатели за животот“ напишана од Ендрју Лој Вебер и Дон Блек.

Спортови

Демонстративни спортови

  • Баскиска пелота
  • Хокеј на ролерки (Квад)
  • Теквонд
  • Валенсиска пилота

Земји-учеснички

Земји-учеснички

На игрите во Барселона учество земале спортисти од 169 земји. Со распаѓањето на Советскиот Сијуз, балтичките земји Латвија, Литванија и Естонија учествувале самостојно, а останатите земји од поранешната држава учествувале како Заедница на независни држави. А, со распаѓањето на СФР Југославија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина настапиле самостојно, а на СФРЈ и било забрането да настапи, па нејзините спортисти настапиле како независни олимписки учесници. Македонија не настапила на игрите. На игрите дебитирала Намибија.

  • Независни олимписки учесници (59)

Освојувачи на медали

 Место ЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1 Заедница на независни држави453829112
2  САД373437108
3  Германија33212882
4 НР Кина16221654
5 Куба1461131
6  Шпанија137222
7 Република Кореја1251229
8  Унгарија1112730
9  Франција851629
10 Австралија791127

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица