Осумдесет и деветто доделување на наградите Оскар

Осумдесет и деветто доделување на наградите Оскар презентирано од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ги одликуваше најдобрите филмови од 2016 година и се одржи во театарот Долби во Холивуд, Калифорнија на 26 февруари 2017 година. На свеченото доделување, АМПАС додели Оскари во 24 категории. Свеченоста, која во САД беше емитувана на каналот ABC, беше продуцирана од Мајкл Де Лука и Џенифер Тод.[2][3] Телевизискиот водител Џими Кимел беше водител на шоуто.[4]

89. доделување на Оскари
Датум26 февруари 2017
МестоТеатар Долби
Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
ВодителЏими Кимел
Продуцент(и)Мајкл Де Лука
Џенифер Тод
Режисер(и)Глен Вајс
Најистакнати
Најдобар филмМесечина
Најмногу наградиЛа Ла Ленд (6)
Најмногу номинацииЛа Ла Ленд (14)
Телевизиска покриеност
ТВ КаналABC
Времетраење3 часа и 49 минути
Рејтинзи32.9 милиони[1]
22.4% (Nielsen ratings)[1]
← 88. доделување

Номинации

Номинациите за 89. доделување на Оскарите биле објавени на 24 јануари 2017 година од страна на режисерите Гуљелмо дел Торо, Џејсон Рајтман, претседателката на Академијата Шерил Бун Ајзакс, глумиците Бри Ларсон, Марсија Геј Харен, Глен Клоус, Габури Сидибе и Џенифер Хадсон и глумците Теренс Хауард, Кен Ватанабе, Демијан Бичир и сценаристот Дастин Ленс Блек. За првпат номинациите биле објавени преку глобален пренос во живо на мрежните места на Академијата (oscars.org, oscars.com), и на локалните емисии, вклучувајќи ја Good Morning America.[5] Ла Ла Ленд добил најмногу номинации, и тоа 14, со што ги израмнил рекордите на Сѐ за Ева од 1950 година и Титаник од 1997 година, кои исто така добиле 14 номинации;[6] Пристигнување и Месечина биле номинирани за осум Оскари.[7][8]

Виола Дејвис, која била претходно номинирана за филмовите Сомнеж (2008) и Слугинки (2011), станала првата афроамериканска глумица со три номинации за Оскар.[9][10] Август Вилсон станал првиот добитник на Пулицерова награда и осмиот сценарист вкупно кој добил посмртна номинација за Оскар.

Награди

Победниците се подредени први и се напишани со задебелени букви.[11]

Најдобар ФилмНајдобар режисер
Најдобар глумец во главна улогаНајдобра глумица во главна улога
Најдобар глумец во споредна улогаНајдобра глумица во споредна улога
Најдобро оригинално сценариоНајдобро адаптирано сценарио
  • Месечина – Бери Џенкинс и Тарел Алвин Мекрејни
  • Пристигнување – Ерик Хајсерер
  • Огради – Август Вилсон (посмртна номинација)
  • Скриени фигури – Алисон Шредер и Теодор Мелфи
  • Лав – Лук Дејвис
Најдобар анимиран филмНајдобар странски филм
  • Зоотропола – Бајрон Хауард, Рич Мур и Кларк Спенсер
  • Кубо и двете жици – Тревис Најт и Ариан Сутнер
  • Ваијана – Џон Маскер, Рон Клементс и Оснат Шурер
  • Мојот живот како тиквичка – Клод Барас и Макс Карли
  • Црвената желка – Михаел Дудок де Вит и Тошио Сузуки
Најдобар документарен филмНајдобар краткометражен документарен филм
  • О. Џеј: Направено во Америка – Езра Еделман и Каролин Ватерлоу
  • Пожар на море – Џанфранко Роси и Донатела Палермо
  • Јас не сум твојот црнец – Раул Пек, Реми Грелети и Ебер Пек
  • Анимиран живот – Роџер Рос Вилијамс и Џули Голдман
  • Тринаести – Ава Дјувернеј, Спенсер Аверик и Хауард Бариш
  • Бели кациги – Орландо фон Ајнсидел и Џоана Натасегара
  • Екстремис – Дан Краус
  • 4.1 милји – Дафне Мациараки
  • Виолината на Џои – Кахејн Куперман и Рафаела Нихаузен
  • Ватани: Мојата татковина – Марсел Метелсифен и Стивен Елис
Најдобар игран краткометражен филмНајдобар анимиран краткометражен филм
  • Пее – Криштоф Деак и Ана Удварди
  • Внатрешни непријатели – Селим Азази
  • Жена и TVG – Тимо фон Гунтен и Џиакун Кадаф
  • Тивки ноќи – Аске Банг и Ким Магнусон
  • Временски код – Хуанхо Хименес
  • Свиркач – Аран Бариларо и Марк Сондхајмер
  • Слепа Вајша – Теодор Ушев
  • Позајмено време – Ендру Коутс и Лу Хаму-Лхаџ
  • Крушов ликер и цигари – Роберт Вали и Кара Спелер
  • Бисер – Патрик Озборн
Најдобра оригинална музикаНајдобра оригинална песна
  • „City of Stars“ од Ла Ла Ленд – музика на Џастин Гурвиц, текст на Бенџ Пасек и Џастин Пол
  • „Audition (The Fools Who Dream)“ од Ла Ла Ленд – музика на Џастин Гурвиц, текст на Бенџ Пасек и Џастин Пол
  • „Can't Stop the Feeling!“ од Тролови – музика и текст на Џастин Тимберлејк, Макс Мартин и Шелбек
  • „The Empty Chair“ од Џим: Приказната на Џејмс Фоли – музика и текст на Џ. Ралф и Стинг
  • „How Far I'll Go“ од Ваијана – музика и текст на Лин-Мануел Миранда
Најдобра монтажа на звукНајдобро миксање на звук
  • Гребен на спасените – Кевин О'Конел, Енди Рајт, Роберт Макензи и Питер Грејс
  • Пристигнување – Бернард Гарипи Стробл и Клод Ла Хеј
  • Ла Ла Ленд – Енди Нелсон, Аи-Линг Ли и Стив А. Мороу
  • Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите – Дејвид Паркер, Кристофер Скарабосио и Стјуарт Вилсон
  • 13 часа: Тајните војници од Бенгази – Грег П. Расел, Гери Самерс, Џефри Џ. Хабуш и Мак Рут
Најдобра сценографијаНајдобра кинематографија
  • Ла Ла Ленд – Сенди Рејнолдс-Васко и Дејвид Васко
  • Пристигнување – Патрис Вермет и Пол Хоте
  • Фантастични ѕверки и каде да се најдат – Стјуарт Крег и Ана Пинок
  • Аве, Цезар! – Џес Гонџор и Ненси Хеј
  • Патници – Гај Хендрикс Диас и Џин Сердена
Најдобра шминка и фризураНајдобра костимографија
  • Одредот на отпишаните – Алесандро Бертолаци, Џорџо Грегорини и Кристофер Нелсон
  • Човекот наречен Уве – Ева фон Бар и Лав Ларсон
  • Ѕвездени патеки: Од другата страна – Џоел Харлоу и Риџард Алонзо
  • Фантастични ѕверки и каде да се најдат – Колин Атвуд
  • Сојузници – Џоана Џонстон
  • Флоренс Фостер Џенкинс – Консолата Бојл
  • Џеки – Мадлин Фонтен
  • Ла Ла Ленд – Мери Зофрис
Најдобра монтажаНајдобри визуелни ефекти
  • Книга за џунглата – Роберт Легато, Адам Валдез, Ендру Р. Џонс и Дан Лемон
  • Пекол на хоризонтот – Крег Хамек, Џејсон Снел, Џејсон Билингтон и Берт Далтон
  • Доктор Стрејнџ – Стефан Серети, Ричард Блаф, Винсент Сирели и Пол Корбоулд
  • Кубо и двете жици – Стив Емерсон, Оливер Џонс, Брајан Меклин и Бред Шиф
  • Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите – Џон Кнол, Моен Лео, Хал Хикел и Нил Корбоулд

Гувернерски награди

Академијата ги одржала своите осми годишни Гувернерски награди на 12 ноември 2016 година, на кои биле презентирани следниве награди:[12]

Добитници на почесен Оскар
  • Џеки Чен (глумец, режисер, продуцент и пејач)[13]
  • Ени В. Коутс (филмски монтажер)[14]
  • Лин Сталмастер (кастинг директор)[15]
  • Вредерик Вајсмен (режисер на филмови, документарци и театарски претстави)[16]

Филмови со најмногу номинации и награди

Филмови со најмногу номинации[17]
НоминацииФилм
14Ла Ла Ленд
8Пристигнување
Месечина
6Гребен на спасените
Лав
Манчестер покрај море
4Огради
По секоја цена
3Скриени фигури
Џеки
2Пекол на хоризонтот
Фантастични ѕверки и каде да се најдат
Флоренс Фостер Џенкинс
Кубо и двете жици
Човекот наречен Уве
Ваијана
Патници
Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите

Филмови со најмногу награди[18]
НаградиФилм
6Ла Ла Ленд
3Месечина
2Гребен на спасените
Манчестер покрај море

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица