Прстеноопашест лемур

Прстеноопашест лемур или ката (науч. Lemur catta) — најпознат вид од семејството на лемурите (Lemuridae) и единствен член на родот лемур (Lemur). Му припаѓа на подредот влажноносни (Strepsirrhini) од редот на приматите. На малгашки, животното се нарекува маќ или маки (maky).

Прстеноопашест лемур
CITES, Додаток I (CITES)[2]
Научна класификација [ у ]
Царство:Животни
Тип:Хордови
Класа:Цицачи
Ред:Примати
Подред:Влажноносни примати
Семејство:Лемури
Род:Лемур
Линеј, 1758
Вид:Прстеноопашест лемур
Научен назив
Lemur catta
Линеј, 1758
Распространетост на прстеноопашестиот лемур во Мадагаскар[1]

Примероци од ова животно можат да се видат во Скопската[3] и Битолската зоолошка градина[4].

Распространетост

Овој лемур се среќава на југот и југозападот на Мадагаскар, во суви и отворени предели, како и во шумите. Застапени се од Толанаро на запад и на север до Монрадова на западното кражбрејже. Помала група живее и на масивот Андрингитра на југоисточната висорамнина.

Изглед

Прстеноопашестиот лемур е витко животно, со големина колку мачка. Телото им е долго 38-45 см, а црно-белата опашка е прстенесто обоена и долга 55-62 см . Како правило, горниот дел од опашката го држат во свиена положба. Крзното на грбот им е сиво, понекогаш розикаво-кафеаво, рацете и нозете им се сиви, а главата и вратот се темносиви. Стомакот и внатрешната страна на шепите им се бели, муцката им е исто така бела. Околу очите имаат триаголни дамки околу очите, а носот им е црн. На опашката се забележуваат 13 црни и бели пруги налик на прстени. Долгата опашка им служи за сигнализирање, за размафтување и ширење на миризба, како и за одржување рамнотежа кога се јазат или скокаат. Достигнуваат тежина од 3,5 кг, при што само опашката може да тежи преку 1,5 кг.

Поведение

Од сите лемури, прстеноопашестиот проведува највеќе време на земја, што претставува прилагодување на делумно супната околина. Активни се ноќе и имаат мошне друштвен начин на живот. Се среќаваат во групи од 20 до 30 единки, во кои владее строга хиерархија, и каде предводат женки-старешини. Тие имаат предност во изборот на храна и мажјаци. Женките обично остануваат во своите родни групи, додека пак мажјаците постојано одат во нови групи. Семејната група зазема територија од 6 до 33 хектари. Мажјаците имаат заострени краеви на прстите, со кои гребат по кората на младите дрва; на шепите имаат жлезди што испуштаат остра миризба, која се пренесува на кората, така одбележувајќи ја територијалната граница[5]. Лемурите секој ден прават обиколки по својата територја во потрага по грана и покажуваат агресија кога ќе сретнат единки од други групи.

Поради потребата од топлина, прстеноопашестиот лемур седнуваат на сончевина за да се загрејат, ширејќи ги рацете и нозете.

Исхрана

Прстеноопашестиот лемур се храни претежно со плодови, помимо этого в их меню входят листови, цветови, травести растенија, кактуси, а повремено и со инсекти.

Размножување

Женките раѓаат по едно младо, или поретко по две, меѓу август и октомври, на почетокот на влажната сезона. Се размножуваат секоја година, а бременоста трае околу 222 дена. Кога ќе се роди, младото тежи од 80 до 120 грама. Новороденчињата се фаќаат за крзното на мајката и така висат на неа, но по некое врме се префрлаат на грбот. На возраст од 1–2 месеца младото почнува да се симнува од мајката и самостојно да шета, враќајќи се на неа за спиење и цицање. На возраст од 5–6 месеци младите веќе се остамостојуваат и се одвикнуваат од млеко. Потоа животниот век им трае 34 до 37 години.

Закани

Во споредба со другите лемури, прстеноопашестиот лемур е прилично чест. Меѓународниот сојуз за заштита на природата сепак го смета за загрозен вид поради опаѓањето на неговата бројност. Постојното население на овие лемури се проценува на 10.000—100.000 единки. Главни закани по видот е уништувањето на живеалиштата и ловот, кој се одвива делумно и од стопански причини.

Галерија

Наводи

Литература

  • Ronald M. Nowak: Walker’s Mammals of the World. Johns Hopkins University Press, 1999. — ISBN 0-8018-5789-9
  • Alison Jolly: Ringtailed lemur biology — lemur catta in madagascar. Springer-Verlag 2006. — ISBN 0-387-32669-3

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица