Рак на грло на матка

    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Ракот на грло на матка е рак со потекло од грлото на матката - цервиксот.[1] Настанува како резултат на абнормален раст на клетките кои добиваат способност да се шират и да инвадираат други делови од телото.[2] Раните стадиуми се обично асимптоматски. Подоцна се јавуваат симптоми како абнормално вагинално крварење, карлична болка или болка за време на полов однос.[1] Иако крварењето за време на полов однос може да биде вообичаена појава, во одредени случаи може да биде и знак за постоење на рак на цервикс.[3]

Рак на грло на матка
Местоположба на рак на грло на матка и пример на нормални и абнормални клекти
СпецијалностОнкологија

Се смета дека инфекција со Хуман папилома вирус (ХПВ) е вклучена во развојот на повеќе од 90% од случаите на цервикален рак;[4][5] сепак голем број од жените кои имаат ХПВ инфекција не развиваат ваков тип на рак.[6][7] Дргите ризични фактори вклучуваат пушење, ослабен имунитет, орална контрацепција, започнување со полов однос во рана возраст и поголем број на сексуални партнери.[1][8] Ракот на грлото на матката обично се развива од претходни преканцерозни лезии во временски период од 10 до 20 години.[6] Постојат неколку типови на рак на цервикс. Околу 90% се од типот на сквамозен карцином, 10% од типот на аденокарцином и помал број отпаѓа на други типови.[8] Дијагнозата се поставува вообичаено со скрининг процедури и биопсија. Имиџинг методи се користат за одредување на проширеноста на ракот.[1]

ХПВ вакцината дава заштита од два до седум високоризични типови на оваа фамилија вируси и може да превенира и до 90% од сите случаи на цервикален рак.[9][10][11] Но поради тоа што сè уште постои ризик препорачано е да се продолжи со постојани ПАП тестови.[10] Други мерки на превенција вклучуваат: сексуални односи со помал број на партнери и задолжителна употреба на презервативи.[12] Скринингот со ПАП тест може да ги идентификува преканцерозните промени кои правилно лекувани го превенираат развојот на цервикален рак.[13] Лекувањето на цервикален рак се состои од комбинација на хируршки методи, хемотерапија и радиотерапија.[1] Стапката на пет годишно преживување во САД е 68%.[14] Исходот најчесто зависи од стадиумот во кој ракот се наоѓа во моментот на негово откривање.[8]

На глобално ниво, ракот на грлото на матката е на четврто место на најчест тип на рак и на најчеста причина за смрт од рак кај жените.[6] Во 2012 биле проценети 528,000 случаи на цервикален рак и 266,000 случаи на смрт од цервикален рак.[6] Ова претставува околу 8% од вкупните случаи на рак и случаи на смрт од рак.[15] Приближно 70% од сите случаи се јавуваат во земји во развој.[6] Во неразвиените држави е најчестата причина за смрт од рак,[13] а во развиени земји, распространетата програма за скрининг значајно ја редуцира инциденцата на појава.[16] Најпознатата клеточна линија што се користи во медицинските истражувања позната како ХеЛа е добиена од клетките на цервикалниот рак на Хенриета Лакс.[17]

Симптоми

Раните стадиуми од развојот на рак на грло на матка може да бидат асимптоматски.[4][16] Вагинално крварење, контактно крварење (најчесто крварење после полов однос), или поретко вагинална туморозна маса може да индицира постоење на малигнитет. Исто така симптомите вклучуваат и лесна болка за време на полов однос и вагинален исцедок. Во напредна фаза на болеста голема е веројатноста на присутни метастази најчесто во абдомен и бели дробови.

Симптоми кои се јавуваат во напредна фаза се: губење на апетит, намалување на телесната тежина, замор, карлична болка, болка во нозете, отекување на нозете, обилно вагинално крварење, коскени фрактури, и ретко протекување на урина или фецес од вагината.[18]

Причинители

Најчесто клетките инфицирани со ХПВ заздравуваат, но во одредени случаи вирусот продолжува да се размножува и води до формирање на инвазивен рак.
Приказ на положбата на цервиксот во однос на вагина и утерус и разлики во покривниот епител на внатрешните структури.

Инфекција со одредени високо - ризични типови на Хуман папилома вирус (ХПВ) е најголемиот ризичен фактор за појава на карцином на цервикс, а на второ место е пушење.[19] Секако дека не се познати сите причинители, а исто така постојат и други фактои кои го зголемуваат ризикот и придонесуваат кон развојот на болеста.[20]

Хуман папилома вирус

Хуман папилома вирус тип 16 и тип 18 се причина за околу 75% од сите случаи на рак на цервикс на глобално ниво, а тип 31 и тип 45 за други 10%.[21]

Со зголемен ризик се жени кои имале поголем број на сексуални партнери (или имале партенр кој претходно имал поголем број на сексуални партнери).[22][23]

Познати се 150-200 типови на ХПВ,[24][25] од кои 15 се класифицирани како високо - ризични (16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 68, 73, and 82), 3 како типови со среден ризик (26, 53, and 66), и 12 како ниско - ризични (6, 11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70, 72, 81, and CP6108).[26]

Генитални брадавици - кондиломи, кои претставуваат форма на доброќудна лезија (тумор) од епителни клетки, се исто така причинети од инфекција во одредени типови на ХПВ, кои обично не се поврзани со развојот на цервикален канцер. Честа е појавата да постои истовремена инфекција со повеќе различни типови на ХПВ.

Генерално се смета дека за да постои рак на грлото на матката е потребно да постои и инфекција со ХПВ.[27]

Пушење

Пушењето цигари го зголемува ризикот за развој на цервикален рак. Кај жените кои се активни пушачи со ХПВ инфекција инциденцата за инвазивен канцер е поголема за 2 до 3 пати во однос на непушачите. Пасивното пушење е исто поврзано со зголемен ризик но во помал степен.[28]

Постојат директни и индиректни начини со кои пушењето го зголемува ризикот од развој на цервикален канцер.[29][30][31] Директно влијае така што пушењето само по себе носи зголемен ризик за добивање на ЦИН3 (Цервикална интраепителијална неоплазија), промена со висок потенцијал за прогресија во цервикален канцер.[29] Кога ЦИН3 промена доведува до канцер, најголем дел од ваквите случаи се асоцирани и со присуство и инфекција со ХПВ, но тоа не е секогаш случај па затоа овде пушењето може да се смета како непосредна причина за негов развој.[31] Долгогодишно пушење и поголем број на испушени цигари дневно даваат поголем ризик во однос на краткотрајно и повремено пушење на цигари.[32] Индиректно пушењето влијае така што го помага развојот и одржувањето на ХПВ инфекцијата,[30] а уште повеќе ако кај жената веќе постои инфекција со ХПВ таа има значајно поголем ризик за добивање на цервикален канцер благодарение на пушењето цигари.[32]

Орална контрацепција

Долготрајно земање на орални контрацептивни лекови е поврзано со зголемен ризик за цервикален канцер. Жени кои користеле ваков тип на контрацепција во период од 5 до 9 години имаат околу 3 пати повисока инциденца на инвазивен канцер, а оние кои користеле 10 години и подолго имаат околу 4 пати повисок ризик.[28]

Бременост

Поголем број на бремености исто така како фактор придонесува во развојот на цервикален канцер и тоа меѓу ХПВ - инфицираните жени оние кои имале седум или повеќе износени бремености имаат 4 пати поголем ризик во споредба со жените кои немале ниту една, а 2 до 3 пати поголем ризик во споредба со жените кои имале една или две износени бремености.[28]

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица