Ромска дијаспора

Ромите имаат неколку различни населенија, од кои најголеми се типичните Роми и ибериските Кале или Кало, кои стигнале до Анадолија и на Балканот на почетокот на 12 век, од преселбата надвор од Индискиот потконтинент, почнувајќи од околу 1 век - 2 век н.е.[1][2] Тие се населиле во областите на денешна Турција, Грција, Србија, Романија, Хрватска, Молдавија, Бугарија, Македонија, Унгарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Чешка, Словенија и Словачка, по редослед на обемот, и Шпанија. Од Балканот, тие се преселиле низ Европа, а во деветнаесеттиот и подоцнежниот век во Америка. Ромското население во Соединетите Држави се проценува на повеќе од еден милион.[3]

Земји со значително ромско население според неслужбени проценки.
  + 1,000,000
  + 100,000
  + 10,000

Не постои службена или доверлива бројка на ромско население ширум светот.[4] Многу Роми одбиваат да го регистрираат својот етнички идентитет на службените пописи поради страв од дискриминација.[5] Други се потомци на мешаните бракови со месното население и повеќе не се идентификуваат само како мешани Роми, или воопшто не се идентификуваат како Роми.

Од почетокот на 2000-тите, се проценува дека 4 до 9 милиони Роми живееле во Европа и Мала Азија,[6] иако некои ромски организации проценуваат дека бројките достигнуваат и до 14 милиони.[7] Значително ромско население има на Балканскиот Полуостров, во некои средноевропски држави, во Шпанија, Франција, Русија и Украина. Вкупниот број на Роми кои живеат надвор од Европа е првенствено на Блискиот Исток и Северна Африка и во Америка, и се проценува  вкупно повеќе од два милиони. Некои земји не собираат податоци по етничка припадност.

Ромите се идентификуваат како различни етникуми делумно засновани на територијални, верски, културни и дијалектни разлики и самоозначување. Главните гранки се:[8][9][10][11]

  1. Ромите, концентрирани во Средна и Источна Европа и Италија, тие се преселиле (најчесто од 19 век наваму) во остатокот од Европа, како и во Америка;
  2. Ибериските Кале, најмногу во Шпанија (види Роми во Шпанија), но исто така и во Португалија (види Роми во Португалија ), Јужна Франција и Латинска Америка;
  3. Финскиот Кале, во Финска, заедници постојат и во Шведска;
  4. Велшки Кале, во Велс, конкретно во северозападниот дел на земјата во областите што зборуваат велшки;
  5. Романичал, во Англија. Заедниците постојат и во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Североисточен Велс, Јужен Велс и во шкотските граници
  6. Синти, во германското говорно подрачје на Европа и некои соседни земји;
  7. Мануши, во областите на Европа во кои се зборува француски (на француски: Manouche); и
  8. Романисел (Romanisæl), во Шведска и Норвешка. Ромско-шведското население претежно се наоѓа во јужните делови на земјата.
  9. Шкотските цигани од низините исто така се сметаат за ромска група (барем од англиските романичал и велшките Кале) иако тие се теоретизираат дека се спој помеѓу Ромите и домашната патничка група. Нивниот јазик претежно потекнува од ромскиот.
  10. Муслимански Роми, Хорахане, Романлар (Роми на турски) во Турција и на Балканот
  11. Цигани од Блискиот Исток[12]

Ромите имаат дополнителни внатрешни разлики, со групи идентификувани како Башалде; Чурари; Лори; Унгарица; Ловари (Ловара) од Унгарија; Мачваја од Србија; Ромунгро од Унгарија и соседните земји од Карпатите; Ерлиди (исто така Јерли или Арли); Хорахаи (Хорахане) од Грција/Турција; Бојаш (Лингурари, Лудар, Лудари, Рудари или Златари) од романскиот/молдавскиот збор рудари; Урсари од романскиот/молдавскиот обучувачи за мечки/мечкари; Аргинтари од среброковачи; Аурари од златари; Флорари од цвеќари; и Лаутари од пејачи.

Население по земја

Ова е табела на Роми по земја. Списокот ги вклучува Домците, кои често се претставувани како „цигани“.

Службениот број на Роми е оспорен во многу земји; некои не собираат податоци по етничка припадност; во други, поединците Роми може да одбијат да го регистрираат својот етнички идентитет поради страв од дискриминација,[13] или се асимилирале и не се идентификуваат исклучиво како Роми. Во некои случаи, владите се советуваат со ромски организации за податоци.

ДржаваРегионНаселениеПотгрупи
АлбанијаЈужна Европа, Балкан&100000000000000083010008,301 (0.3%) (службен попис од 2011)[14]Габел (влашкоромски), Јевги
АлжирСеверна Африка&1000000000000004000000040,000Кале, Хорахане
АнголаЈужна Африка&1000000000000001600000016,000Кале (од Португалија)
АргентинаЈужна Америка&10000000000000300000000300,000Калдераши, Бојаши, Кале
АвстралијаОкеанија&100000000000000050000005,000+[15]Романичал, Бојаши
АвстријаСредна Европа&1000000000000002000000020,000–50,000[16][17]Бургенландски Роми, Синти, Ловари, Арлии од Македонија, Калдераши од Србија, Гурбети од Србија и Македонија
АзербејџанИсточна Европа/Западна Азија&100000000000000020000002,000[18]Garachi[19]
БелорусијаИсточна Европа&1000000000000001000000010,000 (пописни податоци)

или 50,000–60,000

(проценети податоци)[20][21]
Руски Роми (Халадитка Роми), Полски Роми, Литовски Роми од Литванија, Лотфитка Роми, Серви, Калдераши
БелгијаЗападна Европа&1000000000000001000000010,000–15,000[16]Ромунгро
Босна и ХерцеговинаЈужна Европа, Балкан12,000[22]/ 58,000[23]
БразилЈужна Америка&10000000000000678000000678,000–1,000,000Кале, Калдераши, Мачваја, Хорахане, Бојаши
БугаријаЈужна Европа, Балкан&10000000000000370908000370,908 (службен попис)

до 600,000[24]
Јерли, Гурбети, Калдераши, Бојаши, Урсари
КанадаСеверна Америка&1000000000000008000000080,000[25]Калдераши, Романичал
ЧилеЈужна Америка&1000000000000001500000015,000–20,000Хорахане
НР КинаСредна Азија/Источна Азија&100000000000000090000009,000Влашки Роми (Калдераши, Ловари, Потковари)
КолумбијаЈужна Америка&100000000000000048499994,850[26][27]Калдераши
ХрватскаЈужна Европа, Балкан&100000000000000025000002,500 (пописни резултати)[28]

Проценето:3,000[29]
Ловари, Бојаши
КипарЗападна Азија&100000000000000012500001,250 (проценето)[30]Калдераши, Гурбети/Курбети, Мантиди
ДанскаСредна Европа&100000000000000015000001,500–2,000[16]
ЕквадорЈужна Америка&100000000000000020000002,000Калдераши
ЕстонијаСеверна Европа&10000000000000456000000456[31]
ФинскаСеверна Европа&1000000000000001000000010,000+[32][33]Кале
ЕгипетСеверна Африка&100000000000000022999992,300,000[се бара извор]Наварци, Домци
ФранцијаЗападна Европа&10000000000000500000000500,000 (службена проценка)

1,200,000–1,300,000 (неслужбена проценка)[34][35]
Мануши, Калдераши, Ловари, Синти
ГерманијаСредна Европа&10000000000000500000000500,000[36]повеќето Синти, но и балкански Роми, влашки Роми
ГрузијаИсточна Европа/Западна Азија&10000000000000500000000500+[37]Роми, Домци, Ломци/Боша
ГрцијаЈужна Европа, Балкан&10000000000000200000000200,000

or 300,000[38]
Ерлиди, Хорахане
УнгаријаСредна Европа&10000000000000205984000205,984 (попис);[39]

394,000–1,000,000 (проценето)[40][41][42]
Ромунгро, Бојаши, Ловари
ИранЗападна Азија&10000000000000760000000760,000[43]Домарци, Коели, Гурбети, Наварци, Заргарци
ИракAsia&1000000000000002300000023,000Наварци, Кавлија, Калдераши, Хорахане [се бара извор]
ИрскаЗападна Европа&100000000000000030000003,000[44]
ИталијаЈужна Европа&1000000000000009000000090,000–180,000[16] + 152,000 нелегални Роми во 700 кампови[45]Синти, Урсари, Калдераши, Хорахане
КазахстанСредна Азија&100000000000000070000007,000[46]Руски Роми, Љули, Синти[47]
ЛатвијаСеверна Европа&100000000000000084819998,482 (проц. од 2012 година)[48] или 13,000–15,000Лофитка Роми (во истотот Балтичкоромско дијалектно семејство како и полските Роми и руските Роми)
ЛибанЗападна Азија&1000000000000001200000012,000Наварци, Домци
ЛибијаСеверна Африка&1000000000000004000000040,000Наварци, Домци
ЛитванијаСеверна Европа&100000000000000030000003,000–4,000[16]
ЛуксембургЗападна Европа&10000000000000100000000100–150[16]
МакедонијаЈужна Европа, Балкан&1000000000000005387899953,879 Роми and 3,843 балкански Ѓуптини

to 260,000[49]
Јерли, Гурбети, Чергари, Ѓупци
МексикоСеверна Америка, Средна Америка&1000000000000001600000016,000Кале, Бојаши, Мачваја, Ловари, Шпански Роми, Калдераши[50]
МолдавијаИсточна Европа&1000000000000001290000012,900 (попис) до 20,000–25,000[16] or

150,000[51][52]
Русурја, Урсари, Калдераши
Црна ГораЈужна Европа, Балкан&100000000000000026010002,601

to 20,000,[53]

дополнително 8,000 регистрирани ромски бегалци од Косово, вкупната бројка на внатрешно раселени косовски Роми во Црна Горна е двојно поголема.[53]
МарокоСеверна Африка&1000000000000005000000050,000Наварци, Домци, Кале, Шпански Роми, Калдераши, Бојаши
ХоландијаЗападна Европа&1000000000000003500000035,000–40,000[16]
НорвешкаСеверна Европа&100000000000000065000006,500 or more[54]Норвешки и шведски Патувачи (Романоар, Таврингер), Влашки Роми[55]
ПеруЈужна Америка&100000000000000084000008,400[dubious ][56]Калдераши, Кало
ПолскаСредна Европа&1000000000000001500000015,000–60,000[57][58]Полски Роми
ПортугалијаЈужна Европа&1000000000000004000000040,000[16][59]
РоманијаЈужна/Средна Европа&10000000000000621572999621,573 (попис од 2011 година)

850,000 (проценето)[60]
Калдераши, Урсари, Ловари, Влашки Роми, Ромунгро
РусијаИсточна Европа&10000000000000182765999182,766 (попис од 2002 година)
или
450,000–1,000,000 (проценето)[52][61]
Руски Роми (со потекло од полските Роми од денешна Полска), Калдераши (од денешна Молдавија), Серви (од денешна Украина и Балканот), Урсари (од денешна Бугарија) Ловари, Влашки Роми (од Влашка).[се бара извор]
СрбијаЈужна Европа, Балкан&10000000000000147604000147,604 (попис од 2011 година)
или 400,000–800,000 (проценето)[53][62]
Главни потгрупи се турски Цигани, Бели Цигани, Влашки Цигани, Унгарски Цигани.[63]
СловачкаСредна Европа&1000000000000009250000092,500 или 550,000[64][65][66][67][68]Ромунгро
СловенијаСредна / Јужна Европа, Балкан&100000000000000032460003,246–10,000[16][69]
Јужна АфрикаЈужна Африка&100000000000000079000007,900[70]Романичал
ШпанијаЈужна Европа&100000000000000010000001,000,000 (службена проценка)[71]
600,000–800,000[72]>
или 1,500,000[73]
Шпански Роми, Калдераши, Бојаши
СуданСеверна Африка&1000000000000005000000050,000Наварци, Домци
ШведскаСеверна Европа&1000000000000003000000030,000–65,000[74]Шведски Патувачи (ТАврингер), Влашки Роми (Калдераши, Ловари), Кало (фински Роми)
ШвајцаријаСредна Европа&1000000000000003000000030,000–35,000[16]
СиријаЗападна Азија&1000000000000004600000046,000Наварци, Домци
ТунисСеверна Африка&1000000000000002000000020,000Наварци, Домци
ТурцијаЈужна Европа, Балкан; Западна Азија, Мала Азија&1000000000000003500000035,000[75] до 5,000,000[76]Боша, други ромски групи
УкраинаИсточна Европа&1000000000000004758700047,587 (попис од 2001 година)
или 400,000 (проценето)[77]
Калдераши, Руски Роми (северна Украина), Серви (Срби, јужна и средна Украина, од денешна Србија), Ловари (средна Украина), Келмиши, Кримци (во Крим), Српски Роми (во Задкарпатија од Словачка), Унгарски Роми (во Задкарпатија од Унгарија)[78]
Обединетото КралствоЗападна Европа&1000000000000004400000044,000–94,000+[15][79] Неодреден број на ромски иселеници од Источна Европа (помеѓу нив во 2004 година биле 4,100 Влашки Роми)[26]
и дополнителни 200,000 скорешни доселеници[80]
Романичал, Велшки Кале
Соединетите ДржавиСеверна Америка&100000000000000010000001,000,000 (проценки на ромски организации)
УругвајЈужна Америка&100000000000000020000002,000–5,000

Средна и Источна Европа

Влашки постер од 1852 година кој рекламира аукција на ромски робови.

Значителен дел од Ромите во светот живеат во Средна и Источна Европа. Меѓутоа, во некои случаи - особено кланот Калдераш во Романија, кој работи како традиционалните казанџии напредувале. Некои ромски семејства избираат да се преселат во Западна Европа. Многу од поранешните комунистички земји како Чешка, Словачка, Романија, Унгарија и Бугарија влегле во Европската унија, а слободното патување станало дозволено. Во текот на 1970-тите и 1980-тите, многу Роми од поранешна Југославија мигпреселиле рирале во други европски земји, особено АвсСРЗападна Германија и Шведска.

Албанија

Ромите живеат во Албанија повеќе од 600 години. Тие пристигнале од Азија непосредно пред Османлиите во средината на XV век. Тргнале од Индија, патувале кон Персија, Сирија, Ирак и преку Ерменија во западните римски територии, па преку Балканот во Европа. Се проценува дека во Албанија живеат 1.300-120.000 Роми.[81]

Бугарија

Ромите ја сочинуваат третата по големина народност (по Бугарите и Турците) во Бугарија. Како и во Македонија, тие се нарекувани Цигани или Роми. Според пописот од 2001 година, во Бугарија имало 370.908 Роми, што е еднакво на 4,7% од вкупното население на земјата.[82]

Грција

Ромите во Грција се нарекуваат Арлии (Арлије) или Ерлиди (Ерлидес). Бројот на Роми во Грција во моментов се проценува на меѓу 200.000 и 350.000 луѓе.[38]

Унгарија

На пописот во 2011 година, 315.583 луѓе се изјасниле како Роми.[83] Различни проценки покажуваат дека бројот на Роми е помеѓу 500.000 и 1.000.000 луѓе, или 8–10% од населението на Унгарија.[84][85]

Ромски чергари, ок. 1857 година.

Романија

Има значително малцинство Роми во Романија, познато како Цигани (Ţigani) на романски и, неодамна, како Роми (Rromi), од 621.573 луѓе или 3,3% од вкупното население (попис од 2011 година). Постојат различни владини и невладини програми за интеграција и социјален напредок, вклучувајќи го Центарот за политики на Фондацијата за Роми и малцинства, Националната агенција за Ромите и учеството на Романија во Декадата за вклучување на Ромите. Во овие програми учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Шпанија. Како службено признаено етничко малцинство, ромскиот народ има и загарантирана застапеност во Собранието.

Молдавија

Голема ромска заедница со православна христијанска вероисповед се Кошничарите во Глодени, таму предците некогаш дошле од територијата на денешна Србија, се населиле во Глодени во времето на династијата Телеки.[86]

Русија

Ромско семејство патувајќи (отпечаток од 1837 година).
Роми од Ивановската област.

На руски, Ромите се нарекуваат Цигане. Најголемата етничка група на општата група Роми во Русија се Руските Роми. Тие се и најголемата група во Белорусија. Тие се приврзаници на Руската православна црква.

Тие дошле во Русија во 18 век од територијата на денешна Полска, а нивниот јазик вклучува полски, германски и руски зборови.

Руските Роми биле номадски трговци на коњи и пејачи. Тие патувале во текот на летото и престојувале во куќите на руските селани во текот на зимата. Сместувањето го плаќале со пари или со работата на нивните коњи.

Во 1812 година, кога Наполеон I ја нападнал Русија, ромската дијаспора од Москва и Санкт Петербург дала големи суми пари и добри коњи за руската војска. Многу млади Роми учествувале во војната како улани.

На крајот на 19 век, рускиот Ром Николај Шишкин создал ромска театарска трупа. Една од нејзините драми била на ромски јазик.

За време на Втората светска војна, некои руски Роми влегле во војската, со повик и како доброволци. Тие учествувале во војната како војници, офицери, пешадија, тенкисти, артилери, авијатичари, возачи, парамедицински работници и лекари. Партизани биле и некои тинејџери, старци и возрасни мажи. Ромски глумци, пејачи, музичари, танчери (најчесто жени) настапувале за војниците во првата линија и во болниците. Огромен број Роми, вклучително и многу руски Роми, загинале или биле убиени на територии окупирани од непријателот, во битки и во блокадата на Ленинград.

По Втората светска војна, музиката на руските Роми станала многу популарна. Театарот Ромен, ромските пејачи и ансамбли напредувале. Сите Роми кои живееле во СССР почнаа да ја перќаатципираат руската ромска култура како основна ромска култура.

Словенија

Се проценува дека во Словенија живеат меѓу 10.000 и 12.000 Роми.[87]

Западна Европа

Белгија

Во Белгија има околу 30.000 Роми. Приближно една третина од нив се опишани како патници, Роми или Мануши/Синти.[88][89]

Шпанија

Ромка од Шпанија.

Ромите во Шпанија се општо познати како Хитанос (Gitanos) и се насочуваат да зборуваат Калски/Кало, еден вид андалусиски шпански со голем број ромски заемки.[90] Проценките за населението на шпанските Роми се движат помеѓу 600.000 и 1.500.000, а шпанската влада проценува помеѓу 650.000 и 700.000.[91] Получергарските Квинки се сметаат себеси за одвоени од Циганите.

Португалија

Ромите во Португалија се познати како Сиганос (Ciganos), а нивното присуство датира од втората половина на 15 век. Рано, поради нивната социо-културна разлика и чергарскиот стил на живеење, Циганите биле предмет на жестока дискриминација и прогон.[92]

Бројот на Ромите во Португалија е тешко да се процени, бидејќи нема службена статистика за расни или етнички категории. Според податоците од Европската комисија на Советот на Европа против расизам и нетолеранција[93] има околу 40.000 до 50.000 распространети низ целата земја.[94] Според португалскиот огранок на Амнести интернешенал, има околу 30.000 до 50.000.[95]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски