Самјуел Ето

Самуел Ето (Англиски јазик:Samuel Eto'o) е камерунски фудбалер кој моментално настапува за турскиот клуб Анталијаспор. Тој е еден од најдобрите африкански фудбалери кој бил четири пати играч на годината во Африка, но и трет на списокот на ФИФА за најдобар играч на годината во 2005 година. Тој бил избран како трет играч на светот во 2005 година.

Самуел Ето
Лични податоци
Полно имеСамуел Ето Филс[1]
Роден на10 март 1981(1981-03-10)(43 г.)
Роден воДуала, Камерун[2]
Висина1.80 м (5 ст 11 ин)[3][4][5]
ПозицијаНапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубАнталијаспор
Број9
Младинска кариера
1992–1996Каџи Спорт Академија
1996–1997Реал Мадрид
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1997–2000Реал Мадрид3(0)
1997–1998→ Легањес (позејмен)30(4)
1999Еспањол (позејмен)0(0)
2000Мајорка (позејмен)19(6)
2000–2004Мајорка120(48)
2004–2009Барселона145(108)
2009–2011Интер67(33)
2011–2013Анжи Махачкала53(25)
2013–2014Челси21(9)
2014–2015Евертон14(3)
2015Сампдорија18(2)
2015–2018Анталијаспор76(44)
2018–Конјаспор0(0)
Репрезентација
2000Камерун 236(1)
1997–2014Камерун118(56[6])
Тренер на екипи
2015–2016Анталијаспор
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 31 January 2016

Ето постигнал повеќе од 100 голови во пет сезони за Барселона, но исто така тој е рекордер по брајот на настапи во Ла лига, како африкански фудбалер.[7] Во 2010 година тој станал прв играч кој ја освоил тројната круна, две години по ред, со Барселона и Интер. Тој е вториот играч во историјата кој постигнал два гола во две финалиња на Лигата на шампионите и четврти играч по Марсел Десаи, Пауло Соуса и Жерар Пике, кој ја освоил Лигата на шампионите две години по ред, со два различни тимови.[8]

Како член на камерунската фудбалска репрезентација, Ето бил дел од тимот кој ги освоил Летните олимписки игри 2000 година, на Олимписки турнир во фудбал. Тој, исто така, учествувал на четири Светски првенства и на шест Африкански првенства на нации (двапати е шампион) и е водечки стрелец во историјата на Африканскиот куп на нации, со 18 гола. Тој е, исто така и водечки стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Камерун и трет по бројот на настапи.[6] , односно со 118 одиграни натпревари. На 27 август 2014 година објавил дека се пензионира од играњето во репрезентацијата. Во 2015 година, тој ја примил наградата Златна копачка. Во септември 2021 година, Самуел Ето, ја објави својата кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација (Фекафут).

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица