Серија А 1997-1998

спортска сезона

Серија А 1997-1998 била 96-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 66-та позната под името Серија А. Сезоната започнала на 31 август 1997, а завршила на 16 мај 1998 година.

Серија А 1997-1998
Logo of competition
НатпреварувањеСерија А
Спорт Фудбал
Издание96-то
Периодод: 31 август 1997
до: 16 мај 1998
Држава Италија
Резултати
ШампионЈувентус Јувентус
25. титула
Лига на шампиони
Куп на победниците
на куповите
Куп на УЕФА
ИспадналеБреша Бреша
Аталанта Аталанта
Лече Лече
Наполи Наполи
Статистика
Најдобар стрелецГерманија Оливер Бирхоф
(27 гола)
Одиграни натпревари306
Постигнати голови847 (2,77 по натпревар)
Фудбалерите на Јувентус го слават освојувањето на титулата.
Хронологија на натпреварувањето
1996–971998–99

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 1996-1997. Бреша, Емполи, Лече и Бари биле новите четири членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

На 10 мај 1998, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после победата на домашен терен над Болоња со 3-2, освојувајќи го своето 25-то скудето во клупската историја. Второто место со 5 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на Интер и со тоа изборила место во квалификациите за Лигата на шампионите 1998-1999.

Третопласираниот Удинезе, четвртопласираната Рома, петтопласираната Парма и шестопласираната Фјорентина избориле учество во Купот на УЕФА 1998-1999, додека седмопласираниот Лацио како освојувач на Купот на Италија се пласирал во Купот на победниците на куповите 1998-1999. Учество во европските купови уште избориле и екипите на Болоња и Сампдорија, кои следната сезона се натпреварувале во Интертото купот.

Четирите клуба кои испаднале од лигата во оваа сезона биле Бреша, Аталанта, Лече и Наполи.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Оливер Бирхоф од Удинезе со 27 постигнати гола.

Општо

Во оваа сезона на Серија А, лигата имала 18 клубови, вклучувајќи ги 14-те клуба од претходната сезона и 4 новопромовирани екипи од Серија Б 1996-1997.

Четирите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле Бреша, Емполи, Лече и Бари, заменувајќи ги Каљари, Перуџа, Верона и Реџана кои испаднале во претходната сезона. Бреша - како шампион на Серија Б - се вратила во Серија А по две сезони отсуство, Емполи се вратил по девет сезони отсуство, Лече по три, додека Бари само по една сезона пауза.

Сезоната започнала на 31 август 1997, со натпреварите од првото коло, кое било одиграно со сите натпревари 9 натпревари во истиот ден. Последното коло се одиграло на 16 мај 1998 година.

Трансфери

Летна сесија

Филипо Инѕаги, дошол од Аталанта и формирал одлично партнерство во нападот на Јувентус со Алесандро Дел Пјеро. Со својте 18 гола во првенството му помогнал на клубот да го одбрани скудетото освоено во претходната сезона.

Бранителот на титулата од претходната сезона, Јувентус, се засилил на трансфер-пазарот со потпишувањето на бекот Алесандро Бириндели и играчот од средниот ред Фабио Пекија,[1] додека во предни позиции клубот довел двајца нови напаѓачи со цел да ги надополни заминувањата на Ален Бокшиќ во Лацио[1][2] и Кристијан Виери во Атлетико Мадрид[1][3]: најдобриот стрелец во Серија А во претходната сезона, Филипо Инѕаги,[1] дошол од Аталанта и формирал одлично партнерство во нападот со Алесандро Дел Пјеро носејќи голем број голови со што го демантирал звукот на летната критика упатена кон него за „прекумерната физичка слабост“,[4] додека уругваецот Даниел Фонсека дошол од Рома[3] и имал статус на златна резерва, постигнувајќи важни голови по влегувањето од клупата за резерви.

Роналдо, новото засилување на Интер, била една од најисплатливите аквизиции во овој преоден рок откако бразилецот одиграл одлична дебитантска сезона во Серија А постигнувајќи 25 голови.

Меѓу најголемите протагонисти на летниот пазар била екипата на Интер на Масимо Морати, која по исцрпувачките преговори коишто траеле со месеци,[5] успеала за сума од 50 милијарди италијански лири - во тоа време рекорд за еден трансфер - да го доведе бразилскиот напаѓач Роналдо од Барселона, сметан за еден од најголемите фудбалери на својата генерација.[6] Покрај Роналдо, нероаѕурите влегле во сезоната со нов тренер, Лујџи Симони,[7] а го засиле својот тим и со доаѓањето на нигерискиот дефанзивец Тарибо Вест,[3] играчите од средниот ред Франческо Мориеро,[3] Беноа Кое[3] и Диего Симеоне[3] како и младиот уругвајски офанзивец Алваро Рекоба.[3] Меѓу играчите кои си заминале од Интер пред почетокот на оваа сезона биле Пол Инс, Чириако Сфорца и Жоселин Англома.

Милан, го вратил од Мадрид тренерот Фабио Капело по една сезона во Реал со цел да ги отстрани разочарувањата од претходната и проблематична година,[8] и донеле неколку засилувања како што биле голманот Масимо Таиби и бекот Кристијан Циге[3] потоа играчите од средината на теренот Ибрахим Ба и Леонардо[3] додека во нападот, го замениле Кристоф Дугари - кој само по една неуспешна сезона бил продаден во Барселона - со холанѓанецот Патрик Клајверт; исто така по една сезона во странство во Милано се вратил и легендарниот играч на клубот Роберто Донадони.[9] Парма се засилила со Стефано Фјоре и Јеспер Бломквист, додека Фјорентина со новиот тренер Алберто Малезани[10], дебитант како тренер во Серија А, му пружила шанса на младиот офанзивен играч за врска Доменико Морфео.[3]

Рома била уште една од екипите која влегла со нов тренер во сезоната, назначувајќи го доскорашниот тренер на нивниот градски соперник, Зденик Земан, додека од засилувањата се издвојуваат дефанзивците Кафу[3][11] и Венсан Кандела, играчот од средниот ред Еузебио Ди Франческо[12] и напаѓачот Пауло Сержо.[11] Во светлосиниот дел на Рим, Лацио пак се доверил на поранешниот тренер на Рома, Свен-Јоран Ериксон,[13] и ги довел Матијас Алмеида и Владимир Југовиќ, додека во нападот, покрај гореспоменатиот Бокшиќ, дошол и Роберто Манчини, по петнаесет години поминати во Сампдорија.[13]

Меѓу екипите со секундарни амбиции, Сампдорија се засилила со играчот од средина на теренот Ален Богосијан и го надомести заминувањето на гореспоменатиот Манчини со добро познато лице во италијанскиот фудбал, германецот Јирген Клинсман. Наполи сега се повеќе оддалечени од славното време на Марадона, се засилил со напаѓачите Клаудио Белучи[14] и Игор Проти, додека Болоња се прославила со ангажманот на славниот Роберто Баџо, кој дошол во Емилија-Ромања со цел да се врати меѓу аѕурите по две сезони слаби сезони во дресот на Милан.[15]

Удинезе се засилил со фудбалерите од средниот ред Џонатан Бакини, Мартин Јоргенсен и Јохан Валем.[16] Откритието на претходната сезона Виченца, му го доверила предниот дел од тимот на тандемот Артуро Ди Наполи - Пасквале Луизо, и го редизајнирале средниот ред со Марко Шенарди и Ламберто Заули, како и со ветувачкиот млад италијански репрезентативец, Масимо Амброзини. Пјаченца се потпрела на ветераните како што биле Џовани Стропа и Пјетро Вјерховод,[17] а Аталанта го заменила Инѕаги со Кристијано Лукарели.

Меѓу новопромовираните екипи, Бари се засилил со офанзивниот млад играч Џанлука Ѕамброта и напаѓачот Фил Масинга. Бреша инвестирала во својата ѕвезда во подем Андреја Пирло и одлучила да му верува на напаѓачот Дарио Хубнер, плоден стрелец во пониските лиги, кој во оваа сезона дебитирал во Серија А. Емполи, ги довел во својте редови Пјерпаоло Бизоли и Макс Тонето, а во Лече дошле Алесандро Контикио, Франческо Коца и Ненад Сакиќ.

Есенска сесија

Играчот од средниот ред Едгар Давидс, се преселил од Милан во Јувентус во декември, и донел голема динамичност на средината од теренот, нешто што се покажало и одлучувачко во трката за скудетото.

Меѓу врвните екипи, пазарот за поправки најдобро го искористил Јувентус, кој со цел да го ребалансира средниот ред каде незадоволен од перформансите на двајцата играчи кои дошле во летото Рафаеле Аметрано (вратен од заем) и Фабио Пекија,[1] го потпишале холанѓанецот Едгар Давидс.[18] играч кој се наоѓал на маргините во неговиот тогашен клуб Милан,[19] за оддеднаш да ја „оживее“ својата кариера играјќи со голем успех во средниот ред на бјанконерите.[1] Покрај Давидс во клубот дошол и младиот уругвајски напаѓач Марсело Залајета.

Интер се простил со легендата на клубот Никола Берти, кој по една деценија во Милано заминал во Тотенхем, а клубот го напуштиле и напаѓачите Марко Бранка[20] и Маурицио Ганц, вториот се приклучил на градскиот соперник Милан;[21] наспроти тоа, црно-синиот дрес во овој преоден рок го облекле дефанзивците Франческо Колонезе и Мауро Миланезе, и играчот од средниот ред португалецот Пауло Соуса кој бил земен од европскиот шампион Борусија Дортмунд.[3]

Лацио изненадувачки ја завршил соработката со својот „водач“ од претходните сезони, Џузепе Сињори, кој го загубил местото во почетната постава со доаѓањето на Манчини;[22] Сињори се преселил во Сампдорија,[22] а клубот од Џенова исто така се разделил со Клинсман кој се приклучил на Спарс и со францускиот играч од средниот ред Кристијан Карембе кој завршил во Реал Мадрид. Рома во овој период имала само една операција, која во Рим го довела бразилскиот играч од одбраната Заго.[3] Милан кој веќе бил во криза се обидел да го засили предниот дел од тимот, купувајќи ги, споменатиот Ганц и поранешниот играч на Парма Филипо Маниеро;[3] меѓу заминатите, покрај Давидс, си отишол уште еден холанѓанец, дефанзивецот Винстон Богард, кој одиграл разочарувачки неколку месеци во Милан по доаѓањето во летото и веднаш бил продаден во Барселона.[19]

Кај екипите од долниот дел на табелата, Пјаченца се засилила со Ренато Бузо, додека Лече го довел играчот од средниот ред Џузепе Џанини од веќе катастрофалниот Наполи кон крајот на неговата кариера.

Екипи

Екипи по региони

Број на екипиРегионЕкипи
4  ЛомбардијаАталанта, Бреша, Интер и Милан
3  Емилија-РомањаБолоња, Парма и Пјаченца
2  АпулијаБари и Лече
 ЛациоЛацио и Рома
 ТосканаЕмполи и Фјорентина
1  ВенетоВиченца
 КампанијаНаполи
 ЛигуријаСампдорија
 ПиемонтЈувентус
 Фурланија-Јулиска КраинаУдинезе

Стадионите на екипите и нивните локации

ЕкипаГрадСтадионКапацитетсезона 1996–1997
АталантаБергамоАтлети Аѕури д'Италија&1000000000000002654200026,54210. место во Серија А
БариБариСан Никола&1000000000000005827000058,270 4. место во Серија Б
БолоњаБолоњаРенато Дал'Ара&1000000000000003827900038,2797. место во Серија А
БрешаБрешаМарио Ригамонти&1000000000000001630799916,308 1. место во Серија Б
ВиченцаВиченцаРомео Менти&1000000000000001716300017,1638. место во Серија А
ЕмполиЕмполиКарло Кастелани&1000000000000001979500019,795 2. место во Серија Б
ИнтерМиланоСан Сиро&1000000000000008007399980,0743. место во Серија А
ЈувентусТориноДеле Алпи&1000000000000006929500069,295 Серија А шампион
ЛациоРимОлимпико&1000000000000007269799972,6984. место во Серија А
ЛечеЛечеВиа дел Маре&1000000000000003387599933,876 3. место во Серија Б
МиланМиланоСан Сиро&1000000000000008001800080,01811. место во Серија А
НаполиНеаполСан Паоло&1000000000000006024000060,24013. место во Серија А
ПармаПармаЕнио Тардини&1000000000000002790599927,9062. место во Серија А
ПјаченцаПјаченцаЛеонардо Гарили&1000000000000002790599927,90614. место во Серија А
РомаРимОлимпико&1000000000000007269799972,69812. место во Серија А
СампдоријаЏеноваЛујџи Ферарис&1000000000000003668500036,6856. место во Серија А
УдинезеУдинеФриули&1000000000000003064199930,6425. место во Серија А
ФјорентинаФиренцаАртемио Франки&1000000000000004728199947,2829. место во Серија А

Личности и спонзори

ЕкипаТренерКапитенНајдобар стрелецОпремаСпонзор на дресот
Аталанта Емилијано Мондонико Масимо Карера Никола Качија (6)ЕсиксSomet
Бари Еуџенио Фашети Клас Ингесон Фил Масинга (9)ЛотоTransport Gio Bi
Болоња Ренцо Уливиери Роберто Баџо Роберто Баџо (22)ДиадораGranarolo
Бреша Џузепе Матераци (1.-10. коло)
Паоло Ферарио (11.-31. коло)
Егидио Салви и Адријано Бачони (Т.Д.) (32.-34. коло)
Лучано Де Паола Дарио Хубнер (16)ЕреаRistora
Виченца Франческо Гвидолин Доменико Ди Карло Пасквале Луизо (8)ЛотоPal Zileri
Емполи Лучано Спалети Даниеле Балдини Кармине Еспосито (14)ЕреаSammontana
Интер Лујџи Симони Џузепе Бергоми Роналдо (25)УмброPirelli
Јувентус Марчело Липи Антонио Конте Алесандро Дел Пјеро (21)КапаSony Minidisc
Лацио Свен-Јоран Ериксон Џузепе Фавили Павел Недвед (11)УмброCirio
Лече Чезаре Прандели (1.-18. коло)
Анџело Перени (19.-21. коло)
Недо Сонети (22.-34. коло)
Франческо Палмиери Франческо Палмиери (10)ЕсиксBanca 121
Милан Фабио Капело Паоло Малдини Џорџ Веа (10)ЛотоOpel
Наполи Бортоло Мути (1.-5. коло)
Карло Мацоне (6.-9. коло)
Џовани Галеоне (10.-19. коло)
Винченцо Монтефуско (20.-34. коло)
Роберто Ајала Клаудио Белучи (10)НајкPolenghi
Парма Карло Анчелоти Лујџи Аполони Ернан Креспо (12)ПумаParmalat
Пјаченца Винченцо Гуерини Џанпјеро Пјовани Давиде Диониџи
Роберто Мурџита
Џанпјетро Пјовани (5)
ЛотоБез спонзор
Рома Зденек Земан Абел Балбо Абел Балбо (14)ДиадораINA Assitalia
Сампдорија Сесар Луис Меноти (1.-8. коло)
Вујадин Бошков (9.-34. коло)
Морено Манини Винченцо Монтела (20)ЕсиксDaewoo
Удинезе Алберто Ѕакерони Алесандро Калори Оливер Бирхоф (27)ХумелAtreyu
Фјорентина Алберто Малезани Габриел Батистута Габриел Батистута (21)ФилаNintendo

Завршна табела

Поз.ЕкипаБодОНПНИДГПГГР
1. Јувентус7434211126728+39
2. Интер693421676227+35
3. Удинезе643419786240+22
4. Рома5934161176742+25
5. Фјорентина5734151276536+29
6. Парма5734151275539+16
[23]7. Лацио5634168105330+23
8. Болоња48341212105546+9
9. Сампдорија4834139125255-3
10. Милан44341111123743-6
11. Бари3834108163045-15
12. Пјаченца3734716112938-9
13. Емполи3734107175058-8
14. Виченца363499163661-25
15. Бреша353498174563-18
16. Аталанта3234711162548-23
17. Лече263468203272-40
18. Наполи143428242576-51

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на УЕФА Куп на победниците на куповите 1998-1999.
      Се квалификува за УЕФА Интертото куп 1998.
      Испаднале во Серија Б 1998-1999.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.

Шампионскиот тим

ФормацијаИграчи (настапи)
Анџело Перуци (31)
Алесандро Бириндели (29)
Марк Јулијано (25)
Паоло Монтеро (26)
Џанлука Песото (21)
Анџело Ди Ливио (30)
Дидје Дешан (25)
Антонио Конте (28)
Зинедин Зидан (32)
Филипо Инѕаги (31)
Алесандро Дел Пјеро (32)
Тренер: Марчело Липи
Останати играчи: Алесио Такинарди (23), Димаш (21), Фабио Пекија (21), Морено Торичели (20), Едгар Давидс (20), Чиро Ферара (17), Даниел Фонсека (15), Никола Аморузо (10), Микеланџело Рампуља (5), Марсело Залајета (5), Салваторе Ароника (1), Микеле Падовано (1), Марко Ѕамбони (1).

Резултати

Табеларен приказ

АТАБАРБОЛБРЕЕМПФЈОИНТЈУВЛАЦЛЕЧМИЛНАППАРПЈАРОМСАМУДИВИЧ
Аталанта––––2-04-20-11-01-01-21-10-00-01-21-00-02-20-10-21-11-3
Бари0-0––––0-02-12-00-12-10-50-22-21-02-00-20-01-30-10-00-0
Болоња0-04-3––––2-12-22-22-41-32-12-03-05-11-23-00-02-22-03-1
Бреша2-21-11-3––––3-11-30-11-11-13-22-22-12-12-01-13-30-44-0
Емполи1-02-30-03-1––––1-11-10-11-05-10-15-02-02-31-34-11-03-2
Фјорентина5-03-11-15-11-2––––1-13-01-35-02-04-01-11-10-01-11-01-1
Интер4-00-10-12-14-13-2––––1-01-15-02-22-01-00-03-03-02-02-1
Јувентус3-11-03-24-05-22-11-0––––2-12-04-12-22-22-03-13-04-12-0
Лацио0-23-21-01-03-11-43-00-1––––4-02-12-01-20-02-03-02-34-0
Лече1-10-11-12-02-21-11-50-21-0––––0-02-00-21-31-31-31-20-1
Милан3-02-00-02-13-10-20-31-11-11-2––––0-01-11-00-01-00-00-1
Наполи0-12-20-00-32-11-10-21-20-02-41-2––––0-41-20-20-21-32-0
Парма2-21-02-01-32-01-21-02-21-12-13-13-1––––1-10-22-24-02-1
Пјаченца3-00-10-00-00-00-00-11-10-01-01-11-01-3––––3-31-00-21-1
Рома3-02-12-15-04-34-11-20-01-33-15-06-22-21-1––––2-01-22-2
Сампдорија2-01-02-32-13-02-01-11-10-41-10-36-35-23-11-1––––0-32-1
Удинезе1-02-04-33-12-22-31-01-10-26-02-11-11-12-04-23-2––––3-0
Виченца1-01-23-22-11-01-51-30-02-11-31-41-10-03-21-11-11-3––––

Календар

Календарот бил извлечен на 31 јули 1997 година.[24] Репрезентативните паузи биле закажани за 7 септември и 12 октомври.[24] Божиќната пауза била одбележана на 28 декември.[24]

Андата (1. коло)1. колоРиторно (18. коло)
31 авг.4-2Аталанта-Болоња0-01 фев.
0-2Бари-Парма0-1
1-3Емполи-Рома3-4
2-1Интер-Бреша1-0
2-0Јувентус-Лече2-0
2-0Лацио-Наполи0-0
1-1Пјаченца-Милан0-1
2-1Сампдорија-Виченца1-1
2-3Удинезе-Фјорентина0-1
Андата (2. коло)2. колоРиторно (19. коло)
14 сеп.2-4Болоња-Интер1-08 фев.
13 сеп.3-3Бреша-Сампдорија1-2
14 сеп.3-1Фјорентина-Бари1-0
13 сеп.1-2Лече-Удинезе0-6
1-1Милан-Лацио1-2
14 сеп.2-1Наполи-Емполи0-5
2-2Парма-Аталанта0-0
0-0Рома-Јувентус1-3
3-2Виченца-Пјаченца1-1


Андата (3. коло)3. колоРиторно (20. коло)
21 сеп.0-2Аталанта-Сампдорија0-211 фев.
0-0Бари-Болоња3-4
1-0Емполи-Лацио1-3
3-2Интер-Фјорентина1-1
4-0Јувентус-Бреша1-1
1-3Пјаченца-Парма1-1
3-1Рома-Лече3-1
2-1Удинезе-Милан0-0
1-1Виченца-Наполи0-2
Андата (4. коло)4. колоРиторно (21. коло)
28 сеп.0-0Болоња-Рома1-215 фев.
2-0Бреша-Пјаченца0-0
1-2Фјорентина-Емполи1-1
27 сеп.3-2Лацио-Бари2-0
1-5Лече-Интер0-5
28 сеп.0-1Милан-Виченца4-1
0-1Наполи-Аталанта0-1
27 сеп.4-0Парма-Удинезе1-1
1-1Сампдорија-Јувентус0-3


Андата (5. коло)5. колоРиторно (22. коло)
5 окт.0-1Аталанта-Бреша2-222 фев.
0-1Емполи-Милан1-3
1-1Интер-Лацио0-3
2-1Јувентус-Фјорентина0-3
0-1Лече-Бари2-2
0-0Пјаченца-Болоња0-3
6-2Рома-Наполи2-0
3-2Удинезе-Сампдорија3-0
0-0Виченца-Парма1-2
Андата (6. коло)6. колоРиторно (23. коло)
19 окт.0-5Бари-Јувентус0-128 фев.
4-0Бреша-Виченца1-21 мар.
0-0Фјорентина-Рома1-4
18 окт.0-2Лацио-Аталанта0-028 фев.
19 окт.1-2Милан-Лече0-01 мар.
18 окт.0-2Наполи-Интер0-228 фев.
19 окт.2-0Парма-Болоња2-11 мар.
3-1Сампдорија-Пјаченца0-1
18 окт.2-2Удинезе-Емполи0-1


Андата (7. коло)7. колоРиторно (24. коло)
2 ное.1-3Аталанта-Виченца0-18 мар.
5-1Болоња-Наполи0-0
2-3Емполи-Бари0-2
1 ное.1-0Интер-Парма0-1
4-1Јувентус-Удинезе1-1
2 ное.2-0Лече-Бреша2-3
0-0Пјаченца-Фјорентина1-1
1 ное.1-3Рома-Лацио0-2
2 ное.0-3Сампдорија-Милан0-1
Андата (8. коло)8. колоРиторно (25. коло)
9 ное.1-2Аталанта-Интер0-414 мар.
1-3Бари-Рома1-215 мар.
5-0Фјорентина-Лече1-1
3-0Лацио-Сампдорија4-014 мар.
2-1Милан-Бреша2-215 мар.
1-2Наполи-Јувентус2-214 мар.
2-0Парма-Емполи0-215 мар.
2-0Удинезе-Пјаченца2-0
3-2Виченца-Болоња1-314 мар.


Андата (9. коло)9. колоРиторно (26. коло)
23 ное.2-2Болоња-Фјорентина1-122 мар.
0-4Бреша-Удинезе1-3
1-0Емполи-Аталанта0-1
22 ное.2-2Интер-Милан3-0
23 ное.2-2Јувентус-Парма2-2
2-0Лече-Наполи4-2
22 ное.0-0Пјаченца-Лацио0-0
23 ное.2-2Рома-Виченца1-1
1-0Сампдорија-Бари1-0
Андата (10. коло)10. колоРиторно (27. коло)
30 ное.0-0Аталанта-Лече1-129 мар.
2-1Бари-Бреша1-1
2-2Болоња-Сампдорија3-2
2-3Емполи-Пјаченца0-0
2-3Лацио-Удинезе2-028 мар.
1-1Милан-Јувентус1-4
1-1Наполи-Фјорентина0-429 мар.
0-2Парма-Рома2-2
1-3Виченца-Интер1-228 mar.


Андата (11. коло)11. колоРиторно (28. коло)
7 дек.3-1Бреша-Емполи1-35 апр.
1-1Фјорентина-Парма2-1
6 дек.2-1Јувентус-Лацио1-0
7 дек.0-1Лече-Виченца3-1
2-0Милан-Бари0-1
1-0Пјаченца-Наполи2-1
3-0Рома-Аталанта1-0
6 дек.1-1Сампдорија-Интер0-3
7 дек.4-3Удинезе-Болоња0-2
Андата (12. коло)12. колоРиторно (29. коло)
14 дек.1-2Аталанта-Милан0-311 апр.
0-0Бари-Удинезе0-2
2-0Болоња-Лече1-1
4-1Емполи-Сампдорија0-3
3-0Интер-Рома2-1
1-0Лацио-Бреша1-1
0-4Наполи-Парма1-3
1-1Пјаченца-Јувентус0-2
1-5Виченца-Фјорентина1-1


Андата (13. коло)13. колоРиторно (30. коло)
21 дек.0-0Бари-Пјаченца1-019 апр.
1-1Бреша-Рома0-5
5-0Фјорентина-Аталанта0-1
5-2Јувентус-Емполи1-0
4-0Лацио-Виченца1-2
0-0Милан-Болоња0-3
2-1Парма-Лече2-0
6-3Сампдорија-Наполи2-0
1-0Удинезе-Интер0-2
Андата (14. коло)14. колоРиторно (31. коло)
4 јан.2-2Аталанта-Пјаченца0-326 апр.
2-1Болоња-Бреша3-1
1-1Фјорентина-Сампдорија0-2
1-0Интер-Јувентус0-1
2-2Лече-Емполи1-5
1-2Наполи-Милан0-0
1-1Парма-Лацио2-1
1-2Рома-Удинезе2-4
1-2Виченца-Бари0-0


Андата (15. коло)15. колоРиторно (32. коло)
11 јан.0-0Бари-Аталанта0-23 мај
1-3Бреша-Фјорентина1-5
0-0Емполи-Болоња2-2
2-0Јувентус-Виченца0-0
4-0Лацио-Лече0-12 мај
0-0Милан-Рома0-53 мај
0-1Пјаченца-Интер0-0
5-2Сампдорија-Парма2-2
1-1Удинезе-Наполи3-1
Андата (16. коло)16. колоРиторно (33. коло)
18 јан.1-1Аталанта-Удинезе0-110 мај
1-3Болоња-Јувентус2-3
1-3Фјорентина-Лацио4-1
0-1Интер-Бари1-2
1-3Лече-Сампдорија1-1
0-3Наполи-Бреша1-2
3-1Парма-Милан1-1
1-1Рома-Пјаченца3-3
1-0Виченца-Емполи2-3


Андата (17. коло)17. колоРиторно (34. коло)
25 јан.2-0Бари-Наполи2-216 мај
2-1Бреша-Парма3-1
1-1Емполи-Интер1-4
3-1Јувентус-Аталанта1-1
1-0Лацио-Болоња1-2
0-2Милан-Фјорентина0-2
1-0Пјаченца-Лече3-1
1-1Сампдорија-Рома0-2
3-0Удинезе-Виченаца3-1

Статистика

Екипна

Лидери на табелата

————————————————————————————————————————————————————————————————————
ИнтерЈувентус
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª

Поединечна

Список на стрелци

ГолПеналиИграчКлуб
272 Оливер Бирхоф Удинезе
257 Роналдо Интер
2211 Роберто Баџо Болоња
21 Габриел Батистута Фјорентина
214 Алесандро Дел Пјеро Јувентус
204 Винченцо Монтела Сампдорија
18 Филипо Инѕаги Јувентус
165 Дарио Хубнер Бреша
151 Луис Оливеира Фјорентина
143 Абел Балбо Рома
143 Кармине Еспозито Емполи
131 Франческо Тоти Рома
12 Кенет Андерсон Болоња
121 Ернан Креспо Парма
12 Пауло Сержо Рома
11 Павел Недвед Лацио
10 Ален Бокшиќ Лацио
10 Жорж Веа Милан
101 Клаудио Белучи Наполи
101 Паоло Поџи Удинезе
102 Енрико Кјеза Парма
102 Франческо Палмиери Лече

Оливер Бирхоф од Удинезе бил најдобар стрелец во сезоната со 27 постигнати гола

Најдобри асистенти

Поз.ИграчКлубАсистенции
1 Алесандро Дел Пјеро Јувентус12
Роберто Манчини Лацио
3 Франческо Тоти Рома10
Кафу Рома
Енрико Кјеза Парма
Франческо Мориеро Интер
7 Ибрахим Ба Милан9
Зинедин Зидан Јувентус
Роберто Баџо Болоња
Руи Кошта Фјорентина
Кенет Андерсон Болоња

Факти и бројки

  • Екипа со најмногу победи: Јувентус, Интер (21)
  • Екипа со најмалку победи: Наполи (2)
  • Екипа со најмногу порази: Наполи (24)
  • Екипа со најмалку порази: Јувентус (2)
  • Екипа со најмногу нерешени: Пјаченца (16)
  • Екипа со најмалку нерешени: Интер (6)
  • Екипа со најсилен напад: Јувентус, Рома (67 постигнати гола)
  • Екипа со најдобра одбрана: Интер (27 примени гола)
  • Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+39)
  • Екипа со најслаб напад: Аталанта, Наполи (25 постигнати гола)
  • Екипа со најслаба одбрана: Наполи (76 примени гола)
  • Екипа со најслаба гол-разлика: Наполи (−51)

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица