Павел Недвед

Павел Недвед (чешки: Pavel Nedvěd; роден на 30 август 1972 година во Хеб) — чешки поранешен фудбалер, играч од средината на теренот.

Павел Недвед
Pavel Nedvěd
Лични податоци
Роден на30 август 1972(1972-08-30)(51 г.)
Роден воХеб, Чехословачка
ДржаваЧехословачка Чехословачка
Чешка Чешка (од 1993)
Висина&100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позицијасреден ред
Сегашен клубЈувентус Јувентус
(потпретседател)
Повлекување31 мај 2009 (36 г.)
Младинска кариера
ТЈ Скална
РХ Хеб
Викторија Плзен Викторија Плзењ
Дукла Табор
Дукла Прага Дукла Прага
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1991–1992Дукла Прага Дукла Прага19(3)
1992–1996Спарта Прага Спарта Прага97(23)
1996–2001Лацио Лацио138(33)
2001–2009Јувентус Јувентус247(51)
Репрезентација
1994–2006Чешка Чешка91(18)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Сметан за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација,[1][2][3] Недвед исто така е еден од најуспешните играчи од Чешка,[4] кој бил голем протагонист во европскиот фудбал кон крајот на
1990-тите и 2000-тите години, остварувајќи голем број успеси прво со Лацио, а потоа и со Јувентус. Во Јувентус тој останал до крајот на својата кариера (по крајот на сезоната 2008-2009) и денес тој е странски фудбалер со најмногу настапи за клубот (327), а како резултат на својте фантастични изведбите во црно-белиот дрес, во 2003 година тој бил награден со добивање на Златната топка доделена од францускиот магазин France Football (втор Чех што кој ја добил оваа награда по Јозеф Масопуст), а бил прогласен и за Светски играч на годината од британскиот магазин World Soccer. Тој бил познат по својата енергија и неуморното движење по теренот, па оттука произлегол и неговиот прекар "Furria Cecca" (превод на мак. Чешката фурија) кој го добил од навивачите на Јуве.

За чешката репрезентацијата, Недвед одиграл 91 натпревар и постигнал 18 голови во периодот 1994-2006, а од 2000 година бил и капитен. Тој ја претставувал Чешка на три Европски првенства: 1996 кога чесите биле вицешампиони, 2000 и 2004, а на последното бил избран во идеалниот тим на првенството. Исто така играл и на Светското првенство 2006 и Купот на конфедерации 1997.

Недвед бил четири пати прогласен за чешки фудбалер на годината, а во 2003 година ја добил наградата и за спортист на годината во својата земја. Во 2004 година, бил вклучен во ФИФА 100 списокот на 125 најдобри живи фудбалери избрани од Пеле. Од 2003 до 2005 година, тој три последователни години бил избран во Тимот на годината на УЕФА.

Животопис

Павел Недвед е роден во Хеб, Чехословачка, како дете на Вацлав и Ана Недвед, а израснал во близина на Скална.[5][6] Кога Павел имал 6 или 7 години, како подарок за Божиќ од својте родители добил фудбалска топка која според неговиот татко засекогаш му го променила животот: „Не се сеќавам дека некој друг подарок некогаш го направил толку среќен“, изјавил тој во едно интервју.[7]

Недвед бил оженет со Ивана во 1992 година, со која имаат две деца кои ги носат нивните имиња: Ивана и Павел. Парот се разделил во 2019 година.[8]

Во октомври 2010, излегла од печат неговата автобиографија Мојот нормален живот - Кругот помеѓу револуцијата, Европа и Златната топка.[9]

Од 2011 година, тој бил вклучен меѓу 50-те легенди на Јувентус, кој биле почестени со своја ѕвезда на „Патеката на славните“ на Јувентус Стадион.[10]

На 28 октомври 2015 година добил Медал за заслуги на Чешка, што е највисока чест на неговата земја.[11]

Технички одлики

Комплетен, упорен и констатнтен играч кој одлично се служи со двете нозе иако е природен левак.[12][13] Неговата најчеста позиција на која играл во текот на неговата кариера била лево-офанзивен играч од средниот ред[12] или како лево крило[14] иако поради неговиот квалитетен центаршут со левата нога, како и можноста да навлезе од крилото кон внатрешноста и да шутира со десната нога, тој се смета за погоден да игра било каде во средниот ред, а во прилог на тоа говори и неговата способност да игра подеднакво добро и во офанзивниот и во дефанзивниот дел од играта, како и неговата разновидност, физичките карактетистики и способноста за одземање на топката од противникот, што му овозможува да тргне во напад откако ќе го освои поседот на топката.[15][16][17][18][19][20] Поради ова тој некогаш бил распореден и како централен играч од средниот ред,[15] офанзивен играч од средниот ред, плејмејкер, па дури и како втор напаѓач[16], каде што тој се одликувал како извонреден асистент поради неговите одлични дриблинг способности, опсег и визија.[15][21] Тој бил познат и по неговите моќни удари и волеи од далечина,[22] неговата издржливост,[15] брзина, забрзување, техника и квалитетот за постигнување голови, што го прават мошне динамичен играч.[15][18][23][24][25][26][27] Меѓудругото, тој исто така бил и солиден изведувач на слободни удари и пенали.[13]

Неговата трејдмарк долга руса коса, го направила Недвед еден од најпрепознатливите играчи на теренот.[24][25] Неговиот прекар "Furia Ceca" (превод на мак. "Чешката фурија") го добил од италијанските навивачи, кои ја забележале неговата вештина, доследност и ентузијазам, како и неговата издржливост, темпо, моќ и одлучност.[28] Во бртианските медиуми пак, тој бил наречен „чешкиот топ“.[12][29] Неговиот поранешен тренер од Лацио Свен-Јоран Ериксон го опишал како „атипичен играч од средниот ред, комплетен во секој поглед“. И покрај неговите квалитети, тој неретко бил критикуван, најчесто од противниците, поради тоа што сметале дека многу лесно паѓал.[25][30]

Клупска кариера

Почетоци

Недвед ја започнал својата фудбалска кариера во родната Чешка, тогашна Чехословачка. Во 1977 година, на петгодишна возраст, тој му се приклучил на Татран Скална, кој бил првиот клуб во кариерата на Недвед.[31] Во 1985 година, се преселил во Руда Гвежда Хеб каде играл една сезона, пред да се приклучи на младинскиот тим на Шкода П’лзењ.[31] Во 1990 година, Недвeд и се приклучил на Дукла Прага, клуб што го водела армијата, како дел од воената служба.[32] Својот прв натпревар за Дукла Прага го одиграл на 28 октомври 1991.[33] Тој играл за Дукла до крајот на сезоната 1991-1992, пред да го заврши воениот рок, со што му бил ставен крај на заемот од П’лзењ.

Спарта Прага

Во летото 1992 година, Недвед направил трансфер во Спарта Прага, според кој П’лзењ би требало да добие 30% од сумата за која евентуално Спарта потоа би го продала Недвед во некој странски клуб.[34][35] Во почетокот на неговата кариера во Спарта, Недвед не започнал најдобро откако бил исклучен трипати на само шест натпревари.[33] Сепак, со текот на времето неговите настапи станувале се подобри и во првата негова сезона со 18 настапи тој му помогнал на клубот да ја освои титулата во последното издание на чехословачкото првенство, пред распадот на државата. Тој исто така, бил дел од тимот на Спарта кој ги освоил први две чешки првенства по осамостојувањето на државата во 1993-1994 и 1994-1995. Во неговата последна сезона тој постигнал 14 гола на 30 натпревари во чешкото првенство, но тоа не било доволно за Спарта да може да ја одбрани титулата освоена во претходните две сезони. Сепак, клубот успеал да го освои Купот на Чешка победувајќи ја екипата на Петра Дрновице со 4-0 во финалето, во кое Недвед постигнал два гола.

Неговиот напредок од сезона во сезона и добрите игри на Европското првенство 1996 го привлекле вниманието на многу европски клубови. И покрај вербалниот договор со холандскиот ПСВ,[34][36] Недвед на крајот се преселил во италијанската Серија А, потпишувајќи договор со екипата на Лацио. Како би избегнала исплаќање од 30% од трансферот на П’лзењ, Спарта најпрво го продала Недвед во словачкиот клуб Кошице (кој го имал истиот сопственик како Спарта) за 1,5 милиони чешки круни, а Кошице потоа веднаш го продал Недвид на Лацио.[34] Така, Спарта платила само мал дел од надоместокот за трансферот на П’лзењ.[34][37] По протестот на П’лзењ, чешката фудбалски сојуз одредила Спарта да му плати на П’лзењ компензација од 35 милиони чешки круни.[35]

Лацио

Во јули 1996, Недвед се преселил во Лацио за 9 милиони италијански лири, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.[38] Дебитирал во Серија А на 7 септември 1996, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Болоња.[39][40] Својот прв првенствен гол за Лацио го постигнал во победата со 2-1 на домашен терен над Каљари на 20 октомври 1996. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 7 постигнати гола, потврдувајќи се како една од најсилните алки во тимот.

Недвeд брзо станал важен играч за Лацио, толку многу, што на почетокот на сезоната 1997-1998, тој постигнал 4 гола на неговите први три натпревари во лигата.[41] Клубот од Рим имал низа од 24 натпревари без пораз од ноември 1997 до април 1998 година, која завршила со натпреварот во лигата против Јувентус во кој Недвед добил црвен картон.[42] Во втората сезона со Лацио го освоил својот прв италијански трофеј, Купот на Италија, победувајќи го Милан во финалето, а исто така играле во финалето на Купот на УЕФА во кое загубиле од Интер.[43][44]

Третата сезона во Рим за Недвед била отворена со освојувањето на првиот Суперкуп на Италија во неговата кариера, играјќи 55 минути од натпреварот во кој Лацио со 2-1 го победил Јувентус; тој го постигнал првиот гол во натпреварот во 37-мата минута, за потоа по изедначувањето на Јувентус на три минути пред крајот Сержо Консеисао со гол во четвртата минута од судиското надополнување да му ја донесе титулата на Лацио.[45] Иако во текот на оваа сезона тој се соочувал со проблеми со повреди што го отстраниле од терените долг период, во завршницата од сезоната тој уште еднаш бил одлучувачки човек за Лацио; тој го постигнал победничкиот гол за бјанкочелестите против Мајорка (2-1) во финалето на Купот на победниците на куповите, во неговото последно издание одиграно во Бирмингем на 19 мај 1999 година, носејќи му го трофејот на римскиот тим.[46] Неговиот гол бил последниот во историјата на ова натпреварување.[46]

На почетокот на сезоната 1999-2000, Недвед освојува уште еден трофеј со клубот, после победата над европскиот шампион Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА.[47] Тој постигнал 5 гола во Серија А вклучувајќи и 2 фундаментални: еден против Болоња на денот на стогодишнината на клубот од главниот град на Италија, со кој тие победиле и го преземале водството на табелата, а другиот во дербито против директниот соперник за титулата во оваа сезона Јувентус, помагајќи му на својот тим да оствари победа со 2-1 и да го најави кам-бекот на лацијалите во борбата за титулата иако во тој момент заостанувале зад бјанконерите со 9 бода. Сепак, во последното коло, Лацио ја совладал Реџина со 3-0, и го искористил киксот на Јувентус кој загубил на гостувањето кај Перуџа, за по дваесет и шест години пауза да се врати на престолот во Серија А освојувајќи го своето второ скудето во историјата на клубот.[48] Во текот на истата сезона Лацио го освоил и Купот на Италија за комплетирање на двојната круна, откако во финалето во два натпревари биле подобри од Интер со вкупен резултат 2-1, а Недвед го постигнал првиот гол за Лацио во победата на домашен терен.

На почетокот на следната сезона, Недвед го освоил својот втор Суперкуп на Италија со победата над Интер со 4-3.[45] Недвед постигнал 9 гола во Серија А во текот на сезоната 2000-2001, но клубот не успеал да ја одбрани титулата завршувајќи ја сезоната на третото место зад градскиот соперник Рома и Јувентус, иако Недвед постигнал гол и против двете екипи. Тој исто така постигнал 3 гола во Лигата на шампионите: против Шахтар Донецк и Арсенал во првата групна фаза и против Реал Мадрид во втората групна фаза. После пет позитивни сезони во Рим, Недвед одлучил да го напушти Лацио по завршувањето на сезоната 2000-2001.[49]

Вкупно за Лацио одиграл 207 натпревари и постигнал 51 гол.

Јувентус

Во јули 2001 година, Недвед потпишал за Јувентус, во трансфер за кој клубот од Торино му исплатил на Лацио 75 милијарди италијански лири (38.7 милиони евра).[50][51][52] Недвед дошол како замена за Зинедин Зидан, кој истото лето се преселил во Реал Мадрид, а тренерот на Јувентус Марчело Липи првично го поставил на позицијата лево крило, со слобода да навлегува кон средината.[53] Сепак, прилагодувањето кон новата реалност не било наједноставно, откако Чехот во првите месеци во Торино претрпел големи критики за нивото на своето претставување во дресот на Јувентус,[54] за сепак Липи да го реши ќор-сокакот кон крајот на 2001 година, ставајќи го Недвед во улога што никогаш порано играчот од средниот ред не ја играл, како офанзивен играч за врска зад двајцата напаѓачи,[54] односно како поддршка за напаѓачкиот тандем Дел Пјеро - Трезеге: каде тој ги пронашол својте вродени слободи на движење и шутирање, истовремено извршувајќи и задачи делумно слични на оние на офанзивен играч од средниот ред.[55][56] Својот прв гол го постигнал во декември против Перуџа, во Серија А, и тоа со глава. Најважните голови во сезоната ги постигнал во завршницата на истата против Верона и Пјаченца; двата натпревари добиени од бјанконерите со минимални 1-0. Сезоната ја завршил со 4 гола, а на 5 мај 2002 година го освоил своето второ скудето во кариерата, прво со Јувентус, откако во последното коло тие успеале да го искористат киксот на Интер и да го престигнат на табелата.

За време на сезоната 2002-2003 тој постигнал 9 голови во лигата и освоил уште едно скудето, на кое му ја придодал и титулата во Суперкупот на Италија со победата над Парма. Во оваа сезона тој го постигнал и својот прв гол во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус, со моќен удар против Динамо Киев во победата со 5-0 на домашен терен во групната фаза. Тој, исто така, постигнал гол на Камп Ноу против Барселона (1-2 по продолженија) и во возвратниот натпревар од полуфиналето против Реал Мадрид (3-1) во Торино. Тој бил движечка сила на Јувентус во ова натпреварување водејќи го својот тим до финалето во Манчестер против Милан (загубено со 2-3 по изведување на пенали),[57] но бил принуден да го пропушти финалето поради добиени два жолти картони, вториот по стартот над фудбалерот на Реал Мадрид Стив МекМанаман во реванш полуфиналето.[58]

До крајот на 2003 година тој освоил уште една титула во Суперкупот на Италија; во реприза на финалето на Лигата на шампионите Јувентус и Милан уште еднаш одиграле натпревар кој бил одлучен по изведување на пенали, но овој пат среќата отишла на страната на Недвед (кој го одиграл целиот натпревар) и неговите соиграчи кои победиле со 5-3 по пеналите.[59] На крајот на 2003 година, тој ја добил златната топка за најдобар европски фудбалер на годината пред Тјери Анри и Паоло Малдини која му била доделена од жирито на францускиот магазин „France Football“, така што тој станал вториот чешки фудбалер кој ја добил оваа награда по Јозеф Масопуст, четириесет и една година претходно.[60] Исто така, тој бил прогласен и за Светски играч на годината, награда која му ја доделиле читателите на британското списание World Soccer.[61] На почетокот на 2004 година, тој го прославил добивањето на златната топка пред своите навивачи со гол од 30 метри против Перуџа (1-0).[62] На 6 март 2004, Недвед го постигнал третиот гол за Јувентус за целосен пресврт во победата со 2-3 на гостувањето кај Бреша, иако на полувремето неговиот тим губел со 2-0. Во текот на сезоната 2003-2004, поради кризата со повредени напаѓачи, тој често играл и како втор напаѓач.

Во следните две години, под водство на новиот тренер Фабио Капело на клупата, тој освоил уште две првенствени титули (подоцна одземени, заради настаните поврзани со Калчополи).[63] Откако во летото 2006 година, Јувентус бил санкциониран со испаѓање во понизок ранг, иднината на Недвед во Јувентус била тема на длабока дискусија. Сепак, по завршувањето на Светското првенство 2006, тој ги побил гласините за заминување со изјава дека ќе остане во клубот и ќе игра и во Серија Б следната сезона, како и дека сака да му помогне на Јувентус да се врати во Серија А.[57] Така, тој им се приклучил на само неколку свои колеги како капитенот Алесандро Дел Пјеро, Џанлујџи Буфон, Давид Трезеге и Мауро Каморанези, кои и покрај бројните понуди решиле да останат во клубот и во тие тешки денови. Својот прв гол во Серија Б го постигнал во победата со 4-0 на домашен терен над Модена, во четвртото коло од првенството. Под водство на тренерот Дидје Дешам, Недвед постигнал 11 гола во втората по ранг италијанска лига и ја исполнил својата мисија да му помогне на Јувентус брзо да се врати во Серија А, правејќи го тоа уште по првата сезона.

Недвед во дресот на Јувентус во 2007 година.

По враќањето во Серија А, иако веќе на возраст од 35 години, Недвед и понатаму бил важен играч за бјанконерите, играјќи стандардно на позицијата лево крило. На 4 ноември 2007 година, за време на Дербито на Италија против Интер, се нашол подложен на критики за стартот над португалскиот фудбалер Луис Фиго, и бил негативно оценет бидејќи му нанел скршеница на малата писка, иако при стартот тој ја допрел топката и јасно се видело дека се обидел ја врати во посед на својот тим а не да го повреди противникот.[64] По натпреварот Недвед му се извинил јавно на Фиго изјавувајќи: "Навистина ми е жал што му нанесов сериозна повреда на Фиго. Јас веднаш му се извинив нему, бидејќи тоа е единствено исправно да се направи. Немав намера да го повредам, тоа се случи бидејќи не успеав да ја пресечам топката и дојде до прекумерен контакт."[65] На 9 декември 2007 година, тој го прославил својот 300-ти натпревар во црно-белиот дрес, постигнувајќи го победничкиот гол за својот тим во 85-тата минута од натпреварот на домашен терен против Аталанта, добиен со 1-0.[66] Во април 2008 година, бил хоспитализиран поради потрес на мозокот со кој се здобил по судирот со играчот на Палермо, Роберто Гуана.[67] Недвед одиграл добра повратничка сезона во Серија А, помагајќи му на својот клуб да го освои третото место во лигата и да избори враќање во Лигата на шампионите од следната есен, иако неговата продуктивност кога се во прашање головите била намалена во однос на претходнте сезони; во оваа тој постигнал само два гола, но имал и 7 асистенции.

Во летото 2008 година, тој бил трансфер-мета на јапонскиот клуб Џубило Ивата,[68], пред да ја отфрли таа понуда и да потпише продолжување на договорот со Јувентус за уште една сезона, до јуни 2009 година. Недвед го постигнал првиот првенствен гол за Јуве во сезоната 2008-2009, во ремито 1-1 на гостувањето кај Фјорентина.[69] Во октомври 2008, постигнал два гола како капитен на клубот во победата со 2-1 на гостувањето кај Болоња. На 26 февруари, Недвед најавил дека ќе ја заврши својата играчка кариера по крајот на сезоната 2008-2009[70][71] како би можел да помине повеќе време со семејството.[72] Во март 2009 година, поради повреда тој бил заменет по само 12 минути игра во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челси, што поради неговото претстојно пензионирање ќе се испостави и како негов последен натпревар во ова натпреварување.[73] На 17 мај 2009 година, го одиграл својот 500-ти клупски првенствен натпревар во кариерата. Својот последен натпревар во кариерата го одиграл на 31 мај 2009, против неговиот поранешен клуб Лацио. Носејќи ја капитенската лента на Јувентус во овој натпревар, тој му асистирал на Винченцо Јаквинта за вториот гол во победата со 2-0 и бил сменет пред самиот крај како би добил стоечки овации од присутните навивачи на бјанконерите.[74][75]

Вкупно во дресот на Јувентус одиграл 327 натпревари и постигнал 65 голови. До денес тој е рекордер по бројот на настапи за клубот од Торино, кога се во прашање странските фудбалери.

Репрезентативна кариера

Недвед играл за сите младински репрезентации на Чехословачка, меѓутоа поради распадот на државата не бил во можност да заигра за сениорската репрезентација на таа земја.

Сепак, во јуни 1994 година, тој дебитирал за сениорската екипа на новоформираната чешка репрезентација, во победата со 3-1 над Ирска во пријателски натпревар одигран во Даблин.[76]

Откако помогнал со неколку настапи во квалификациите Чешка да се квалификува, во летото 1996 година Недвед бил повикан во репрезентацијата за Европското првенство 1996 во Англија, што бил неговиот прв голем репрезентативен турнир на кој учествувал. Своето деби на првенството го направил во поразот со 2-0 од Германија, во кој добил жолт картон, a во вториот натпревар против Италија, Недвед го постигнал својот прв гол за чешката репрезентација придонесувајќи за победата на неговата нација со 2-1.[77] Во третиот и последен натпревар во групата против Русија што завршил нерешено 3-3, Недвед го добил својот втор жолт картон на турнирот и поради тоа морал да го прескокне следниот натпревар;[78] победата на чесите со 1-0 над Португалија во четвртфиналето.[79] Во полуфиналето против Франција, Чешка победила со 6-5 по изведување пенали: Недвед се вратил во екипата по суспензијата, бил сигурен изведувач на пенал за својата земја во втората серија, и бил прогласен за играч на натпреварот.[80] Тој играл и во финалето против Германија, во кое Чешка била поразена со резултат 2-1, по златниот гол постигнат во првото продолжение од страна на Оливер Бирхоф.[81]

Недвед како капитен на чешката репрезентација, на Светското првенство 2006.

Во 1997 година, Чешка била поканета да игра на ФИФА Купот на конфедерации 1997 како замена за Германија, победникот на претходното европско првенство. Репрезентацијата успеала да се квалификува во нокаут фазата, откако завршиле како втори во групата зад Уругвај; во третиот и последен натпревар од групната фаза, Недвед постигнал два гола (за првпат на еден натпревар со репрезентацијата), придонесувајќи за победата со 6-1 над Обединети Арапски Емирати. Чешка потоа загубила во полуфиналето од Бразил, но го совладала Уругвај со 1-0 во натпреварот за третото место и го освоила бронзениот медал. Недвед ги одиграл сите 5 натпревари за својата земја на турнирот.

Откако не успеале да се квалификуваат за Светското првенство 1998, чесите учествувале на Европското првенство 2000, кое заеднички го организирале Белгија и Холандија. Сепак, поради повредата на глуждот, Недвед не бил во можност да се претстави на ова натпреварување во својата најдобра форма.[82] Во првиот натпревар од групната фаза, загубен од домаќинот Холандија со доцен гол од пенал, Недвeд ја погодил стативата од голот на противникот со моќен удар со глава, а исто така создал уште неколку шанси за својте соиграчи, но сепак Чешка не успеала да постигне гол во тој натпревар.[83] Неговите настапи против Франција и Данска, не биле доволни за да и обезбедат пласман на Чешка во нокаут фазата. По овој турнирот, Недвед бил назначен за нов капитен на репрезентацијата.[84]

На Европското првенство 2004 во Португалија, Недвед одиграл одличен турнир, играјќи ги трите натпревари од групната фаза и загубеното полуфинале против подоцнежниот шампион Грција. Во вториот натпревар од групната фаза против Холандија (3-2 за Чешка) тој бил прогласен за играч на натпреварот.[85] Во полуфиналето против грците, загубено со 1-0, Недвед се здобил со повреда на коленото и бил принуден да го напушти теренот: по овој пораз, фудбалерот од средниот ред ја открил својата намера да ја напушти репрезентацијата. По завршувањето на турнирот тој бил вклучен во идеалниот тим на првенството заедно со неговите соиграчи од репрезентацијата Петр Чех и Милан Барош.[86]

Иако го најавил своето повлекување од репрезентацијата по Европското првенство 2004, сепак под притисок на навивачите и неговите соиграчи како и многубројните убедувања од страна на селекторот Карел Брукнер, Недвед решил да остане во тимот уште за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2006 во Германија. Чесите успеле да се квалификуваат за првенството, но биле елиминирани уште во групната фаза, забележувајќи убедлива победа од 3-0 над САД во првото коло, а потоа и два порази од Гана и Италија.[87][88]

Истото лето, во пријателскиот натпревар против новоформираната репрезентација на Србија, Недвед го објавил своето конечно збогување со репрезентацијата: своето патешествие во чешкиот дрес го заклучил со 91 настап и 18 голови.[89] Неговите соиграчи и селекторот се обиделе да го убедат да учествува и на следното Европско првенство 2008, но Недвед одбил да ја промени својата одлука.[90]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
5-6-1994ДаблинИрска 1 – 3  ЧешкаПријателска-
16-8-1995ОслоНорвешка 1 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 1996-
6-9-1995ПрагаЧешка 2 – 0  НорвешкаКвал. за Евро 1996-
7-10-1995МинскБелорусија 0 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 1996-
15-11-1995ПрагаЧешка 3 – 0  ЛуксембургКвал. за Евро 1996-
26-3-1996ОстраваЧешка 3 – 0  ТурцијаПријателска-
24-4-1996ПрагаЧешка 2 – 0  ИрскаПријателска-
29-5-1996СалцбургАвстрија 1 – 0  ЧешкаПријателска-
1-6-1996БазелШвајцарија 1 – 2  ЧешкаПријателска-
9-6-1996МанчестерГерманија 2 – 0  ЧешкаЕвро 1996 - Прва фаза-
14-6-1996ЛиверпулЧешка 2 – 1  ИталијаЕвро 1996 - Прва фаза1
19-6-1996ЛиверпулРусија 3 – 3  ЧешкаЕвро 1996 - Прва фаза-
26-6-1996МанчестерФранција 0 – 0 прод.
(5 – 6 пен.)
 ЧешкаЕвро 1996 - Полуфинале-
30-6-1996ЛондонЧешка 1 – 2 зг  ГерманијаЕвро 1996 - Финале-[91]
18-9-1996ТеплицеЧешка 6 – 0  МалтаКвал. за СП 19981
9-10-1996ПрагаЧешка 0 – 0  ШпанијаКвал. за СП 1998-
10-11-1996БелградСР Југославија 1 – 0  ЧешкаКвал. за СП 1998-
26-2-1997ПодебрадиЧешка 4 – 1  БелорусијаПријателска-
2-4-1997ПрагаЧешка 1 – 2  СР ЈугославијаКвал. за СП 1998-
8-6-1997ВаљадолидШпанија 1 – 0  ЧешкаКвал. за СП 1998-
20-8-1997ТеплицеЧешка 2 – 0  Фарски ОстровиКвал. за СП 1998-
24-8-1997БратиславаСловачка 2 – 1  ЧешкаКвал. за СП 1998-
13-12-1997РијадЧешка 2 – 2  Јужна АфрикаКуп на конф. 1997 - Прва фаза-
15-12-1997РијадЧешка 1 – 2  УругвајКуп на конф. 1997 - Прва фаза-
17-12-1997РијадЧешка 6 – 1  Обединети Арапски ЕмиратиКуп на конф. 1997 - Прва фаза2
19-12-1997РијадЧешка 0 – 2  БразилКуп на конф. 1997 - Полуфинале-
21-12-1997РијадЧешка 1 – 0  УругвајКуп на конф. 1997 - Натпревар за 3. место-[92]
19-8-1998ПрагаЧешка 1 – 0  ДанскаПријателска-
6-9-1998ТофтирФарски Острови 0 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 2000-
14-10-1998ТеплицеЧешка 4 – 1  ЕстонијаКвал. за Евро 20001
27-3-1999ТеплицеЧешка 2 – 0  ЛитванијаКвал. за Евро 2000-
31-3-1999ГлазговШкотска 1 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 2000-
28-4-1999ВаршаваПолска 2 – 1  ЧешкаПријателска-
5-6-1999ТалинЕстонија 0 – 2  ЧешкаКвал. за Евро 2000-
9-6-1999ПрагаЧешка 3 – 2  ШкотскаКвал. за Евро 2000-
18-8-1999ДрновицеЧешка 3 – 0  ШвајцаријаПријателска-
4-9-1999ВилниусЛитванија 0 – 4  ЧешкаКвал. за Евро 20002
8-9-1999ТеплицеЧешка 3 – 0  Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2000-
13-11-1999АјндховенХоландија 1 – 1  ЧешкаПријателска-
23-2-2000ДаблинИрска 3 – 2  ЧешкаПријателска-
29-3-2000ТеплицеЧешка 3 – 1  АвстралијаПријателска-
26-4-2000ПрагаЧешка 4 – 1  ИзраелПријателска2
3-6-2000НирнбергГерманија 3 – 2  ЧешкаПријателска-
11-6-2000АмстердамХоландија 1 – 0  ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
16-6-2000БрижЧешка 1 – 2  ФранцијаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
21-6-2000ЛиежДанска 0 – 2  ЧешкаЕвро 2000 - Прва фаза-дет.
2-9-2000СофијаБугарија 0 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
7-10-2000ТеплицеЧешка 4 – 0  ИсландКвал. за СП 20022
11-10-2000Та КалиМалта 0 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2002-
28-2-2001СкопјеМакедонија 1 – 1  ЧешкаПријателска-
24-3-2001БелфастСеверна Ирска 0 – 1  ЧешкаКвал. за СП 20021
28-3-2001ПрагаЧешка 0 – 0  ДанскаКвал. за СП 2002-
25-4-2001ПрагаЧешка 1 – 1  БелгијаПријателска-
2-6-2001КопенхагенДанска 2 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
6-6-2001ТеплицеЧешка 3 – 1  Северна ИрскаКвал. за СП 2002-
15-8-2001ДрновицеЧешка 5 – 0  Јужна КорејаПријателска1
1-9-2001РејкјавикИсланд 3 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2002-
6-10-2001ПрагаЧешка 6 – 0  БугаријаКвал. за СП 20022
10-11-2001БриселБелгија 1 – 0  ЧешкаКвал. за СП 2002-
14-11-2001ПрагаЧешка 0 – 1  БелгијаКвал. за СП 2002-
13-2-2002НикозијаКипар 3 – 4  ЧешкаПријателска-
17-4-2002ЈанинаГрција 0 – 0  ЧешкаПријателска-
21-8-2002ОломуцЧешка 4 – 1  СловачкаПријателска-
6-9-2002ПрагаЧешка 5 – 0  СР ЈугославијаПријателска-
16-10-2002ТеплицеЧешка 2 – 0  БелорусијаКвал. за Евро 2004-
20-11-2002ТеплицеЧешка 3 – 3  ШведскаПријателска-
12-2-2003ПаризФранција 0 – 2  ЧешкаПријателска-
29-3-2003РотердамХоландија 1 – 1  ЧешкаКвал. за Евро 2004-
2-4-2003ПрагаЧешка 4 – 0  АвстријаКвал. за Евро 20041
11-6-2003ОломуцЧешка 5 – 0  МолдавијаКвал. за Евро 2004-
6-9-2003МинскБелорусија 1 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 20041
10-9-2003ПрагаЧешка 3 – 1  ХоландијаКвал. за Евро 2004-
11-10-2003ВиенаАвстрија 2 – 3  ЧешкаКвал. за Евро 2004-
12-11-2003ТеплицеЧешка 5 – 1  КанадаПријателска-
18-2-2004ПалермоИталија 2 – 2  ЧешкаПријателска-
31-3-2004ДаблинИрска 1 – 2  ЧешкаПријателска-
28-4-2004ПрагаЧешка 0 – 1  ЈапонијаПријателска-
2-6-2004ПрагаЧешка 3 – 1  БугаријаПријателска-
6-6-2004ТеплицеЧешка 2 – 0  ЕстонијаПријателска-
15-6-2004АвеироЧешка 2 – 1  ЛатвијаЕвро 2004 - Прва фаза-
19-6-2004АвеироХоландија 2 – 3  ЧешкаЕвро 2004 - Прва фаза-
27-6-2004ПортоЧешка 3 – 0  ДанскаЕвро 2004 - Четвртфинале-
1-7-2004ПортоГрција 1 – 0 прод.  ЧешкаЕвро 2004 - Полуфинале-
12-11-2005ОслоНорвешка 0 – 1  ЧешкаКвал. за СП 2006-
16-11-2005ПрагаЧешка 1 – 0  НорвешкаКвал. за СП 2006-
26-5-2006ИнсбрукСаудиска Арабија 0 – 2  ЧешкаПријателска-
3-6-2006ПрагаЧешка 3 – 0  Тринидад и ТобагоПријателска1
12-6-2006ГелзенкирхенСАД 0 – 3  ЧешкаСП 2006 - Прва фаза-
17-6-2006КелнЧешка 0 – 2  ГанаСП 2006 - Прва фаза-
22-6-2006ХамбургЧешка 0 – 2  ИталијаСП 2006 - Прва фаза-
16-8-2006Ухерске ХрадиштеЧешка 1 – 3  СрбијаПријателска-
ВкупноНастапи (6. место)91[93]Голови (6. место)18[94]

По завршувањето на кариерата

На 12 октомври 2010 година, Exor (инвестициска компанија на семејството Ањели), на состанокот на акционерите, го предложил Недвед да се придружи во одборот на директори на Јувентус;[95] на 27 истиот месец, по собранието, тој официјално станал еден од единаесетте членови на одборот на Јувентус. На 23 октомври 2015 година, бил избран за потпретседател на Јувентус.[96]

Статистика

Вкупно за клубовите и репрезентацијата, Недвед одиграл 761 натпревар и постигнал 165 гола.

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 23 април 2020.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
1991-1992 Дукла Прага193---------193
1992-1993 Спарта Прага180---КПК50---230
1993-1994233КЧ--ЛШ40---273
1994-1995276КЧ--ЛШ20---296
1995-19963014КЧ--КУ85---3819
Вкупно Спарта Прага9823--195--11728
1996-1997 ЛациоА327КИ31КУ32---3810
1997-1998А2611КИ62КУ112---4315
1998-1999А211КИ40КПК84СИ11346
1999-2000А285КИ61ЛШ121СУ10477
2000-2001А319КИ31ЛШ103СИ104513
Вкупно Лацио1383322544123120751
2001-2002 ЈувентусА324КИ40ЛШ70---434
2002-2003А299КИ10ЛШ155СИ104614
2003-2004А306КИ40ЛШ62СИ10418
2004-2005А277КИ10ЛШ10[97]3---3810
2005-2006А335КИ40ЛШ82СИ10467
2006-2007Б3311КИ31------3612
2007-2008А312КИ21------333
2008-2009А327КИ30ЛШ9[98]0---447
Вкупно Јувентус2475122255123032765
Вкупно во кариерата5021104471182961670147

Репрезентативна статистика

Извор:[99]

Фудбалска репрезентација на Чешка
Год.НастГол
199410
199540
1996122
1997102
199831
199992
2000104
2001114
200260
200382
200490
200520
200661
Вкупно9118

Титули

Клупски

Спарта Прага

  • Чехословачко првенство : 1
1992–1993
1993–1994, 1994-1995
  • Куп на Чешка : 1
1996

Лацио

1999–2000
1997–1998, 1999–2000
1998, 2000
1998–1999
1999

Јувентус

2001–2002, 2002–2003
2002, 2003
2006–2007

Поединечни

  • Чешки фудбалер на годината : 4
1998, 2000, 2003, 2004
  • Златна топка на Чешка : 6
1998, 2000, 2001, 2003, 2004, 2009
  • ЕСМ Тим на годината: 2
2000-2001, 2002-2003
2003
  • Играч на годината World Soccer : 1
2003
2003, 2004, 2005
  • Оскар дел калчо : 2
Најдобар странски играч: 2003
Најдобар играч: 2003
2004
  • Вклучен во ФИФА 100 листата (2004)
  • Златно стапало : 1
2004

Почести

Medaile Za zásluhy I. stupeň (Медал за заслуги на Чешка Република од 1. степен)
„За своите дела во корист на угледот на Чешка Република во странство.“
Прага, 28 октомври 2015[100]

Наводи

Библиографија

Павел Недвед; напишано во соработка со Микеле Далаи, La mia vita normale. Di corsa tra rivoluzione, Europa e Pallone d'oro, Торино, ADD Editore, 2010.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица