Скок во далечина

Скок во далечина во атлетиката, е спортска дисциплина во која спортистите покажуваат еден скок во залет, постигнуваат што подалечен скок. Скокачот во далечина има шест обиди за скок.

Ова атлетска дисциплина во машката конкуренција,била веќе на првите модерни Олимписки игри во Атина 1896. Скок во далечина за жени се брои во олимписките дисциплини дури од 1948 година.Измеѓу 1900 и 1912 олимписка дисциплина било и скок од место,т.е. без залет.

Најславни скокачи во далечина се Џеси Овенс (8,13 м. во 1936.), Боб Бимон (8,90 м. во 1968.), Карл Луис (8,87 м. во 1991.) и Мајк Пауел (8,95 м. во 1991.). Карл Луис скокнал преку 9 метра од престапот, и 8,91 појак од ветерот, па тие резултати не се признаени.

Светски рекорди

За мажите:

8,95 m. - Мајк Пауел (СП во Токио 30 август 1991.)

За жени:

7,52 m. - Галина Чистјакова,(Ленинград 11. јуни 1988.)

Скокови во далечина обично се изведуваат на стадиони во склоп на атлетските такмичења (гран при),каде што типични (фудбалски) стадиони околу тревникот имаат атлетски стази од 400 м, терен за куглање и скокалиште за скок во далечина и троскок.Скокалиштето за скок во далечина се состои со залет од ~ 50 м и дупка со песок долга ~ 10 м.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица