Совет на Европа

(Пренасочено од Советот на Европа)

Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.

Совет на Европа
Council of Europe
Conseil de l'Europe
Кратенка
CoE
ОснованаДоговор од Лондон 1949
ВидРегионална меѓувладина организација
СедиштеСтразбур, Франција
МестоЕвропа
Членство
  • 47 земји-членки
  • 5 набљудувачи на Советот
  • 3 набљудувачи на Собранието
Заменик генерален-секретарГабриела Батаини-Драгони
Претседател на Парламентарното СобраниеЛилиен Мори Паскер
Претседател на Комитетот на министриМарија Пејчиновиќ Буриќ
Претседател на КонгресотЖан-Клод Фрекон
Мреж. местоwww.coe.int

Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.

Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

Основање

Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстови за заштита на поединецот.

Држави членки

Советот на Европа има навистина пан-европски карактер и во него членуваат:

Цели

  • заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеење на правото;
  • промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост;
  • наоѓање на заеднички решенија на проблемите во европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца;
  • консолидирање на демократска стабилност во Европа преку поддршка на политички, правни и уставни реформи.

Органи

Парламентарното Собраниер на Советот на Европа

Главните органи на Советот на Европа се:

Буџет

Буџетот на Советот на Европа за 2007 година изнесува 197.214.100 евра.

Службени јазици

Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски, но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални. Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица