Сулфурна киселина

хемиско соединение

Сулфурна киселина ― високо корозивна силна минерална киселина со молекулска формула H2SO4. Таа претставува остра-етерична, безбојна до малку жолта вискозна течност која е растворлива во вода во сите концентрации.[4] Понекогаш, тоа е обоена темнокафеава во текот на производството за да се алармираат луѓето на опасност.[5] Историското име на оваа киселина е „масло од камен“.[6]

Сулфурна киселина
Крупен модел
Топчесто-стапчест модел
S=O bond length = 142.2 pm, S-O bond length = 157.4 pm, O-H bond length = 97 pm
Назнаки
7664-93-9 Ок
ChEBICHEBI:26836 Ок
ChEMBLChEMBL572964 Ок
ChemSpider1086 Ок
EC-број231-639-5
3Д-модел (Jmol)Слика
KEGGD05963 Ок
RTECS-бр.WS5600000
UNIIO40UQP6WCF Ок
ОН-бр.1830
Својства
Хемиска формула
Моларна маса0 g mol−1
ИзгледПроѕирна, безбојна течност без мирис
Густина1.84 г/цм3, течна
Точка на топење
Точка на вриење
се меша
Парен притисок0.001 mmHg (20°C)[1]
Киселост (pKa)−3, 1.99
Вискозност26.7 cP (20 °C)
Термохемија
Ст. енталпија на
формирање ΔfHo298
−814 kJ·mol−1[2]
Стандардна моларна
ентропија So298
157 J·mol−1·K−1[2]
Опасност
GHS-ознаки:
Пиктограми
GHS05: Разјадливо
Сигнални зборови
Опасност
Изјави за опасност
H314
Изјави за претпазливост
P260, P264, P280, P301+P330+P331, P303+P361+P353, P304+P340, P305+P351+P338, P310, P321, P363, P405, P501
NFPA 704
Температура на запалување{{{value}}}
Гранична допуштена концентрација (TLV)
15 mg/м3 (IDLH), 1 mg/м3 (TWA), 2 mg/м3 (STEL)
Смртоносна доза или концентрација:
LD50 (средна доза)
2140 mg/kg (rat, oral)[3]
LC50 (средна концентрација)
50 mg/м3(guinea pig, 8 hr)
510 mg/м3(rat, 2 hr)
320 mg/м3(mouse, 2 hr)
18 mg/м3(guinea pig)[3]
NIOSH (здравствени граници во САД):
PEL (дозволива)
TWA 1 mg/м3[1]
REL (препорачана)
TWA 1 mg/м3[1]
IDLH (непосредна опасност)
15 mg/м3[1]
Слични супстанци
Слични силни киселиниСеленова киселина
Солна киселина
Азотна киселина
Хромна киселина
Слични супстанциСулфуреста киселина
Пероксимоносулфурна киселина
Сулфур триоксид
Олеум
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Сулфурната киселина е дипротонска киселина и покажува различни својства во зависност од концентрацијата. Предизвикува корозија на многу материјали, како метали, животински ткива дури и на камен, главно е со силно кисела одлика доколку е концентрирана, има дехидратациски и оксидациски својства. Сулфурната киселина со висока концентрација може да предизвика многу тешки оштетувања преку директен допир, и тоа хемиски изгореници преку хидролиза, но исто така и среднотоплински изгореници преку дехидратација.[7][8] Тоа може да води до трајно слепило ако се распрсне кон очите и иреверзибилни оштетувања доколку се проголта.[7] Според тоа, безбедносните мерки на претпазливост треба строго да се почитуваат при работа со неа. Покрај тоа, таа е хигроскопна, лесно впива водена пареа од воздухот.[4]

Хемиски својства

Реакции со метали

Дури и разредената сулфурна киселина реагира со многу метали преку една реакција на поместување, како и другите вообичаени киселини, произведувајќи гас водород и сол (метален сулфат). Напаѓа реактивни метали (метали на положби над бакар во низа на реактивност) како што се железо, алуминиум, цинк, манган, магнезиум и никел.

Fe + H
2
SO
4
→ H
2
+ FeSO
4

Концентрираната сулфурна киселина може да послужи како оксидирачки агенс, ослободувајќи сулфур диоксид:[7]

Cu + 2 H
2
SO
4
→ SO
2
+ 2 H
2
O + SO2−
4
+ Cu2+

Оловото и волфрамот, сепак, се отпорни на сулфурна киселина.

Реакции со јаглерод и сулфур

Топла концентрирана сулфурна киселина го оксидира јаглеродот[9] (како битуменски јаглен) и сулфур:

C + 2 H
2
SO
4
→ CO
2
+ 2 SO
2
+ 2 H
2
O
S + 2 H
2
SO
4
→ 3 SO
2
+ 2 H
2
O

Реакција со натриум хлорид

Таа реагира со натриум хлорид и дава гас хлороводород и натриум бисулфат:

NaCl + H
2
SO
4
→ NaHSO
4
+ HCl

Електрофилна ароматична замена

Бензенот е подложен на електрофилна ароматична замена со сулфурна киселина за да ги даде соодветните сулфонски киселини:[10]

Галерија

Поврзано

  • Царска вода
  • Диетил етер – исто така познато како „слатко масло од витриол“
  • Пирански раствор
  • Сулфурна оксокиселина
  • Труење со сулфурна киселина

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица