3 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

3 декември — 337-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(338-и во престапна година). Остануваат 28 денови до крајот на годината.

Настани:

1942 Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година.
1944 Грчка граѓанска војна: Во Атина избиле судири помеѓу ЕЛАС и владините сили поддржани од британската војска.
1967 Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата, е извршено успешно пресадување на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.
1984 Во Бопал, Индија, во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ се случила катастрофа во која загинале повеќе од 3.800 луѓе, а помеѓу 150.000 и 600.000 луѓе претрпеле здравствени последици. Бопалската катастрофа претставува најголема индустриска катастрофа во светот.
1993 САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.
1997 Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.
2012 Најмалку 475 луѓе загинале кога тајфунот „Бофа“ ги погодил Филипините.

Родени:

1368 Шарл VI Лудиотфранцуски крал.
1447 Бајазит IIотомански султан.
1800 Франце Прешерн — словенечки поет.
1830 Фредерик Лејтон — англиски академски сликар.
1857 Џозеф Конрад — англиски писател.
1883 Антон Веберн - австриски композитор и диригент.
1911 Нино Рота - италијански композитор.
1922 Свен Никвист — шведски кинематограф.
1923 Стјепан Бобек — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1930 Жан-Лик Годар — француско-швајцарски режисер.
1942 Педро Роча — уругвајски фудбалер.
1945 Божидар Димитров — бугарски историчар и политичар.
1948 Ози Озборн — англиски пејач, член на групата „Блек сабат“.
1953 Франц Кламер — австриски скијач.
1960 Дарил Хана — американска глумица.
1960 Џулиен Мур — американска глумица.
1960 Игор Ларионов — руски и советски хокеар.
1965 Ендрју Стентон — американски режисер.
1965 Катарина Вит — германска лизгачка.
1968 Брендан Фрејзер — канадско-американски глумец.
1977 Ксенија Пајчин — српска пејачка, .
1977 Адам Малиш — полски ски-скокач.
1981 Давид Вилја — шпански фудбалер.
1982 Мишел Есиен — гански фудбалер.
1984 Аврам Пападопулос — грчки фудбалер.
1985 Ласло Чех — унгарски пливач.
1987 Мануеле Боаро — италијански велосипедист.
1990 Кристијан Бентеке — белгиски фудбалер.
1997 Мајкл Норман — американски атлетичар.

Починале:

1154 Анастасиј IV — римски папа.
1533 Василиј III Московскикнез на Московското Кнежевство.
1888 Карл Цајс — германски оптичар.
1894 Роберт Луис Стивенсон — шкотски писател.
1919 Пјер Огист Реноар — француски сликар.
1937 Јожеф Атила — унгарски поет.
1941 Павел Филонов — руски и советски сликар и поет.
1949 Елин Пелин — бугарски писател.
1956 Александар Родченко — руски и советски сликар и вајар.
1965 Благоја Стефановски - Гојчо — македонски револуционер.
1980 Драги Костовски — македонски артист.
1991 Стојан Гогов — доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
1993 Саво Костовски — македонски првоборец.
1994 Франтишек Вацлав Мареш — професор по славистика.
2012 Злата Петковиќ — српска глумица.
2015 Скот Вејланд — американски рок-пејач, член на групата Stone Temple Pilots.
2015 Благоја Стефановски — македонски политичар.
2020 Алисон Лури — американска писателка.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица