Фризија (покраина)

Фризија или Фрисланд (западнофризиски: Fryslân; холандски: Friesland) — покраина во северниот дел на Холандија и дел од поголемата историска област Фризија.

Фризија
Fryslân
Покраина во Холандија
Знаме на ФризијаГрб на Фризија
Химна: De âlde Friezen
(„Старите Фризи“)
Покраината Фризија на карта на Холандија
Покраината Фризија на карта на Холандија
ЗемјаХоландија
Адин. центарЛеуварден
Управа
 • Краличин комесарЏон Јоритсма
Површина
 • Земјиште3,349 км2 (1,293 ми2)
 • Вода2,392 км2 (0,924 ми2)
Ранг3-та
Население (2010)
 • Земјиште646,305
 • Ранг8-ма
 • Густина190/км2 (500/ми2)
 • Ранг11-та
ISO 3166NL-FY
Религија (2005)протестантство 30%
католицизам 6%
ислам 2%
Мреж. местоwww.fryslan.nl

Покраината има 646.000 жители (2010), а нејзин административен центар е градот Леуварден (фриз. Љоуверт) со 91.817 жители.

До 1996 г, името на покраината гласело Friesland според холандскиот правопис, кога покраинскиот совет одлучил да го замени со изворното фризиско име Fryslân.[1] Во 2004 г. решението добило потврда и од владата на Холандија на државно ниво.[2]

Географија

Фризија е најголемата покраина во Холандија доколку се вбројат водните површини, а само по земјишна површина е трета. Најголемиот дел е копнен, но покраината има неколку острови: Влиланд, Терсхелинф, Амеланд и Схирмониког, поврзани со копното со траектен сообраќај. Највисока точка во покраината е место на островот Влиланд, со 45 м надморска височина. Има четири национални паркови: Схирмониког, Де Алде Фјанен, Лауверсмер (го дели со Гронинген) и Дрентско-фризиската шума (го дели со Дренте).

Историја

Периодот од 400-200 п.н.е. го бележи појавувањето на прафризиската култура, која подоцна се развила во попрепознатлив облик. Во 12 п.н.е. Римјаните ја зазеле Фризија со походот на војсководецот Друз Постариот во Германија. Во VII и VIII век во областа се развило Фризиското Кралство.

На почетокот на средниот век, Фризија се протегала од денешната граница со Белгија до реката Везер во Германија. По припојувањето кон Франкиското царство, Фризија била поделена на три дела, а на почетокот на XI век во западниот дел на областа се појавила нова сила, грофовијата Холандија.

Јазик и стопанство

Фризија е единствената покраина во Холандија со свој јазик, западнофризискиот, кој е воедно застапен и во мал дел од соседната покраина Гронинген на исток. Најсродни на него се останатите фризиски јазици што се говорат во Германија: источнофризискиот (сатерски) што се говори во Затерланд и севернофризискиот, застапен во Северна Фризија. Сите тие се во блиско сродство со англискиот јазик.

Стопанството е претежно земјоделско, со познати автохтони раси на домашни животни како што е фризиското говедо и црниот фризиски коњ. Значаен удел во стопанството има и туризмот: главни одредишта се езерата во југозападиот дел на покраината и Ваденското Море на север.

Градови

Канал во Леуварден и црквата Св. Бонифациј
Фризиско говедо
Фризиски коњ

Старите градови во Фризија се следниве:

ХоландскиЗападнофризискиПрогласен
ЛеуварденЉоуверт1285 и 1435
СнекСнитс1456
ЕјстДрилтс1268
СлотенСлијат1426
СтаворенСтарум1118
ХинделопенХилпен1285
ВоркумВаркум1399
БолсвардБоалсерт1425
ХарлингенХарнс1234
ФранекерФрјентсјер1374
ДокумДокум1298

Најголеми градови

Град (фризиско име)Население
1Леуварден (Љоуверт)96.578
2Драхтен44.598
3Снек (Снитс)33.401
4Херенфен (Ит Хиаренфиан)28.497
5Харлинген (Харнс)15.729
6Докум13.145
7Франекер (Фрјенцјер)12.995
8Јауре (De Јаувер)12.902
9Волвега (Волвегија)12.738
10Лемер (Де Лемер)10.220

Извор: Fryslân.nl (1 декември 2009), општ. и CBS

Демографија

Население на Фризија низ историјата[3][4]
ГодинаНаселение
1714129.243
1748135.195
1796161.513
1811175.366
1830204.909
1840227.859
1850243.191
1860269.701
1870300.863
1880329.877
1890335.558
1900340.263
ГодинаНаселение
1910363.625
1920385.362
1930402.051
1940424.462
1950465.267
1960478.206
1970521.820
1982592.314
1990599.151
1999621.222
2010646.305

Периодот од 1880 од 1900 бележи забавен природен прираст. Поради земјоделска криза, 20.000 Фризи се иселиле во САД.[5]

Уште од доцниот среден век, Фризите биле познати како особено висок народ, меѓу највисоките во индоевропската група. За ова сведочат стиховите во делото „Пеколот“ од италијанскиот хуманист Данте Алигиери, каде опишува еден демон кој е толку висок, што тројца високи Фризи нема да го надминат ако застанат еден врз друг.[6]

Клима

Клима на Леуварден (1971–2000)
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Апсолутна максимална (°C)12,614,420,426,028,732,531,432,829,123,816,414,232,8
Просечна максимална (°C)4,65,18,311,415,918,120,320,817,613,48,75,812,5
Просечна температура (°C)2,42,55,07,411,614,316,416,613,910,16,13,69,2
Просечна минимална (°C)−0,2−0,41,63,26,99,812,212,09,86,63,31,15,5
Апсолутна минимална (°C)−19,9−16,3−16,3−5,9−1,71,35,75,42,0−6−14,2−19,2−19,9
Просечно кол. врнежи (мм)664259385169646082788473767
Извор: Knmi.nl[7]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица