Хипертироидизам

Хипертироидизам е заболување на штитната жлезда коешто настанува како последица на зголемена концентрација на хормоните што ги лачи штитната жлезда. Хипертиреозата е состојба на забрзан метаболизам и бара мирување на пациентот додека не настапи нормализација на хормонот на штитната жлезда.

Хипертироидизам
СинонимиХипертиреоза
Тријодотиронин (T3, на сликата) и тироксин (T4) се двете форми на тироиден хормон.
СпецијалностЕндокринологија
ЛековиБета блокатори, метимазол[1]
Честота1.2% (САД)[2]

Причини

Најчеста причина за појава на хипертиреоза е автоимуната Гравесова болест, која најчесто се јавува кај жените на возраст од 20 до 40 години, а поретко кај мажите. Исто така, зголемената активност на штитната жлезда може да биде предизвикана и од хиперфункционален јазол, како и од полинодозна токсична струма. Исто така, причина за појавата на хипертиреоза може да биде и претераното внесување хормони, а како многу ретка причина се јавуваат и туморите на хипофизата.[3]

Како поретки причини за појава на хипертиреоза се јавуваат:[4]

  • Токсичен аденом, т.е. хиперфункционален јазол во штитната жлезда, којшто се јавува кај постари пациенти од подрачјата со намалено количество јод во водата и во храната.
  • Акутен (гноен) тиреоидитис, којшто е последица на бактериска инфекција, а се јавува многу ретко. Како причина за појава на субакутен тиреоидитис, пак, се јавува вирусна инфекција, проследена со зголемена телесна температура и болка во вратот.
  • Постпородилен тиреоидитис се јавува во првите шест месеци по породувањето и најчесто минува низ три фази: зголемена, забавена и нормална функција на штитната жлезда. Пациентите со хроничен Хашимото тиреоидитис одвреме-навреме може да поминат низ фаза на зголемена функција на штитната жлезда со висок титар на антитела, но најчесто тоа е процес што доведува до намалување на функцијата на штитната жлезда.
  • Супклиничка хипертиреоза, која се одликува со нормални вредности на Т3 и Т4 и низок TSH.

Симптоми

Најчести симптоми на хипертиреозата се: гушавост, нервоза, промени на расположението, неподнесување топлина, прекумерно потење, тресење на рацете, срцебиење, замор, брзо заморување, отежнато дишење, брзо губење на телесната тежина и покрај добриот апетит, измет сличен на пролив итн. Исто така, кожата може да биде влажна и топла, а можни се и промени на потколениците во вид на задебелување. Кај Гравесовата болест често се јавува и оток на очните капаци, црвенило на белките, појава на двојни слики и испапченост на очите. Кај постарите пациенти често се јавува поблага, неспецифична клиничка слика, со намалена телесна тежина, слабост во мускулите, емотивна лабилност и нарушување на работата на срцето.[3]

Терапија

Во лечењето на хипертиреозата се применуваат три пристапи:[3]

  • Антитиреоидни лекови. Овие лекови го блокираат натамошното создавање на хормоните на штитната жлезда, а тие се користат во период од 12 до 18 месеци. Доколку по престанокот на лекувањето повторно се врати болеста (што се јавува во 70-80% од случаите), се препорачува лечење со другите постапки. Во првите три месеци од лекувањето со антитиреоидните лекови се применува и лекот од групата на бета-блокатори, пропранолол, кој ја забавува работата на срцето, го намалува крвниот притисок и го спречува претворањето на тироксинот (Т4) во тријодтиронин (Т3), со што се закочува активирањето на веќе создадените хормони што се наоѓаат во крвта.
  • Радиоактивен јод. Овој тип лекување овозможува нормализација на функцијата на штитната жлезда во период од три до шест месеци, а во текот на следните години по примањето на радиоактивен јод , кај 50-80% од пациентите доаѓа до намалена работа на штитната жлезда и имаат потреба од воведување синтетски хормони.
  • Хируршко лекување. Оваа терапија се применува кај помладите пациентки кои планираат бременост, како и кај мажите кај кои претходните терапии не даваат резултати. Исто така, хируршкиот третман се применува и при појава на големи, дифузни струми, како и струми со бројни јазли. Со хируршкиот зафат се отстранува целата или дел од штитната жлезда, така што пациентите мора доживотно да земаат хормони на штитната жлезда.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица