Прејди на содржината

Кулон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кл)
кулон
Мерен системизведена SI-единица
Единица заелектричен полнеж
ОзнакаC 
Именувана поШарл Огистен де Кулон
Претворање на единици
1 кулон во ...... е еднакво на ...
   основни SI-единици   1 A s
   СГС   2997924580 statC
   атомски единици   (6,24150965 ± (16))⋅1018 e[1]

Кулон (симб C, Кл) е изведена SI-единица за електричен набој, наречена по францускиот физичар Шарл Огистен де Кулон (1736 -1806). Се дефинира како полнежот што минува низ постојана струја од еден ампер за време од една секунда:

Еден кулон е и одвишокот напон на позивитната страна на капацитетот од еден фарад со разлика на потенцијалот од еден волт:

Дефиницијауреди извор

Во системот SI, кулонот се дефинира според амперот и секундата: 1C = 1A × 1s.[2] Секундата се дефинира според честотата на природното зрачење на атомите на цезиумот.[3] Амперот се дефинира со Амперовиот закон за силата;[4] дефиницијата делумно се заснова на масата на меѓународниот еталон на килограмот, кој е метален цилиндар што е чува во Франција.[5] Во практика, за одредување на амперажата со најголема можна точност цел се користи ватажна вага.[5]

Претставки во SIуреди извор

Содржатели на единицата „кулон“ (C) во SI
ПомалиПоголеми
ВредностСимболНазивВредностСимболНазив
10−1 CdCдецикулон101 CdaCдекакулон
10−2 CcCцентикулон102 ChCхектокулон
10−3 CmCмиликулон103 CkCкилокулон
10−6 CµCмикрокулон106 CMCмегакулон
10−9 CnCнанокулон109 CGCгигакулон
10−12 CpCпикокулон1012 CTCтеракулон
10−15 CfCфемтокулон1015 CPCпетакулон
10−18 CaCатокулон1018 CECексакулон
10−21 CzC1021 CZCзетакулон
10−24 CyC1024 CYCјотакулон
Најзастапените содржатели се задебелени.

Претворањеуреди извор

Однос со елементарниот полнежуреди извор

Елементарниот полнеж (позитивниот набој на протонот или негативниот набој на електронот) изнесува прибл. (1,602176487 ± (40))⋅10-19 coulomb.[1] Во SI, елементарниот полнеж во кулони е приближна вредност: не постои опит кој може да даде апсолутна точност. Меѓутоа во другите системи, елементарниот полнеж има точно определена дефиниција, а другите полнежи се изразуваат во однос на него.[6] На пример, кај обичајните електротехнички единици, вредностите на Џозефсоновата константа KJ и фон Клицинговата константа RK се точно утврдени вредности (се запишуваат како KJ-90 и RK-90), и оттука следува дека елементарниот полнеж исто така има точно определена вредност во рамките на тој систем.[6] Поконкретно, изнесува точно .[6]

Поврзаноуреди извор

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија