Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.555 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. Порано се верувало дека реброносците се појавиле пред сунѓерите во еволуцијата, кои самите се појавиле пред раздвојувањето на жаркарите и двостраните животни. Меѓутоа, повторната анализа на податоците покажала дека компјутерските алгоритми кои се користеле во анализата биле наведени кон погрешен резултат поради присуството на специфични гени на реброносците, кои биле значително поразлични од оние на другите испитувани видови. Неодамнешна молекуларно-филогенетска анализа заклучила дека заедничкиот предок на сите современи реброносци бил сличен на денешните цидипиди, и дека сите современи групи на реброносци се појавиле релативно неодамна, веројатно по масовното кредско–терциерното изумирање, пред 66 милиони години. Од 1980-тите години па навака, акумулирани се докази дека цидипидите не се монофилетична група на организми, со други зборови оваа група не ги опфаќа потомците на еден заеднички предок. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Витраж на Непорочното срце на Дева Марија во Андијашт, Швајцарија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Антипапата Климент VII
Антипапата Климент VII
На денешен ден…

Денес е 8 јуни 2024 г.

Настани:

1783 Вулканот Лаки на Исланд започнува осуммесечна ерупција во која загинале 9.000 лица и предизвикал седумгодишен глад во Европа и Америка.
1942 Втората светска војна: Јапонски подморници ги бомбардирале Сиднеј и Њукасл во Австралија.
1949 Џорџ Орвел го објавил романот „1984“.
1986 Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија, наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер наводно ги вршел во Втората светска војна.

Родени:

1625 Џовани Доменико Касини — италијански научник († 1712.).
1671 Томазо Албинони — италијански композитор.
1810 Роберт Шуман — германски композитор.
1867 Френк Лојд Рајт — американски архитект.
1903 Маргерит Јурсенар — француска писателка.
1905 Стефан Гајдов — македонски композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци († 1992.).
1916 Лујџи Коменчини — италијански режисер († 2007.).
1921 Сухарто — претседател на Индонезија (п. 2008.).
1934 Видое Подгорец — македонски писател († 1997.).
1940 Ненси Синатра — американска поп-пејачка, ќерка на Френк Синатра.
1942 Рудигер Дорнбуш — германски економист.
1954 Грег Гин — американски рок-музичар, член на групата Блек Флег (Black Flag).
1960 Мик Хакнал — англиски поп-музичар, член на групата Симпли ред (Simply Red).
1961 Алка Вуица — хрватска поп-пејачка.
1962 Ник Роудс — англиски поп-музичар, член на групата „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran).
1964 Буч Рејнолдс — американски атлетичар.
1976 Линдзи Девенпорт — американска тенисерка.
1977 Кање Вест — американски рапер и музички продуцент.
1983 Ким Клајстерс — белгиска тенисерка.
1984 Макси Переира — уругвајски фудбалер.
1984 Хавиер Маскерано — аргентински фудбалер.
1984 Миа Борисављевиќ — српска пејачка.
1985 Хосе Хоакин Рохас — шпански велосипедист.
1989 Бен Херманс — белгиски велосипедист.
1988 Рејналдо Заварке — венецуелски глумец.
1989 Травис Мајер — австралиски велосипедист.
1995 Ферлан Менди — француски фудбалер.
1997 Јелена Остапенко — латвиска тенисерка.

Починале:

632 Мухамед — пророк, зачетник на исламот.
1376 Едвард Црниот Принц — син на англискиот крал Едвард III.
1795 Луј XVII — француски крал.
1845 Ендру Џексонпретседател на САД.
1876 Жорж Санд — француска писателка.
1908 Милан Арсов — македонски револуционер.
1969 Роберт Тејлор — американски глумец.
1983 Мишко Крањец — словенечки писател.
2018 Ентони Бурдеин — американски готвач и тв-водител.

Празници:

Светски ден на океаните.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич