Џенаро Гатузо

Џенаро Гатузо (роден на 9 јануари 1978) — поранешен италијански фудбалер и тренер. Поголемиот дел од својата фудбалска кариера ја поминал во екипата на Милан, со кој има освоено неколку трофеи.

Џенаро Гатузо
Gennaro Gattuso
Лични податоци
Полно имеЏенаро Иван Гатузо
Роден на9 јануари 1978(1978-01-09)(46 г.)
Роден воКориљано Калабро, Италија
Висина&100000000000001770000001,77 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубФК Милан (менаџер)
Број8
Младинска кариера
1990–1995ФК Перуџа
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1995–1997ФК Перуџа50(0)
1997–1998ФК Ренџерс34(3)
1998–1999ФК Салернитана25(0)
1999–2012ФК Милан335(9)
2012–ФК Сион27(1)
Репрезентација
1995–1996Италија U-1814(3)
1997–2000Италија U-2121(1)
2000Италија[1]3(0)
2000–2010Италија[2]73(1)
Тренер на екипи
2013ФК Сион
2013–2014ФК Палермо
2014–2015ОФИ Крит
2015–2017ФК Пиза 1909
2017Милан Примавера
2017–2019Милан
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Како фудбалер, неговата главна позиција била играч од средината на теренот со дефанзивни задачи, но понекогаш играл и како класичен среден играч или крило.[3] Иако првично играл за помали италијански клубови како што се Перуџа, Салернитана, како и шкотскиот клуб Глазогов Ренџерс, тој се памети, главно, за своето време поминато во Милан во Серија А, каде што ја освоил во два наврати УЕФА Лигата на Шампионите во сезоната 2002-03 година и во 2006-07, Купот на Италија во 2002-03 година, а исто така и Серија А на двапати во сезоната 2003-04 и во 2010-11 година. Во прилог на овие титули, тој исто така освоил два Суперкупа на Италија, две титули УЕФА Суперкуп и Светското клупско првенство во 2007 година.

На меѓународно ниво, тој ја претставувал Италија на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј, три Светски првнества, две Европски првнества и еден куп Куп на конфедерации во 2009 година.

Гатузо во партнерство во средниот ред со плејмејкерот Андреја Пирло, како во клубот така и на репрезентативно ниво, одиграл клучна улога за репрезентацијата на Италија на Светско Првенство во 2006 година, каде што го освоил златниот медал, како и за тимот на Милан во домашните, европските и меѓународни успеси во текот на средината на 2000-тите. И покрај тоа што бил надарен со значајни технички вештини, физичкото темпо на Гатузо, силата и работата надополнета со поддршка од Пирло со неговиот, креативен стил на игра, а неговата енергија, агресија, и стил на игра му овозможиле да направи име за себе како еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција.[4][5][6][7] Во прилог на неговите способности, Гатузо, исто така бил познат по неговата конкурентни природа и водачки квалитети во текот на неговата кариера, кој често бил капитен по пензионирањето на Паоло Малдини.[8]

Менаџерската кариера на Гатузо ја започнал како менаџер на тимот на неговиот последен клуб каде што настапувал, Сион во Швајцарија Супер лига, и тој, исто така, имаше кратки ангажмани во Палермо и ОФИ Крит. Во јуни 2016 година бил претставен како тренер на Пиза во Серија Б лигата, за да следната 2017 година започне да работи како менаџер на младинскиот клуб на ФК Милан, во кој се задржал до летото 2019 година.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица