Алгонкински јазици

јазично семејство во Северна Америка

Алгонкински јазици (англиски: Algonquian, Algonkian) — потсемејство на американски домородни јазици во состав на алшкото семејство. Се претпоставува дека зборот „алгонкински“ доаѓа од малиситскиот поим elakómkwik (ɛlæˈɡomoɡwik), што значи „нашите роднини/сојузници“.[1][2] Дел од јазиците во групата денес се изумрени.

Алгонкински
Алгонкински
Географска
распространетост:
Северна Америка
Класификација:алшки
  • алгонкински
Прајазик:праалгонкински
Гранки:
рамничарски
централни
источни
ISO 639-2 и 639-5:alg

Изворна распространетост на потсемејството

Говорниците на овие јазици (алгонкинските народи) го населуваат подрачјето од источното крајбрежје на Северна Америка до Карпестите Планини. Заеднички предок на сите нив е праалгонкинскиот, кој се говорел пред 2.500 до 3.000 години.[3] Не постои општоприфатен став за географското подрачје на кое се говорел овој прајазик.

Поделба во групи

Зборот „жена“ на разни алгонкински јазици.

Потсемејството опфаќа околу 30 јазици и се дели на три географски групи: рамничарска, централна и источна. Само источноалгонкинските јазици сочинуваат вистинска родословна (генетска) подгрупа.[4]

Јазиците се наведени подолу според класификацијата на Годард (1996) и Митан (1999). Мртвите јазици се обележани со †, а за грозените се означени како такви. Дијалектите и поддијалектите се обработени во статиите за секоја група.

Рамничарски
1. блекфутски
Арапашки (вкл. наватинехенски (†) и бесавуненски (†))
2. арапашки
3. гровантрски (†)
4. шајенски
Централни
5. криски (криско–монтањско–наскапски)
6. меномински (тешко загрозен)
Оџибвејско–потаватомски
7. оџибвејски
8. потаватомски (речиси изумрен)
9. месквачки (тешко загрозен)
10. шониски (тешко загрозен)
11. мајамско-илинојски (†)
Источни
12. микмачки
Абеначки
13. западноабеначки (речиси изумрен)
14. источноабеначки (†)
15. малиситско–пасамакводски
16. масачусетски
17. нарагансетски (†)
18. мохеганско-пекотски (†)
19. кирипски (кирипско-ногатачко-ункачошки) (†)
20. махикански (†)
Делаверски
21. мансиски (речиси изумрен)
22. унамски (†)
23. нантикочки (нантикочко-пискатавејски) (†)
24. каролинскоалгонкински (†)
25. поухатански (†)
26. ечеменски (†) (неутврдено)
27. лупски А (†) (веројатно нипмачки (†), неутврдено)
28. лупски Б (†) (неутврдено)
29. шинекочки (†) (неутврдено)

Граматички особености

Алгонкинските јазици се познати по својата сложена полисинтетичка морфологија и сложен глаголски систем.[5] Исказите кои зафачаат повеќе зборови во највеќето јазици тука можат да се изразат со само еден збор. На пример, меноминскиот paehtāwāēwesew „Го слушаат виши сили“ (paeht- „слуша“, -āwāē- „дух“, -wese- пасивизатор, -w подмет во трето лице) или рамничарскокрискиот kāstāhikoyahk „нè плаши“. На нив е посветено особено вниманиево стручната јавност, од кои се издвојуваат Леонард Блумфилд, Ив Годар и други.

Јазиците од ова потсемејство разликуваат живи и неживи именки.[5] Сè уште е спорно дали ова има чисто семантичка или чисто синтаксна улога, или пак некаква мешавина од двете.

Друга поважна одлика е разликувањето на битни и споредни именки во реченицата (проксиматив и обвијатив). Битните кое оние што имаат суштинско место на задршка во исказот, а споредните се таквите кои постојат како несуштински елементи на истиот.[6]

Трите лични заменки разликуваат три лица, да броја (еднина и множина), вклучително и исклучително прво лице множина, и употреба на битни и споредни трети лица. Глаголите се подлени на четири класи: преносни глаголи со жив предмет (TA), преносни глаголи со нежив подмет (TI), непреносни глаголи со жив подмет (AI) и непреносни глаголи со нежив подмет (II).[6]

Лексикон

Алгонкинските јазици се присутни со поголем број заемки во англискиот бидејќи имаат подолга историја на контакт со него отколку останатите староседелски јазици на континентот. Многу од сојузни држави на истокот и Средниот Запад на земјата имаат имиња од алгонкинско потекло; такви се Масачусетс, Конектикат, Илиноис, Мичиген, Висконсин итн., но и доста градови како Милвоки, Чикаго и други. Главниот град на Канада, Отава, е наречен по истоимениот алгонкински народ Отава (Одава).

Заемки во македонскиот јазик

Постојат низа алгонкински поими навлезени во македонскиот јазик преку англискиот. Некои од нив се:

ПоимИзведувањеЗначење
вигваманглиски: wigwam → источноабеначки: wìkəwam (оџибвејски: wiigiwaam)[7] → праалгонкински *wi·kiwa·Hmi.[8]Колиба или шатор од кожи или кора од дрво.[9]
Ескиманглиски: Eskimo → старомонтањски: aiachkimeou ([aːjast͡ʃimeːw]; денес ayassimēw) „плетач на снегоодалки“ како назив за Микмаците.[10][11]Припадник на домороден народ што живее во арктичките предели.[12]
мокасина / мокасинкаанглиски: moccasin → поуатански: <mockasin>,[13] реконстр. */mahkesen/[14](оџибвејски: makizin,[7] микмачки: mɨkusun,[15] → праалгонкински *maxkeseni.[16]Вид лесни, ниски кожени обувки кои ги носеле домородците;[17] денес популарни во индустријализрана варијанта.
опосуманглиски: opossum → поуатански: <apasum>/<opussum>/<aposoum>, „бело кучелико животно“,[18] реконстр. */aːpassem/[19] (праалгонкински: *waːp-aʔθemwa, „бело куче“).[20][21]Вид торбар (род Didelphidae) со скапоцено крзно.[22]
пекананглиски: pecan → илинојски: pakani (оџибвејски: bagaan),[7] „оревест плод“ → праалгонкински: *paka·ni.[23]Оревест плод од истоименото дрво (Carya illinoinensis).
ракунанглиски: raccoon → поуатански: <arahkun>/<aroughcun>,[24], реконстр. */aːreːhkan/.[25]Диво животно (Procyon lotor) со скапоцено крзно и својствени црни дамки околу очите.[26]
тобогананглиски: toboggan → микмачки: topaqan[27] или малиситско–пасамакводски: /tʰaˈpakən/[28] (праалгонкински: *weta·pye·kani, од *wet-, „влече“ + *-a·pye·-, „јажест предмет“ + *-kan, „средство за“).[27]Ниска санка кај домородците; подоцна и со значење на вид поголема слизгалка.[29]
томахавк(а)англиски: tomahawk → поуатански: <tamahaac> (праалгонкински: *temaha·kani, од *temah-, „сече“ + *-a·kan, „средство за“).[30]Бојна секира кај домородците.[31][32]
тотемживотно, растение или предмет сметан за предок на племето.[33]англиски: totem → оџибвејски: nindoodem, „мој духовен предок“ или odoodeman, „негов духовен предок“ — поим за означување на родовска припадност.[34]
хаскианглиски: husky, од варијанта на зборот „Еским“ (погл. погоре).[35]Куче кое се користело за влечење санки; денес и домашен миленик.
хикорианглиски: hickory → поуатански: <pocohiquara>, кое го оревот (плодот) на ова дрво или напиток од него.[36][37]Вид северноамерикански орев (Carya) со тешко и тврдо дрво.[38]

Поврзано

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица