Даниел Крег

Даниел Крег (англиски: Daniel Craig; роден на 2 март 1968 година во Честер) е англиски глумец кој стекнал меѓународна слава глумејќи го тајниот агент Џејмс Бонд во 5 продолженија, почнувајќи од Казино Ројал (2006) до Нема време за умирање (2021).[1][2]

Даниел Крег
Даниел Крег во 2021
Роден(а)Даниел Вротон Крег
2 март 1968(1968-03-02)(56 г.)
Честер, Чешир, Англија
Алма матерШкола за музика и драма во Гилдхол
ЗанимањеГлумец
Сопружник
  • Фиона Лаудон (в. 1992; раз. 1994)
  • Рејчел Вајс (в. 2011)
Деца2
Потпис

Биографија

Даниел Раутон Крег е роден во Честер, Чешир на 2 март 1968 година. Во 1972 година, по разводот на неговите родители, Даниел и неговата постара сестра Леа останале со нивната мајка, и се преселиле прво во Ливерпул, а потоа во Хојлејк, каде што Макс Блонд, познат уметник, станал негов очув.

Крег почнал да глуми во училишни претстави на шестгодишна возраст. На 14-годишна возраст во 1982 година, имал улоги во Ромео и Јулија и Пепелашка во средното училиште Хилбре. Во 1984 година, бил примен во Националниот младински театар и се преселил во Лондон.

Кариера

1992–2005: Рани улоги и пробив

Крег со продуцентот Мајкл Г. Вилсон во јуни 2006 година, на снимањето на Казино Ројал

Својата актерска кариера ја започнал во 1992 година,[3] и глумел помали филмски улоги и во неколку серии. Во 1996 година, во драмската серија на БиБиСи Нашите пријатели на север Крег го глумел проблематичниот Џорџ „Џорди“ Пикок. Со улогата во оваа серија се смета дека Крег направил пробив на својата кариера во филмот.[4][5]

Вниманието на филмската јавност го привлекол со улогите во независната драма Љубов и бес;[6] биографската драма Елизабет, во која го глумел језуитскиот свештеник Џон Балард, кој бил погубен поради заговор да се убие кралицата Елизабета I од Англија[7][8] и телевизискиот филм на BBC Љубовта е ѓавол (1998), во кој Крег го глумел малолетниот крадец Џорџ Даер кој станува љубовник и муза на сликарот Френсис Бејкон.[9]

Крег во драмата Некои гласови (2000) глумел шизофреничар кој откако бил отпуштен од психијатриска болница се заљубува во една жена (ја игра Кели Мекдоналд).[10][11] Исто така во 2000 година, Крег заедно со Тони Колет глумел во мрачната комедија Хотел Сплендид и во Сонував за Африка, заснован на животот на Куки Галман (ја игра Ким Бејсингер).[12][13] Во Лара Крофт: Томб Рајдер (2001) Крег го глумел човекот во кого е заљубена Лара Крофт (во улога на Анџелина Џоли).[14] Подоцна признал дека ја прифатил улогата во слабо рецензираниот, но комерцијално успешен филм само заради пари.[15]

Во 2002 година, следел криминалниот филм „Пат до пропаста “ со Том Хенкс и Пол Њуман, во кој го глумел ирскиот мафијаш Конор Руни, син на шефот на криминалната организација.[16][17] Исто така го глумел германскиот теоретски физичар Вернер Хајзенберг во телевизиската драма на Би-Би-Си Копенхаген (2002), која прикажува како Хајзенберг бил вклучен во германскиот проект за јадрено оружје за време на Втората светска војна.[18][19] Во театарот „Ројал Корт“, во периодот од септември до ноември 2002 година, Крег глумел заедно со Мајкл Гамбон во оригиналната продукција на драмата „Број “ од Керил Черчил.[20][21] Крег бил номиниран за најдобар актер од London Evening Standard Theatre за неговата улога на човек кој е двапати клониран од неговиот татко.[22] Следната година, во биографскиот филм Силвија (2003) кој ја прикажува романсата меѓу двајцата поети; Даниел Крег го глумел поетот Тед Хјуз, а Гвинет Палтроу ја имала улогата на Силвија Плат.[23] Истата година, тој се појавил во филмот Мајка како човек кој се впушта во афера со многу постарата мајка (ја игра Ен Рид) на неговата љубовница и најдобра пријателка.[24][25]

Криминалистичкиот трилер Layer Cake, во режија на Метју Вон, го глуми Крег како неименуван снабдувач на кокаин од Лондон познат само како „XXXX“ во насловите на филмот.[26] Кевин Краст, пишувајќи за Лос Анџелес Тајмс, ја пофали „неверојатно пристојната изведба“ на Крег, додека Роџер Еберт мислеше дека тој е „фасцинантен“ во филмот.[27][28] Крег потоа глумеше како човек кого го демне странец (го игра Рис Ајфанс ) откако заедно беа сведоци на смртоносна несреќа во Enduring Love (2004).[29][30]

Крег се појавил во три театарски филмови во 2005 година; во сите имал споредна улога. Прво се појавил во трилерот Лудачка кошула со Адриен Броди и Кира Најтли во главните улоги.[31][32] Потоа во унгарскиот филм „Без судбина“ како наредник во војската на САД.[33][34] И конечно се појавил во Минхен, во режија на Стивен Спилберг, како јужноафрикански возач кој е дел од тајната израелска владина мисија за убиство на 11 Палестинци, наводно вмешани во минхенскиот масакр на Летните олимписки игри во 1972 година.[35][36] Исто така, во 2005 година, Крег глумел во телевизискиот филм на Би-Би-Си Архангел - заснован на романот на Роберт Харис - како англиски академик кој наоѓа тетратка за која се верува дека му припаѓала на Јосиф Сталин.[37][38]

2006–2021: Џејмс Бонд и светска слава

Крег на премиерата на филмот Трошка надеж во Њујорк во ноември 2008 година

Во 2005 година, Крег бил контактиран од Еон продукција за да го глуми Џејмс Бонд. На почетокот, не бил сигурен дали да ја прифати улогата. Крег е прв актер кој го глуми Џејмс Бонд, а кој е роден по почетокот на серијата за Бонд и по смртта на Ијан Флеминг, писателот на романите.

Кастингот на Крег како Бонд предизвикало контроверзии поради неговиот физички изглед. Некои обожаватели сметале дека русокосиот и 1,78 метри високиот Крег не одговара на ликот на повисокиот, темнокос Бонд глумен од претходните актери.[39] За време на снимањето имало интернет кампањи преку кои луѓето го изразувале своето незадоволство и се заканувале дека ќе го бојкотираат филмот во знак на протест.[40] Иако изборот на Крег бил контроверзен, многу актери јавно ја изразиле својата поддршка. Меѓу нив биле и четири од петте актери кои претходно го глумеле Бонд - Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан и Тимоти Далтон.[41][42]

Првиот филм, Казино Ројал, бил премиерно прикажан на 14 ноември 2006 година и заработил 594 239 066 американски долари , со што во тоа време станал филм за Бонд со најголема заработка.[43] По објавувањето на филмот, Крег добил признание од критичарите за неговата глума.[44][45] Покрај во Казино Ројал, Крег се појавил во два други филма во 2006 година: драмата Озлогласен како масовниот убиец Пери Едвард Смит и го позајмил гласот на главниот лик во англиската верзија на францускиот анимиран филм Ренесанса.[46][47][48] Во 2006 година, Крег бил поканет да се приклучи на Академијата за филмски уметности и науки.[49]

Во 2007, Крег заедно со Никол Кидман глумел во научно-фантастичниот хорор филм „Инвазија“, кој наишол на негативен прием.[50] Го глумел Лорд Азриел во Златен компас, филмска адаптација на романот од Филип Пулман.[51][52] Во 2008 година, покрај во Трошка надеж, Крег заедно со Емилија Фокс глумел во драмата „Сеќавањата на една будала“ (Flashbacks of a Fool); иако филмот бил негативно примен, изведбата на Крег била пофалена.[53][54] Во 2008 година, се појавил и во воениот филм Пркос (Defiance) во улога на Тувија Биелски, водачот на еврејските партизани во Белорусија за време на Втората светска војна.[55]

Восочна фигура на Крег како Џејмс Бонд во музејот Мадам Тисо во Лондон

Есента 2009 година во театарот Шенфелд на Бродвеј глумел заедно со Хју Џекмен во драмата „Постојан дожд “, за која добил позитивни критики.[56][57] Во август 2010 година, Крег го глумел новинарот Микаел Бломквист во Девојката со тетоважа на змеј.[58][59] Следната година, ја имал главната улога во Куќа од соништата, психолошки трилер во режија на Џим Шеридан, а во кој глумеле и Рејчел Вајс, Наоми Вотс и Мартон Чокас.[60] Имал претежно негативни критики и ниски приходи. Крег потоа заедно со Харисон Форд и Оливија Вајлд глумел во Каубојци и вонземјани, американски научно-фантастичен вестерн филм.[61][62] Истата година, Крег го позајмил својот глас во анимираниот филм на Стивен Спилберг „Авантурите на Тинтин“ (2011).[63][64]

Третиот филм за Бонд кој го глуми Крег требало премиерно да се прикаже на 19 април 2010 година но бил одложен поради финансиски проблеми; филмот со наслов Скајфол, на крајот бил објавен на 23 октомври 2012 година.[65][66][67] Истата година, го глумел Џејмс Бонд во краткиот филм <i id="mwAl8">Среќни и славни</i>, во кој ја придружувал кралицата Елизабета Втора на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри 2012 година.[68][69] Од октомври 2013 до јануари 2014 година, тој и неговата сопруга Вајс глумеле во бродвејската претстава насловена Предавство.[70][71] Четвртиот филм за Бонд на Крег, Спектра, започнал со снимање во декември 2014 година и бил објавен на 26 октомври 2015 година. Неговите први четири филмови за Бонд заработиле 3,5 милијарди долари на светско ниво (по прилагодување со инфлацијата).[72]

Пред почетокот на Invictus игрите кои во септември 2014 година се одржале во Лондон, Крег заедно со други уметници и спортисти, во промотивно видео ја прочитал песната „Invictus“.[73] Незабележано се појавувил во филмот од 2015 година Војна на ѕвездите: Моќта се буди.[74][75] Крег во Театарската работилница Оф-Бродвеј во Њујорк кон крајот на 2016 и почетокот на 2017 година глумел во современата продукција на трагедијата од Вилијам Шекспир - Отело. Крег го глумел главниот антагонист, Јаго.[76] Во 2017 година, Крег глумел во комедијата од Стивен Содерберг, Логан Лаки, во кој двајца браќа вршат грабеж за време на трката НАСКАР.[77][78] Во 1992 година Крег заедно со Хали Бери глумел во драмата „Кралеви“ кој премиерно бил прикажан во септември 2017 година.[79]

Во 2019 година, Крег глумел во црната комедија од Ријан Џонсон Нож во грб.[80] Премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2019 година и добил пофалби од критичарите.[81][82][83] Неговиот петти филм за Џејмс Бонд Нема време за умирање требало да го режира Дени Бојл и да биде објавен во ноември 2019 година, но бил одложен откако Бојл го напуштил проектот.[84]  На крајот филмот го режирал Кери Џоџи Фукунага, а кино премиерата била на 30 септември 2021 година, бидејќи неколку пати бил одложуван поради COVID-19 пандемијата.[85][86]

Во вечерните емисии на Стивен Колберт и Греам Нортон, Крег рекол дека Нема време за умирање ќе биде негов последен филм за Џејмс Бонд.[87] Два дена пред прикажувањето на филмот во САД, на Крег му била доделена ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, која се наоѓа на булеварот Холивуд 7007 (се однесува на кодот на Бонд „007“), и покрај ѕвездата на друг глумец на Бонд, актерот Роџер Мур.[88]

2022–денес

Во 2022 година, Крег на Бродвеј заедно со Рут Нега глумел во современата верзија на Макбет.

Крег исто така глумел и во Стаклен кромид, продолжение на Нож во грб.[89] Наводно потпишал и за трет филм кој повторно ќе го режира Ријан Џонсон.[90]

Филмографија

Филм

ГодинаМакедонски насловАнглиски насловУлогаNotesRef.
1992Моќта на поединецотThe Power of OneНаредник Бота
1995A Kid in King Arthur's CourtГосподар Кејн
1997ОпсесијаObsessionЏон Макхејл
1998Љубов и бесLove and RageJames Lynchehaun
ЕлизабетElizabethЏон Балард
Љубовта е ѓаволLove Is the Devil: Study for a Portrait of Francis BaconЏорџ Дајер
1999РовThe Trenchнаредник Телфорд Винтер
2000Some VoicesRay
Хотел СплендидHotel SplendideРоналд Бланш
I Dreamed of AfricaДеклан Филдинг
2001Lara Croft: Tomb RaiderАлекс Вест
2002Ten Minutes Older: The CelloСесил Томас
Road to PerditionКонор Руни
Occasional, StrongЏимКраток филм
2003СилвијаSylviaТед Хјуз
МајкаThe MotherДарен
2004Layer CakeXXXX
Enduring LoveЏо
2005Лудачка кошулаThe JacketРуди Макензи
FatelessАмерикански војник
МинхенMunichСтив
2006РенесансаRenaissanceБартелеми КарасГлас
ОзогласенInfamousПери Смит
Казино РојалCasino RoyaleЏејмс Бонд
2007ИнвазијаThe InvasionБен Дрискол
Златен КомпасThe Golden CompassЛорд Азриел
2008Flashbacks of a FoolЏо СкотИсто и извршен продуцент
Трошка надежQuantum of SolaceЏејмс Бонд
DefianceТувија Белски
How to Lose Friends &amp; Alienate PeopleДаниел КрегCameo
2011One LifeРаскажувачДокументарен
Cowboys &amp; AliensЏејк Лонерган
Куќа од соништатаDream HouseВил Атентон / Питер Вард
Авантурите на ТинтинThe Adventures of TintinСахарин/Ред Ракамглас и движење
The Girl with the Dragon TattooМикаел Бломквист
The Organ Grinder's MonkeyБаблсКраток филм
2012Happy &amp; GloriousЏејмс БондКраток филм
SkyfallЏејмс Бонд
2015SpectreЏејмс Бондисто и копродуцент
Војна на ѕвездите: Моќта се будиStar Wars: The Force AwakensСтормтрупер ФН-1824Непотпишан камео[91]
2017Logan LuckyЏо Бенг
KingsОби Хардисон
2019Knives OutДетектив Беноа Блан
2021Нема време за умирањеNo Time to DieJames BondИсто и копродуцент
2022Glass Onion: A Knives Out MysteryDetective Benoit Blanc

Телевизија

годинаНасловУлогаБелешки
1992 годинаАнглосаксонски ставовиГилберт Стоксеј3 епизоди
БлагодатЏим Пархам1 епизода
Ковингтон крстЧувар на патеката1 епизода
1993 годинаЗороПоручник Идалго2 епизоди
Спушти го мртвото магареПоправиЕпизода: „Џорџ и неговата ќерка“
Хрониките на младиот Индијана ЏонсШилерЕпизода: „Палестина, октомври 1917 година“
Помеѓу линиитеЏо РенсЕпизода: „Нов поредок“
Отчукување на срцетоПитер БегЕпизода: „Луден прием“
Екран двапоручник ГутЕпизода: „Џингис Кон“
Орелот на Шарппоручник БериТелевизиски филм
1996 годинаНашите пријатели на северГеорди Паун8 епизоди
Приказни од криптатаБериЕпизода: „Smoke Wrings“
Сен-ЕксГијометТелевизиски филм
Бакни и кажиМет КерниТелевизиски филм
Среќата и несреќите на Мол ФландријаЏејмс „Џеми“ СигрејвТелевизиски филм
1997 годинаГладотЏери ПричардЕпизода: „Ménage à Trois“
Ледената куќаДС Енди МеклафлинТелевизиски филм
1999 годинаШокери: ПосетителотРичардТелевизиски филм
2001 годинаМеч на честаГај КраучбекТелевизиски филм
2002 годинаКопенхагенВернер ХајзенбергТелевизиски филм
2005 годинаАрхангелПроф. Флук КелсоТелевизиски филм
2012 година; 2020–2021 годинаСабота вечер во живоСамиот (домаќин) / разни / камео3 епизоди
2017 годинаДругар детективотец Антон СтрезаГлас; 2 епизоди

Театар

годинаНасловУлогаТеатар
1993 годинаАнгели во АмерикаЏо ПитКралскиот национален театар



</br> Лондон
1994 годинаРоверотТапиЖенска игротека доверба



</br> Лондон
Les Grandes HorizontalesНационално театарско студио



</br> Лондон
1997 годинаХарлиберлиМикиСтариот Вик



</br> Лондон
2002 годинаБројБернард 1



</br> Бернард 2



</br> Мајкл Блек
Кралскиот двор



</br> Лондон
2009 годинаПостојан дождЏоиТеатар Џералд Шенфелд



</br> Њујорк
2013 годинаПредавствоРобертТеатар Етел Баримор



</br> Њујорк
2016 годинаОтелоЈагоЊујоршка театарска работилница



</br> Њујорк
2022 годинаМагбетМагбетТеатар Лонгакре



</br> Њујорк
[92]



</br> [93]

Видео игри

годинаНасловГласовна улога
2008 година007: Трошка надежЏејмс Бонд
2010 годинаЗлатно око 007Џејмс Бонд
Џејмс Бонд 007: Крвниот каменЏејмс Бонд
2015 годинаЏејмс Бонд: Светот на шпионажатаЏејмс Бонд

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица