Европа (месечина)

Европа или Јупитер II — најмала од четирите Галилееви месечини на Јупитер и шеста најблиска до планетата од познатите 79 Јупитерови месечини. Таа е шеста по големина месечина во Сончевиот Систем. Била откриена во 1610 година од страна на Галилео Галилеј [1] и била крстена според Европа, мајката на Минос од Крит и љубовница на Зевс. Европа е со блескаво портокалова боја, малку помала од МесечинаЗемјината Месечина и првенствено се состои од силикатни стени, има водено-ледена кора[10] и веројатно железно-никелово јадро. Има многу тенка атмосфера која главно се состои од кислород. Нејзината површина има многу чуден изглед, единствен во Сончевиот Систем и се вбројува меѓу најсјајните тела, што е последица на рефлектираните Сончеви зраци од релативно младата ледена површина. Нејзината површина е избраздена со пукнатини и пруги, а има релативно мал број кратери. Освен со помош на телескопски опсерватории на Земјата, Европа била изучувана со помош на семирски летала кои поминувале покрај неа, првата поминала во раните 1970-ти.

Европа
Европа во природна боја. Снимено на 7 септември 1996 година од вселенскиот брод Галилео.
Откривање
ОткривачГалилео Галилеј
Симон Мариус
Откриено8 јануари 1610[1]
Ознаки
Наречена по
Европа (митологија)
Јупитер II
Орбитални особености[3]
Епоха 8 јануари 2004
Периапсида664.862 км[забелешка 1]
Апоапсида676.938 км[забелешка 2]
Главна орбита полупречник
670.900 км[2]
Занесеност0.009[2]
3,551181 д[2]
13,740 км/с[2]
Наклон0.470° (спрема Јупитеровиот екватор)
1.791° (спрема еклиптика)[2]
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
1.560,8 ± ,5 км (0.245 Earths)[4]
3,09⋅107 км2 (0.061 Земјина)[забелешка 3]
Зафатнина1,593⋅1010 км3 (0.015 Земјина)[забелешка 4]
Маса(4,799844 ± ,000013)⋅1022 кг (0.008 Земјина)[4]
Средна густина
3,013 ± ,005 г/см3[4]
1,314 м/с2 (0.134 g)[забелешка 5]
Фактор на моментот на инерција
0,346 ± 0,005[5] (estimate)
2,025 км/с[забелешка 6]
Синхроно[6]
0.1°[7]
Албедо0.67 ± 0.03[4]
Површинска темп.најмсреднајг
Површина≈ 50 K[8]102 K (−171.15 °C)125 K
5.29 (противположба)[4]
Атмосфера
Површински притисок
0.1 µPa (10−12 бар)[9]

Европа исто така се вбројува меѓу најмазните,[11] бидејќи за разлика од Ганимед и Калиста, има малку кратери. Покриена е со лавиринти од линии и ленти кои потсетуваат на Марсовите канали. Должината на некои линии достигнува и илјадници километри, а ширината 20 до 40 км. Месечината има ледена кора со дебелина 75-100 км, а линиите и лентите, сугерираат постоење на различни тензии под кората. Тоа може да се сфати ако се има предвид близината на Јупитер и плимските сили заради што внатрешноста на Европа е врела. Иако средната температура на површината е околу – 150 °C, во подлабоките слоеви на ледената кора би можела да биде значително поповолна заради топлата внатрешност. Ледената кора постојано ја порамнува површината на месечината заради што Европа е најмазното тело на кое „планините” се издигнуваат само 40 m над површината. Личи на многу изгребена портокалова кристална кугла. Многобројни примери на присуство на ударни кратери, укажуваат на, во астрономски размери, готово моментално зацелување на раните. Досега биле најдени само три кратери со пречник поголем од 5 км.

Полупречникот на Европа е 1.565 км, значи нешто помал од оној на Месечината. Европа има метално јадро кое веројатно се состои од железо и никел. На јадрото налегнува стеновит слој, а пак на овој налегнува слој ледена или течна вода. Површинскиот слој доста се разликува од останатите. Фотографии од семирската сонда „Галилео“ навестиле постоење на воден океан под слојот мраз чија дебелизна изнесува 10–30 km.[12] Длабочината на потповршинскиот океан е околу 100 km, а зафатнината на вода во океанот изнесува околу3 × 1018 м3 што е количина повеќе од двапати поголема од водата во сите водени површини на Земјата.

Привидната младост и мазната површина довеле до хипотеза дека постои воден окена под неа, за кој може да се претпостави дека вдомува вонземјен живот.[13] Моделот кој преовладува сугерира дека топлината од загревањето заради плимата и осеката предизвикува океанот да остане течен и доведува до придвижување на мразот кој наликува на движење на тектонски плочи, при што хемикалиите од површината се апсорбираат во океанот..[14][15] Можно е морската сол од потповршинскиот океан да е премин на некои геолошки својства на Европа, што сугерира дека океанот формира интеракции со морското дно. Тоа може да биде важно при утврдување на можностза за населување на Европа.[16] Освен тоа, со телескопот Хабл откриени се облаци водена пареа слични на оние забележени на Сатурновата месечина Енкелад, за кои се смета дека се предизвикани од ерупции на крогејзери.[17] Во мај 2018 година, астрономите дале евиденција за активности на струи водена пареа на Европа, заснована на ажурирана критичка анализа на податоци добиени од Галилео семирско летало, кое кружело околу Јупитер од 1995 до 2003 година. Таквата активност на облаците би можела да им помогне на истражувачите во потрага по живот во потповршинскиот океан на Европа без слетување на таа месечина.[18][19][20][21]

Мисијата Галилео, лансирана во 1989, го дала најголемиот дел од сегашните податоци за Европа. Ниедно семирско летало сè уште не слетало на Европа, иако биле предложени неколку такви истражувачки мисии. „Истражувач на Јупитеровите ледени месечини“(англиски: Jupiter Icy Moon Explorer - JUICE) на Европската семирска агенција е мисија на Ганимед која би требало да биде лансирана во 2022 година, и која ќе опфати две облетувања на Европа.[22] -{NASA}- је планирала мисију Клипер Европе која би требало да буде лансирана током средине 2020-их.[23] Во септември 2016 година било објавено дека користејќи го телескопот Хабл научниците забележале потенцијални гејзири кои исфрлаат вода на висина од скоро 200 км од површинат ана Европа. Овие наоди ќе им помогнат на инженерите при дизајнирање на идните семирски летала за подетално истражување на Европа.[24]

Откривање и именување

Европа, заједно со три други Јупитеров месечини, Ија, Ганимед, и Калиста, ги открил Галилео Галилеј на 8 јануари 1610 година,[1] и веројатно независно ја открил и Симон Мариус. Првите објавени опсервации на Ија и Европа ги направил Галилео Галилеј на 7 јануари 1610 година користејќи рефрактирачки телескоп со 20х-магнификација на Универзитетот во Падова. Меѓутоа, во таа опсервација, Галилео не може да ги раздвои Ија и Европа заради малата магнификација на неговиот телескоп, така што двата објекта биле запишани како една светла точка. Следниот ден, 8 јануари 1610 година (кој се користи како датум на откривање на Европ од страна на Меѓународниот астрономски сојуз, Ија и Европа прв пат биле видени како засебни тела во текот на Галилеовите опсервации на Јупитеровиот систем.[1]

Европа била именувана по Европа, ќерка на кралот Тир, феникиски благородник во старогрчката митологија. Како и сите Галилееви месечини, Европа била именувана по Зевсовите љубовници, грчки пандан на Јупитер. На Европа ѝ се додворувал Зевс и станал кралица на Крит.[25] Шемата на именувања ја предложил Симон Мариус, који независно ги открил овие четири месечини.[26] Мариус предлогот му го припишал на Јохан Кеплер.[26][27]

Овие имиња долго време биле занемарини и дури во средината на дваесеттиот век влегле во општа употреба.[28] Во поголемиот дел од поранешната астрономска литература, Европа едноставно се нарекува по нејзиното римско бројчено означување како Јупитер II (систем кој го вовел Галилео) или како „втора месечина на Јупитер”. Во 1892 година, откривањето на Амалтеја, чија орбита лежи поблиску до Јупитер отколку Галилеовите месечини, ја потиснала Европа на трета позициј. Сондата Војаџер открила уште три Јупитерови месечини во 1979 година, така што Европа сега се смета за шеста Јупитерова месечина иако сè уште понекогаш се нарекува Јупитер II.[28]

Наводи

Белешки

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица