Едвард Сноуден

Едвард Сноуден (роден на 21 јуни 1983 година)[1] е поранешен работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД.[1] Сноуден предизвика голема контраверзија кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број тајни проекти за надгледување како на пример „ПРИСМ“ и „Баундлес информант“ и документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади на компјутери ширум светот. Сноуден документите им ги предал на Гардијан и Вашингтон пост во јуни 2013 година. Во октомври 2013 година Сноуден објави документи кои упатуваат дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел во период поголем од 10 години, што предизвикува голем меѓународен скандал.[2]

Сноуден во 2013

Животопис

Едвард Џозеф Сноуден е роден во 1983 година во Елизабет Сити (Северна Каролина), а пораснал во Вилмингтон.[3] Неговиот татко, Лони Сноуден, кој живее во Пенсилванија, бил полицаец на крајбрежната стража на САД[4], а неговата мајка која живее во Балтимор (Мериленд), е службеничка при федералниот суд во Мериленд.[5]Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избегал најпрво во Хонгконг, а подоцна во Москва, 23 јуни 2013 година го дочекал дипломатскиот автомобил кој веројатно припаѓал на Еквадор. Сноуден добил помош од организацијата Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж.[6] Откако одбил азил од поголем број држави,[7] 6 јули 2013 година Венецуела му понудила азил на Сноуден. Меѓутоа 1 август 2013 година добил азил од Русија.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица