Констанца

Констанца (романски: Constanța) — град во југоисточниот дел на Романија, во регионот на Добруџа, на брегот на Црно Море. Констанца историски е познат како Томис (грчки: Κωνστάντζα), Ќустенџа (бугарски: Кюстенджа) и Костенџе (турски: Кюстенджа). радот е најстаро населено место во Романија, основан во околу 600 година п.н.е. Констанца е главен град на областа Констанца и најголемиот град во регионот.

Констанца
Знаме на КонстанцаГрб на Констанца
Констанца is located in Романија
Констанца
Констанца
Местоположба на градот на картата на Романија
Координати: 44°10′N 28°38′E / 44.167° СГШ; 28.633° ИГД / 44.167; 28.633
Земја Романија
Основање7 век п.н.е.
Површина
 • Градска124,89 км2 (4,822 ми2)
 • Метро1.013,5 км2 (3,913 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011 [1])
 • Градско283,872
 • Густина2.273/км2 (5,890/ми2)
 • Метро425,916
 • Етнички групиРоманци, Кримски Татари, Турци, Роми, Lipovans, Македонци, Грци, Ерменци
Поштенски код900xxx
Повик. бр.(+40) 41
Рег. таб.CT
Јазициромански
Мреж. местоprimaria-constanta.ro

Според пописот од 2011 година, Констанца има население од 283.872, што го прави петти најнаселен град во Романија. Неговата површина е 39,26 км2 со должина од околу 30 километри. Во градот се наоѓа најголемото пристаниште на Црно Море и едно од најголемите во Европа[2].

Историја

Антички период

Според историчарот од 6 век Јорданес (после Касиодор), основањето на градот се препишува на масегетиската кралица Томирис[3].

Констанца се смета за најстариот постојано населен град во Романија. Тој бил основан во почетокот на 7 век п.н.е. во времето на големата грчка колонизација од доселеници од малоазиатскиот град Милет и првично бил познат како Томис. Населбата стекнала статус на град во 4 век п.н.е. Пристаништето било користено од Грците за трговија со месното население - Гети, Скити и Келти. Таквата трговска размена довела до голем развој на градот во текот на 3 век п.н.е. Градот бил во составот на Одринското Царство, но во 29 година п.н.е. бил освоен од Римјаните. Голем број на натписи кои биле пронајдени во градот и неговата околина, покажале дека денешниот град лежи врз некогашниот антички град Томис. Дел од овие натписи денеска се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон.

Во егзил своите последни осум години од животот во градот ги поминал познатиот римски поет Овидиj, опишувајќи го градот како разрушен од војните и културно заостаната населба на крајот од царството.[4]. Градот станал важен христијански центар уште во првите години на христијанството. Ширењето на верата во регионот му се припишува на Апостол Андреј.

Средновековен период

Градот првично бил дел од римската провинција Мизија, но по реформите на Диоклецијан станал центар на провинцијата Мала Скитија. Малку подоцна, градот го добил името Констанца, дадено од царот Константин I Велики во чест на неговата полусестра Флавија Максима Константија. Најстариот пронајден запис за ова име „Κωνστάντια“ датира од 950 година. Градот кој се наоѓа на брегот од Црно Море, во близина поминува Големиот ѕид на Трајан, и најверојатно и самиот тој бил опкружен со градски ѕидини.

На крајот од 6 век градот бил под опсада од Аварите, а потоа станал дел од Првото и Второто Бугарско Царство. Во 14 век Констанца бил во границите на Добруџанското Деспотство, а околу 1419 година бил вклучен во територијата на Отоманското Царство.

Модерен период

Во 1860 година била изградена железничка линија порзувајќи го градот со Чернавода на Дунав. Во времето на основање на Бугарската егзархија во 1870 година, градот бил вклучен под нејзино раководство. По Руско-турската војна од 1877-1878 година, Констанца заедно со цела Северна Добруџа станала дел од Романија. Градот станал главно пристаниште на земјата и главен транзитен пункт за романскиот извоз. Во 1889 година била изградена бугарска црква и бугарско училиште. По изградбата на мостот кај Чернавода во 1895 година градот се поврзал со романската железничка мрежа, и во исто време се изградила редовна линија до Истанбул.

Во следните години романските влади презеле сериозни мерки за колонизација на регионот, населувајќи го со Романци од сите краеви на земјата, Според географскиот речник на Ж. Чанков, во 1879 година во градот живееле околу 5.000 жители, и во самиот град не живеел ниту еден Романец. Кон 1918 година населението на градот било над 25.000 лица, од кои една третина Романци, а останатите се Бугари, Турци, Евреи, Грци и други.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, три лица од Констанца биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети. Во Првата светска војна, на 22 октомври 1916 година, градот бил окупиран од бугарски, германски и отомански војници. Согласно нератификуваниот од Романија Букурешки договор од 1918 година, градот останал во делот од Добруџа, поставена под заедничка контрола на Централните сили, но по капитулацијата на Бугарија во септември 1918 година Романија ја вратила контролата над областа.

Во периодот меѓу војните Констанца продолжил да расте како трговски центар и во 30-те години над половина од романскиот извоз поминувал низ неговото пристаниште. Спопред Крајовската спогодба од 1940 година, Романија ја отстапила Јужна Добруџа на Бугарија. договорот предвидувал и размена на население. За време на Втората светска војна Констанца и нејзиното пристаниште биле бомбардирани од воздухопловството на Обединетите Нации.

Клима

Констанца е еден од најтоплите градови во Романија. Констанца има гранична влажна суптропска и влажна континентална клима, со океански и полупустински влијанија. Постојат четири различни сезони во текот на годината.

Летниот период (крајот на мај до средината на септември) е тополо, суво и сончево во периодот од јули и август и просечната температува е 23 °C. Почетокот на летото носи многу врнежи, но од почетокот на јули времето станува многу топло.

Есен започнува во средината или крајот на септември, со топли и сончеви денови. Септември може да биде потопол од јуни, кое се должи на топлината акумулирана од страна на Црното Море. Првиот мраз се случува во просек во средината на ноември. Зимите се благи во споредба со другите градови во јужна Романија. Зимата во градот пристигнува многу подоцна отколку во внатрешноста на земјата и во декември времето често достигнува високи температури до 8 °C. Просечната температура во јануари е 1 °C.

Климатски податоци за Констанца
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)18.3
(64.9)
24.5
(76.1)
30.8
(87.4)
31.9
(89.4)
36.9
(98.4)
36.9
(98.4)
38.5
(101.3)
36.8
(98.2)
34.8
(94.6)
31.0
(87.8)
26.5
(79.7)
21.0
(69.8)
38.5
(101.3)
Прос. висока °C (°F)3.7
(38.7)
4.9
(40.8)
8.1
(46.6)
13.8
(56.8)
19.3
(66.7)
23.8
(74.8)
25.9
(78.6)
25.8
(78.4)
22.4
(72.3)
17.0
(62.6)
11.6
(52.9)
6.4
(43.5)
15.2
(59.4)
Сред. дневна °C (°F)0.5
(32.9)
1.6
(34.9)
4.6
(40.3)
9.9
(49.8)
15.5
(59.9)
20.0
(68)
22.0
(71.6)
21.8
(71.2)
18.3
(64.9)
13.1
(55.6)
8.0
(46.4)
3.2
(37.8)
11.5
(52.7)
Прос. ниска °C (°F)−2.3
(27.9)
−1.0
(30.2)
2.1
(35.8)
6.9
(44.4)
12.1
(53.8)
16.2
(61.2)
18.0
(64.4)
17.9
(64.2)
14.6
(58.3)
9.8
(49.6)
5.0
(41)
0.5
(32.9)
8.3
(46.9)
Најниска забележана °C (°F)−24.7
(−12.5)
−25.0
(−13)
−12.8
(9)
−4.5
(23.9)
1.8
(35.2)
6.4
(43.5)
7.6
(45.7)
8.0
(46.4)
1.0
(33.8)
−12.4
(9.7)
−11.7
(10.9)
−18.6
(−1.5)
−25.0
(−13)
Прос. врнежи мм (ин)30
(1.18)
29
(1.14)
26
(1.02)
30
(1.18)
38
(1.5)
40
(1.57)
30
(1.18)
33
(1.3)
29
(1.14)
31
(1.22)
42
(1.65)
38
(1.5)
396
(15.59)
Прос. снег см (ин)7.0
(2.76)
7.0
(2.76)
4.2
(1.65)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
5.5
(2.17)
3.4
(1.34)
27.1
(10.68)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm)55556653346659
Сред. бр. сончеви часови месечно83.485.7133.9179.7264.1282.2319.9311.7241.1182.3101.180.72.265,8
Извор бр. 1: NOAA[5]
Извор бр. 2: Romanian National Statistic Institute (extremes 1901-2000)[6]

Население

Historical population of Constanța
ГодинаНаселение
18535,204
18795,430[7]4.3%
190012,725[8]134.3%
191227,201[9]113.7%
193059,164117.5%
194878,58632.8%
195699,67626.8%
1966150,27650.7%
1977256,97871%
1992350,58136.4%
2002310,471−11.4%
2011283,872−8.6%

Според романскиот попис во 2002 година, во градот живееле 310.471 луѓе, што го прави петти најнаселен град во Романија. Според пописот од 2011 година, во градот живееле 283.872 жители.

Етничка група1853[10]1896[11]1912[12]2002[13]2011[14]
Вкупно5,20410,41927,201310,471283,872
Романци279 (5.4%)2,519 (24.1%)15,663 (57.6%)286,332 (92.2%)235,925 (83.11%)
Татари1,853 (35.6%)2,202 (21.1%)277 (1%)8,724 (2.8%)7,367 (2.6%)
Турци104 (2.0%)2,451 (9%)9,018 (2.9%)6,525 (2.3%)
Грци1,542 (29.6%)2,460 (23.6%)3,170 (11.6%)546 (0.17%)231 (0.08%)
Бугари342 (6.5%)1,060 (10.1%)940 (3.4%)48 (0.01%)18 (0.01%)
Евреи344 (6.6%)855 (8.2%)1,266 (4.6%)44 (0.01%)31 (0.01%)
Роми127 (2.5%)n/an/a2,962 (0.97%)2,225 (0.78%)

Стопанство

Железничка станица
КАтедралата Св. Петар и Павле
Римските мозаици

Заочнувајќи од 1878 година, Констанца бил опишан и дефиниран како „сиромашно рибарско турско село“. Започнувајќи од 1920 година, градот бил опишан како „процутен град“, познат по извозот на нафта и житни култури[15].

Констанца е еден од главните индустриски, комерцијални и туристички центри во Романија[16]. Во текот на првата половина на 2008 година, околу 3.144 нови компании биле основани во градот и околината[17]. Пристаништето во земјата е најголемо и четврто во Европа[18]. Градот, исто така може да се пофали на релативно големо бродоградилиште[19].

Туризмот е важна економска активност во последниве години. Поради неговата близина до други големи туристички одредишта, градот добива голем број на посетители секоја година.

Сообраќај

Во 1895 година била отворена железничка линија кон Букурешт. Ова придонело до значителен транзит на трговија со жито и нафта.

Автопатот А2 обезбедува брз превоз помеѓу Констанца и Букурешт, додека покрај градот поминува и автопатот А4. Во градот се наоѓа меѓународниот аеродром Михаил Когалничеану.

Автобускиот превоз во градот се состои од 23 линии. Во почетокот на 2000-тите, градот купил 130 нови автобуси кои се обоени во различни светли бои, како розова, жолта и зелена боја. Исто така постои и двокатни автобуси Volvo кои работат во текот на летото и кои обезбедуваат пристап до и од одморалиштето Мамаја. Заочнувајќи од октомври 2013 година, цената на повратен билет е 3 леи. Трамвајот бил активен во превозот до почетокот на 2000-тите, заедно со две тролејбуски линии. Денеска постојат голем број на приватните минибуси.

Знаменитости

Плоштад Овидиј. Плоштадот бил дизајниран од страна на вајарот Еторе Ферари во 1887 година, и плоштадот е посветен на римскиот поет Овидиј, кој живеел во градот.

Римски мозаици. Мозаиците се наоѓаат во горнниот град до пристаништето. Денес, само околу една третина од оригиналната градба е останата, на плоштина од 850 м2. Мозаиците биле изградени кон крајот на 4 век. Археолошки траги укажуваат на постоење на работилници, магацини и продавници во областа.

Светилник. Светилникот е висок 7,9 метри и бил изграден во 1860 година.

Националната опера и балет Олег Дановски

Црква Свети Петар и Павле. Црквата била изградена во грчко-римски стил меѓу 1883 и 1885 година, но била сериозно оштетена за време на Втората светска војна, и обновена во 1951 година.

Џамија Махмудије. Џамијата била изградена во 1910 година. Денеска џамијата претставува седиште на муфтијата, духовниот водач на 55.000 муслимани кои живеат по должината на брегот на регионот Добруџа.

Политика

   ПартијаМеста во 2004Места во 2008Места во 2012Моментален состав
 СДП15191513             
 НЛП63410             
 ПНДN/AN/AN/A3             
 независенN/AN/AN/A1             
 ДЛП353N/A             
 НУНР0030             
 НПР003N/A             
 ДНСП0010             
 ГР3000             

Спорт

Констанца е дом на неколку фудбалски клубови. ФК Виторул се натпреварува во првата романска лига. Постојат два рагби тимови: Фарул и Конструктул Клеопатра. Еден од најдобрите ракометни романски клувови од градот е РК Констанца.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица