Лена Мајер-Ландрут

Лена Мајер Ландрут (германски: Lena Meyer-Landrut), позната како Лена (родена на 23 мај 1991[1] во Хановер) — германска пејачка, која ја претставуваше Германија на Евровизија 2010, која се одржа во Осло и победи со песната „Satellite“.[2]

Лена Мајер-Ландрут
Основни податоци
Родено имеЛена Мајер-Ландрут
Познат(а) и какоЛена
Роден(а)23 мај 1991
Германија Хановер, Германија
Жанр(ови)поп, инди-поп
Занимање/њапејачка
Години на активност2010 - денес
Мрежно местоwww.lena-meyer-landrut.com

Лена настапи со три песни на германскиот избор на песна за Евровизија 2010 Unser Star für Oslo (Нашата ѕвезда за Осло), со што стана првата пејачка која дебитирала со три песни меѓу првите пет на ранг листите во Германија. Песната „Satelite“ се најде на првото емсто и беше наградена со златна плоча.[3][4] Во мај 2010, Лена го издаде својот прв албум, насловен My Cassette Player, кој дебитираше на првото место на листата за албуми во Германија.[5]

Животопис

По таткова линија, Лена Мајер-Ландрут е внука на германскиот дипломат Андреас Мајер-Ландрут.[6][7] Пораснала како единец, живеејќи со својата мајка во родниот Хановер.[8] Татко ѝ го напуштил семејството, кога таа имала само две години.[9] Веќе на петгодишна возраст, започнала да посетува курсеви по танцување. Најпрвин посетувала часови по балет и џез танци, но подоцна и модерни танци како хип-хоп.[10] Освен тоа, таа имала љубов и кон пеењето. Во 2007, заедно со еден школски другар, Лена го формирала музичкото дуо „Stenorette 2080“, коешто станало познато со снимањето на текстовите на нивните песни со диктофон.[11] Посветеноста на музиката ја продолжила со пеење на песни од други изведувачи, како оние на Clueso, Адел, Кејт Неш, Ванеса Карлтон и германската поп рок група Wir sind Helden.[10]

За приватниот живот на Лена малку е познато. Таа одговара ретко на прашањата од оваа тема на своите интервјуа.

Во 2009 година, Лена имала епизодна улога во телевизиските емисии: K11 – Kommissare im Einsatz, Helfen Sie mir! и Richter Alexander Hold.[12]

Кариера

Unser Star für Oslo

И покрај тоа што немала никакво пејачко искуство претходно,[13] Лена одлучила да учествува на емисијата за таленти Unser Star für Oslo (Нашата ѕвезда за Осло), којашто беше нов вид на емисија за избор на претставникот на Германија на Евровизија. Емисијата беше организирана од страна на националниот предавател ARD и приватниот телевизиски канал ProSieben, како и од музичкиот продуцент и водител Штефан Раб. Во конкуренција на 4.500 пријавени, таа беше избрана меѓу 20 завршни учесници во емисијата. Кога била запрашана за тоа што ја мотивирало да учествува, таа одговорила:

„Сакам да се испробам. Сакав да видам како се чувствувам и да слушнам што луѓето со познавање имаат да кажат за тоа. Лично, не можам целосно да си пресудам.“[7]

По нејзиното прво излегување на сцената, изведувајќи ја песната „My Same“ од британската пејачка Адел, Лена добила многу пофалби од жирито во емисијата и веднаш била проглаен за фаворит.[13] Следната седмица, песната „My Same“ се нашла на ранг листитата во Германија на 61. место.[14] Лена обезбедила учество во завршниот натпревар на Unser Star für Oslo, главно поради изведбата на помалку познати песни на меѓународно познати изведувачи како The Bird and the Bee, Кејт Неш, Паоло Нутини и Лиза Мичел. Од вкупно осумте препеани песни, дури пет се нашле на ранг листите во Германија, притоа заземајќи го и првото место.[15][16][17][18] Во завршницата на изборот, одржана на 12 мај 2010, Лена пеела три песни, кои биле специјално напишани за изборот: „Bee“, „Satellite“ и „Love Me“. Преку гласање на публиката, песната „Satellite“, чијшто текст го напишале Џули Фрост и Џон Гордон, била избрана за нејзин претставник, во случај да победи. Во вотриот круг од гласањето, Лена победила на изборот за претставник на Германија на Евровизија 2010, победувајќи ја Џенифер Браун.[19] Видео спотот за песната „Satellite“ бил објавен ноќта кога се одржала и завршницата на изборот, а на германската национална телевизија официјално бил претставен четири дена подоцна.[20]

За време на емисијата, на Лена се гледало како јасен фаворит за победа, што се одразило и на коефициентите на обложувањето на Интернет.[21] Еден ден по победата во емисијата Unser Star für Oslo, сите нејзини три песни, кои ги отпеала во завршницата на изборот се нашле на врвот на iTunes Store,[22] со што станала првата пејачка која го постигнала тоа.[23] Во првата седмица по изборот, песната „Satellite“ била подигната повеќе од 100.000 пати, со што станала најбрзо продаваниот германски дигитален производ некогаш.[24] Трите песни се нашле меѓу првите 5 песни на германската ранг листа, заземајќи ги првото, третотот и четвртото место, нешто што никој претходно го нема направено, откако ранг листата била составена во 1959 година.[25] Песната „Satellite“ ги исполни критериумите за да биде наградена со златна плоча по првата седмица и платинеста по четвртата седмица од нејзиното објавување.[24][26] Песната останала на првото место на ранг листите во Германија пет последователни седмици.[27] Во Австрија и во Швајцарија, песната се искачи до местото бр. 2 на ранг листите во обете земји.[28][29]

За време на настапот на Unser Star für Oslo, Лена продолжила да оди на училиште. Завршната емисија се одржала еден месец пред нејзините последни испити.[30] Пред испитите, таа го објавила нејзиниот прв албум, насловен My Cassette Player, на 7 мај 2010 година.[31] Во продукција на Штефан Раб, албумот ги вклучува песните: „Satellite“, „Love Me“ и „Bee“, како и две препеани песни и осум небјавени. Таа е заслужна како соавтор на текстовите на пет песни.[32] АЛбумот дебнитираше на првото место на ранг листата за албуми во Германија,[5] на третото место на ранг листите за албуми во Австрија и Швајцарија и на петтото место на ранг списокот на европски 100 албуми, објавена од магазинот Billboard.[28][29][33]

Како последица на нејзиниот успех во Германија, Лена изјави дека ужива во пеењето како глумица,[7] но објасни дека „не е опседната со создавањето музика цел живот“.[34] Таа изјави дека сериозно планира да започне да посетува часови по музика по завршувањето на училиштето, но дека е несигурна во поглед на времето.[34] Таа, истот така изјави дека на неа влијаат пејачките Адел, Кејт Неш и Ванеса Карлтон, но и германскиот пејач Clueso и германската поп рок група Wir sind Helden.[35] Нејзиниот изведувачки стил беше опишан како оној на Лили Ален.[36]

Настапи на Unser Star für Oslo

ЕмисијаПеснаОригинален изведувач
1. емисијаMy SameАдел
3. емисијаDiamond DaveThe Bird and the Bee
4. емисијаFoundationsКејт Неш
5. емисијаNew ShoesПаоло Нутини
6. емисија (четвртфинале)MouthwashКејт Неш
Neopolitan DreamsЛиза Мичел
7. емисија (полуфинале)Mr. CuriosityЏејсон Мраз
The LovecatsThe Cure
8. Ausscheidungsshow (Finale)Beeдотогаш необјавена
Satellite
Love Me

Текстот за песната Love Me го напишала самата лена, а музиката ја компонирал Штефан Раб[37] Покрај оваа песна, и песните Bee и Satellite биле избрани во конкуренција на 300 други композиции, а песни со истите наслови исполнила и конкурентката на Лена, Џенифер Браун.

Победата на Евровизија 2010

Како претставник на една од четирите покровители на Евровизија, Лена имаше обезбедено директно учество во финалната вечер на фестивалот. Германија обезбеди вајлд-карта за време на ждрепката за настап на учесниците во финалето и од 25. изведувачи, германската делегација го одбра да настапи под реден број 22. Лена настапи во скромен црн фустан со четири, исто така облечени во црно, следечки вокали. По завршувањето на гласањето, таа победи со 246 бода, со дури 76 повеќе од гвторопкласираната Турција и 84 повеќе од третопласираната Романија.[38]

Во следната табела е направен список на земји по бројот на бодови кои ѝ ги доделија на Лена со песната „Satellite“

ЗемјаБодовиПриказ на картата на Европа
Данска, Естонија, Финска, Летонија, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Словачка, Шпанија12 бода
Албанија, Белгија, Литванија, Словенија, Турција10 бода
Босна и Херцеговина, Ирска, Македонија, Србија8 бода
Полска7 бода
Хрватска, Русија6 бода
Украина5 бода
Малта, Холандија, Обединето Кралство, Кипар4 бода
Бугарија, Франција, Исланд, Романија3 бода
Грција2 бода
Азербејџан, Португалија1 бод
Ерменија, Грузија, Израел, Молдавија, Белорусија0 бода

На изборот на песна на Еврвоизија 2010 гласаа сите 39 земји, кои земаа учество. Притоа, една земја не можеше да гласа за својот претставник, доколку истиот учествувал и во финалната вечер. Германија победи за вторпат на Евровизија, по победата на Никол во 1982.

Награди и номинации

Номинации

  • 2010: Comet- „Најдобра новајлијка“[39]

Дискографија

Албуми

ГодинаПеснаМесто на ранг-листаЦертификација
(праг на продажба)
ГЕР
[5]
АУТ
[28]
ШВА
[29]
ЕУ
[33]
2010My Cassette Player
  • Објавување: 7 мај 2010
  • Натпис: USFO, универзална музика
  • Формати: CD, дигитално подигнување
1335
2011Good News
  • Објавување: 8. Февруари 2011
  • Натпис: USFO, универзална музика
  • Формати: CD, дигитално подигнување
18

Синглови

ГодинаПеснаМесто на ранг-листаЦертификација
(праг на продажба)
Албум
ГЕР
[3]
АУТ
[28]
ШВА
[29]
ШВЕ
[40]
ЕУ
[41]
2010Satellite12218
  • ГЕР: 3-златна плоча[4]
My Cassette Player
„Bee“32627 – –
„Love me“42839 – –

„Satellite“, „Bee“ и „Love Me“ се рангирани истовремено

Наводи

Надворешни врски

Претходник
Оскар и Алекс
со Miss Kiss Kiss Bang
Германија на Евровизија
2010, 2011
Наследник
Роман Лоб
со Standing Still
Претходник
Александар Рибак
со „Fairytale“
Победник на Евровизија
2010
Наследник
Ели и Ники
со Running Scared
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица