Летни олимписки игри 2024

Игри на XXXI Олимпијада
Игри на XXXI Олимпијада
Лого на Летните олимписки игри 2024
Град домаќинПариз, Франција
Број на држави
Број на спортисти10.500
Број на спортови32
Број на натпревари329
Отворање26 јули 2024
Затворање11 август 2024
СтадионСтад де Франс

Летни олимписки игри 2024 (француски: Jeux olympiques d'été de 2024), официјално Игри на XXXIII Олимпијада (француски: Jeux de la XXXIIIe Olympiade) — олимписки игри од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, Франција.[1]

Откако претходно бил домаќин во 1900 и 1924 година, Париз ќе стане само вториот град што трипати бил домаќин на Летните олимписки игри, заедно со Лондон (1908, 1948 и 2012 година). Олимписките игри во 2024 година исто така ја одбележуваат стогодишнината од Олимписките игри во 1924 година. Франција ќе биде вкупно шести домаќин, сметајќи ги и летните и зимските Олимписки игри.

Освен во Париз и неговите предградија, одредени спортски натпревари ќе се одржат и на други локации. Ракометни натпревари ќе се одржат во Лил, едрење ќе се одржи во Марсеј, сурфање на островот Тахити во Француска Полинезија, додека фудбалски натпревари ќе се одржуваат низ цела Франција.[2][3] На Олимпијадата во Париз, за прв пат ќе бидат одржани натпревари во брејк-денс.[2]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица