26 јули

датум
<<јули>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

26 јули — 207-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(208-и во престапна година).Остануваат 158 денови до крајот на годината.

Џон Филд
(26 јули 178223 јануари 1837) ирски композитор и пијанист. Првиот кој компонирал ноктурна
Карл Густав Јунг
(26 јули 18756 јуни 1961) швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија

Настани:

1953 Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956 Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963 Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 45 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996 Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил.
1996 Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

Родени:

1782 Џон Филдирски композитор.
1842 Алфред Маршал — англиски економист.
1856 Џорџ Бернард Шо — англиски писател.
1862 Васил Иванов К’нчов — бугарски етнограф.
1875 Карл Густав Јунгшвајцарски психијатар.
1894 Олдос Хакслианглиски писател и есеист.
1900 Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар.
1901 Нина Берберова — руска писателка.
1928 Стенли Кјубрикамерикански режисер.
1931 Теле Сантана — бразилски фудбалер и тренер.
1934 Даница Ручигај — македонска поетеса.
1943 Мик Џегер — англиски пејач, член на рок-групата „Ролинг стоунс“.
1945 Хелен Мирен — англиска глумица.
1949 Роџер Тејлор — англиски рок-музичар, член на групата „Квин“.
1954 Роза Топузова Каревска — македонски политичар.
1953 Феликс Магат — германски фудбалер и тренер.
1959 Кевин Спејси — американски глумец.
1961 Дејвид Хејмен — британски филмски продуцент.
1981 Мајкон Сисенандо — бразилски фудбалер.
1985 Брис Феји — француски велосипедист.
1985 Гаел Клиши — француски фудбалер.
1987 Ромен Лемаршан — француски велосипедист.
1990 Хесус Ерада — шпански велосипедист.

Починале:

1471 Павле II — римски папа.
1867 Отон I — грчки крал.
1902 Шарл Даданфранцуско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
1903 Алексо Поројлијата — македонски револуционер.
1917 Едгар Дегафранцуски сликар.
1925 Готлоб Фреге — германски математичар.
1926 Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџевардарско на 18 ноември 1874 година.
1952 Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
1963 Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар.
1985 Фреди Перлмананархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица